1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Што убаво вака кога те тапкаат по рамо.....
     
    На kikikikirika, Lilit, tinkerbelll и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Eве ме и мене во клубот на ѓумбираџики :wasntme:

    Пијам неколку дена од ѓумбирот на Виталија.
    Цедам половина лимон во него.

    Го пијам голтка по голтка (така ми рече една докторка :^) ) ама не се поднесува. На секоја голтка добивам нагон на :puke:

    На екс да го пијам ќе има резултати? :geek:
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Мене сите резултати ми се од екс пиење :D
     
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Moира, ти си главна - тебе ќе те слушам! :D

    Докторкава вели, ако го пиеш на екс - ќе ти изгоре желудникот.
    Гледам тука сите сте живи и здрави....нема поима жената :D
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.298
    Пол:
    Женски
    А бе ако гореше така... јас без желудник ќе бев досега. Ако не го испијам на екс, нема шанси да го голтнам. Остај тоа, ми среди секакви желудочни проблеми, да чукнам во дрво, подобро ми е. Прекинав да го пијам еден период кога беше жешко многу, не можев да го поднесам, не знам зошто. Сега пак пијам и немам проблеми.
     
    На ozbilnazena, Trendafilka, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ма поима нема докторката! :rofl:
    А бе земете си ѓумбир да се препородите, мене доволно ми е само што ќе ме благословувате :wasntme:
     
    На Ilusionist и Annath им се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Зелен чај (вода 60 степени) + ѓумбир + лимонче = поднослива комбинација за на екс! :D
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Aj jaс досадна со прашањата. Уште ова и готово :rofl:
    А треба ли да се прецеди ѓумбирот или така да го пијам? :?:
     
  9. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Така :D
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  10. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Ајде и јас со ДВЕ прашања на темава:
    1. Дали може додека дојам да го пијам?
    2. Прочитав и дека може со свеж ѓумбир да се направи комбинацијата, односно да се изренда коренот и да се остави преку ноќ и друиот ден со лимон да се пие. Која комбинација е поефикасна?

    Кажете ми, бидејќи не можам да се поднесам колку сум дебела после породувањето?!?!!!!
     
  11. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    1. Имаше вакво прашање претходно, и ако изгуглаш ќе најдеш дека е ОК во мали количини, колку што и реално би пиела нели, по 1/2 лажиче, ти сигурно нема по 100гр дневно да внесуваш. Јас лично, кога би доела - би пиела ѓумбир исто ко сега.

    2. Е не знам дали има ваков репрезентативен примерок кој одделно ги има пробано и двете техники, за да даде оценка и да може да спореди :D Битно, ова што ние го конзумираме секој ден - ИМА ефект, затоа - оди си на сигурно, земи си ѓумбир во прав од Билна аптека и фурај! За кратко време и ти ќе се направиш манекенка сигурно :f:
     
    На jb82 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    Поздрав ѓумбирки :) Да се приклучам и јас кон ѓумбир друштвото.

    Од понеделникот почнав да пијам наутро на гладно млака вода со цеден лимон, а од вчера + половина лажичка ѓумбир (ова додека не се навикнам на вкусот, после ќе зголемам на една полна лажичка).
    Затоа што 8 часа на ден седам само на работа, секогаш ми се ладни стапалата, ама вчера после испиен чај со ѓумбир за 20 мин. ми се стоплија стапалата, плус неколку пати бев во вц. Сабајле мешето ми беше прилично спласнато. Денес прво нешто што направив на работа беше млака вода со лимон и ѓумбир. 100 пати бев да мочкам. Ваљда нормално е ова. :) Да напоменам само дека имам ревматичен артрит, па се надевам дека ќе делува и на моите болни зглопчиња.

    А и колешките ми се навлечени на ѓумбир, кога ќе се направиме сите као манекенки, башка ќе пукаме од здравје, ќе ни процвета канцеларијава! :D

    Инаку, јас купив ѓумбир (на мерење) од продавницата за здрава храна во Буњаковец, 800 ден. кг, јас како почетник купив само 100 гр.

    Со подетални инфомации од мојот ѓумбир ефект ќе се јавам наредна недела. Ѓумбир рулс!
     
    На Bozica1980, Moira и Annath им се допаѓа ова.
  13. ToRi123

    ToRi123 Активен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    4
    Имам неколку прашања :D прво колку вода и колку лимон треба, второ дали многу лути зошто неможам луто да поднесам, и како точно се прави цедиш лимон зовриваш вода ставаш во чаша ставаш ѓумбир ии?? треба да го оставам малце?? да го исцедам?? што како треба и дали делува за стомакот и бутовите?? и да уште нешто стално ова го прашувам ама :P дали има шанси да изгубав од задникот и градите со ова? :$ стварно од тоа се плашам несакам да си ги чепкам градите и задникот :P ви благодарам однапред :) позз♥♥
     
  14. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    5.543
    Да се приклучам и јас кон групата, неодамна почнав да го пијам пред 4-5 дена.
    Читав овде коментари претходно дека лутел и имал специфичен вкус и бев скептик бидејќи не поднесувам луто, ама мене не ми лути воопшто, поднослив вкус ми има. Јас ставам една рамна лажичка ѓумбир и залевам со 100 тина мл млака вода и ствам сок од еден лимон, го пијам на неколку голтки.
    За овие неколку дена можам да кажам дека ми го подобри расположението значително, одам многу почесто да мочкам, единствено што откако ќе го испијам имам благи болки во желудникот, ме жежи, подносливо е али очигледно тоа е поради гастритисот.
     
  15. CrAzZyYy

    CrAzZyYy Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    2.212
    Пол:
    Женски

    ај да го цитирам на ТоРи123 прашањево и некој нека одговори и мене ме интересира:)
    Пожелно е Моира како најискусна да се јави :)
    И да планирам и јас да се придружам во глубот на ѓумбирпијачките :)
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Јас незнам како магично се топат килограмите од ѓумбиров :^) Кај мене нема таков ефект, ефектите кај мене се само регулирање на метаболизмот, спречување на дуење на стомакот и тоа што престана да ми се гади после секој залак на јадење. Килограмите тука си се :D
     
    На Libera и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не ми се даваа денес 100 денари за лимон. Што викате да го искомбинирам ѓумбиров со шумлива таблета?
     
  18. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ’‘
    А шумливите колку пари се? :D
    Пробај, зошто да не. Јас го јадам и пијам на разни начини оти ми здосадува брзо. Инаку реков дека почнав да си јадам а не се поправам на килажа? Ами требало малку време да помине, и та даааам...си имам мала гума за пливање околу стомак. Сите слабеат за на плажа јас обратно. Не дека очекував оти тој ќе ме стори манекенка, ама пак некаква мала надеж постоеше :D Нема врска, за други работи ми е добар па ќе продолжам да се дружам.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Фин вкус има и со шумлива, само премногу благ за мој вкус, плус ќе ти се запени тоа правот :)
    Јас го пијам без лимон, чист со ладна вода... Сега некое врмее го немам пиено, ама од викендот почнувам пак :)
     
  20. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Женски гледам сите го пиете во 100-150 мл млака вода.. а додека пак јас во стаклена чаша за вода (250 мл) ја наполнам цела со полна лажичка ѓумбир и немам навика да цедам лимон некако незнам :/ :?