1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    да прашам дали ѓумбирот се пие само на сабајле на гладно или нема врска во кој ден од денот или дали си јаден?
     
  2. s.T.e.F.i

    s.T.e.F.i Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    2.852
    Пол:
    Женски
    Јас ѓумбиров го пијам секое сабајле пред јадење со пола лимун и на почетокт ми беше :puke: и сега ми е исто ама веќе навика ми стана затворам очите не дишам и на екс. :lol:
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    СИТЕ КОРИСНИ СВОЈСТВА НА ЃУМБИРОТ



    Ѓумбирот воглавно се користи во италијанската и индиската кујна, но неговиот мирис и вкус сѐ почесто можат да се почувствуваат и на нашите трпези.
    Овој зачин е многу добар антиоксиданс, има и антибактериско, антисептичко, антигабично и седативно, и освен тоа, се смета и за одличен афродизијак.

    Топи масни наслаги
    Иако правилната исхрана и редовното вежбање се единствен начин да се избориме со вишокот килограми, постојат и бројни природни додатоци во исхраната кои ќе ни помогнат во процесот на слабеење. Меѓу нив, секако, е и ѓумбирот. Овој лековит корен го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот, помага при варење на храната, ја намалува подуеноста во стомакот, а сето тоа придонесува до губење на килограмите.



    Ги подобрува менталните способности
    Познато е дека ѓумбирот ја отстранува главоболката, но е помалку познато дека придонесува до подобро функционирање на мозокот. Ако во текот на денот се користи во било кој облик, ќе бидете посвежи, ќе имате повеќе енергија и сила, а доколку во вечерните часови изедете топла зеленчукова чорба со ѓумбир, ќе си обезбедите добар одмор и сон.

    Го намалува стресот
    Ѓумбирот изобилува со антиоксидансот гингерол, кој помага во отстранување на штетните хемикалии што нашето тело ги произведува кога сме загрижени, па со самото тоа влијае и на намалување на психолошкиот стрес. При стрес се нарушува и процесот на варење, односно се јавува и мачнина, а ѓумбирот е лек за сите овие тегоби.



    Против утринска мачнина
    Има малку лекови, и природни и синтетички, кои се дозволени во бременоста. Сепак, ѓумбирот слободно може да се користи во мали количини – како извонредно средство за отстранување на утринските мачнини. Кога ќе почувствувате дека мачнината доаѓа, напијте се неколку голтки чај од ѓумбир.

    Лечи настинка и грип
    Ако редовно користите ѓумбир – кој е силен антиоксиданс, а има и антибактериски дејства – можете да спречите појава на настинка и грип, како и потенцијално влошување на овие состојби. Ѓумбирот го јакне имунитетот, го олеснува дишењето и ја ублажува главоболката. Тој поттикнува потење, па е одличен за намалување на температурата.



    Лек за артритис
    Со оглед на тоа што ѓумбирот има антивоспалителни својства, ефикасен е во терапија на ревматичен артритис, остеоартритис и други болести на мускулно-коскеното и сврзното ткиво. Хемиските состојки кои содржат ѓумбир се корисни во спречување на процесот на биосинтеза на простагландин, кој е одговрен за појава на воспаленија. Некои истражувања покажуваат дека во случај на артритис ѓумбирот е дури и поделотворен од конвенционалните лекови.

    Лек за ладни раце и нозе
    Синдромот на ладни раце и нозе веќе не ги погодува само старите луѓе. Ѓумбирот е силно средство за поттикнување на циркулацијата, па се советува да го користат сите кои го имаат овој проблем. Најдобри резултати се постигнуваат ако редовно се пие топол чај од овој лековит корен.
     
    На karenin, cresa-jagoda, babymama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.582
    Допаѓања:
    40.011
    Пол:
    Женски
    По форумов прочитав за ова и земав да пробам. Погрдо нешто во живот не сум пробала. Ми се насолзија очите. Јас уште убаво си се напив
     
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    Денеска почнав пак да си го пијам ѓумбирот, вкусот не ми беше а не ми е ни сега проблем.Сакав само времево малку да залади бидејќи летово го прекинав баш поради таа причина, ем надвор топло а од ѓумбирот дупло потопло.Се надевам овој пат ќе бидам поупорна и посериозна со конзумирањето :)
     
  6. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Ѓумбиров е добар афродизијак,исто и зголемува тестостерон.
    Не многу али добро е да се знае :)
     
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    479
    Јас штотуку си направив чај од ѓумбир.
    Свеж ѓумбир околу 2cm. го рендам најситно на ренде и го полевам со 400-450мл. врела вода.Го оставам да стои 10 мин. во покриен сад.Го прецедувам и му додавам лажица мед.
     
  8. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Јас сега имам нова финта со ѓумбиров. На сабајле си пијам ко сите нели, ама потоа во текот на денот со мене носам шише кое го полнам со вода (најнормално де :D ), а потоа цедам малку лимон и си додавам пола лажичка ѓумбир. Со оглед што шишето ми собира 700 мл вода ова малку ѓумбир и лимон му даваат само мал шмек, не нешто многу силно, а сепак си правам филм дека еве правам нешто добро за мене. ;)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
  10. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу е корисен против настинки, грип, бронхитис, кашлање, синуси... така да е супер за овој период од годината како превентива. :)
     
  11. pepelaska19

    pepelaska19 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Ме интересира каде го наоѓате ѓумбирот, свежиот корен. Јас барам долго време и неможзам да најдам. Фала
     
  12. mentalist.mk

    mentalist.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2013
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Има свеж ѓумбир во маркетите, го има и на пазар баш пред некој ден случајно видов. Мислам дека човекот на пазар го продаваше 50 денари од парче, мислам коренче.
     
  13. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    ^^ Го има во поголемите маркети (Веро, Рамстор) а го има и на зелените пазари, околу 300 денари е килограм.
     
  14. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ми кажуваше една девојка што работела во Биона порано
    многу корисно и за црева а и за циркулација
    за реума-со куркумата заедно :!:
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Јас пиев што пиев неколку месеци ѓумбир во прав со пола лимон и млака вода.Сега направив свеж рендан ѓумбир,еден лимон цеден во мед.Ова го јадам по една лажица сабајле и навечер.Доста е појак вкусот,сепак природно е и имам намера да го пијам/јадам извесен период.
    Да не нечини нон стоп да се јаде секој ден?Треба пауза да правам или немора?И ова медов да не има контра ефект врз слабеењето?
     
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас ден немам прескокнато (со ѓумбирот во прав и лимонот) еве веќе 1 година, па ПУ ПУ немам проблеми никакви, да не речам и ниту еднаш не се разболев :D
    Без проблем јади го, медот е добар за слабеење во комбинација со циметот, слободно стави и цимет во таа комбинација :)
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Pa luge,jas se stopiv :D ,pre pre zadovolna sum od magichniov gumbir.I toa samo go konzumiram sabajlechki,ushte nerasoneta ..nego da vi kazam :inlove: so mazle ko ke se grabneme :mm: ..otide cel raboten den :D prosto ne mozam da si se prepoznaam :$ .. A toj e celiot kejfovi :$ ,ama da znae deka e od gumbirov ]:) ..za ova e kriva Moira :P oti nea ja chitav taka po motivirachki na temava :l:
    P.S zenche,imash od mene edna kutija pivo od gumbir :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Цццц, ве опрајв бе, луѓе ве направив, а госпоѓава погоре пиво ќе ми давала....а бе женче, преку Таска ми е од ѓумбир, дај фрлете конечно нешто конкретно, куќа ќе градам |(

    И јас се стопив,и мм се стопи, среќа малава не пие оти и онака е ко шпагета :D настрана што цела година не сум се разболела (ПУ ПУ).
    Со среќа и продолжете со ѓумбирот! Оле :smoke:
     
    На Sweetheart87 и Annath им се допаѓа ова.
  19. Twinja

    Twinja Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2013
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    68
    Ах Моира, Моира така на времето ме зарази со тоа циметот, сега опасно се навлеков на ова ѓумбиров, на последното лажиче се тресам ко неарна (што би рекол мм ко кризиран џанак) ама па кај мене нема kilo down :doh:

    Еве поконкретно- амин [​IMG]
     
    На Moira и midnight.flower им се допаѓа ова.
  20. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    јас читав дека топлата вода ги одзема лекувачките својства на медот, така да треба да се остави ’чајот’ да се излади, па после да се додаде мед. Дали некој веќе ја има пробано оваа варијанта?