1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Ај јас да си прашам нешто. Јас ѓумбир во прав со сок од лимон и млака вода, пиев неколку месеци. Дека ослабнав нешто во тој период- не ослабнав. Ама некаде прочитав дека не е препорачливо доколку се сака да се забремени, па прекинав. И сега, пак ме фати мерак за ова со ѓумбирот, дека е многу здрав, и имам желба да го конзумирам свеж (изрендан) со мед, арно ама се плашам навистина да не ми смета за зачнување. Барав пак да најдам информација - не можев. Знае ли некоја од вас нешто во врска со ова или не? Бидејќи во денешно време, со ова интернетов, сешто ќе прочита човек, и точни и неточни информации.
     
  2. Jordanovska-K

    Jordanovska-K Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    6.139
    Пол:
    Женски
    Значи никад више. Го џитнав ѓумбирот у најоддалечената канта!
    Хорори.
    Сабајле испив една чаша од ’волшебниот напиток’, што резултираше со мачнини во стомакот во текот на целиот ден, повраќања и сл...
    Башка што кога го пиев имав осеќај како да пијам машка колонска вода (поради мирисот).
    До исхраната не ми е, пошто се држам до доста балансиран режим на исхрана, така да, the tea's gotta go.
    Незнам како го издржувате ова чудо секој ден.
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Волшебниот напиток 1 година ми е верен пријател за добро утро, и не планирам да го сменам во догледна иднина :wasntme:

    Овој зачин докажано ублажува утрински мачнини кај трудници, болки во желудник, нагони за повраќање...што се случило кај тебе - не знам. Прв пат го пиеше?

    И миднајт женче, прв пат слушам дека е штетен кога се планира бременост. Се работи за пола лажиче, ете 1 грам нека е, таа ли количина е проблем??
    Јас не можев никаде на нет да најдам, ај сподели да видиме каде тоа го велат :)
     
  4. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека освен гадење од вкус (како и од други намирници) при бременост ,други нус поојави не би требало да има. Барем не сум сретнала ни прошитала. Јас го користев нормално во минимални количини и тоа кога имав гадења ептен ми помагаше,најпрви почнав со кандиран. Дури мм ми го криеше по дома од што се навлеков,има нешто магично во тоа ѓумбитот само треба време додека се навикнеш :wasntme:
     
  5. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Za onie shto ne im odi taka lesno pienjeto gumbir so limon,neka go zamenat so citron..prav pogodok e :up:
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Јадев во ресторан потпржено лукче со ѓумбир се додаваат свежи печурки и парчиња пилешко. Кога ќе се спрши месото се става над салата зелена и мноооогу е вкусно, ѓумбирот дава еден посебен вкус прсти да излижеш.
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Јас како идна невеста :lol: морам да се спремам за свадбата, сакам да пробам со ѓумбирот, само да не ми направи некоја реакција со тироидната (знае некој да не има негативни ефекти случајно :?: :?: ) дека мака мачам со неа.
     
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    И јас се прашувам тоа , бидејќи имам проблем со тироидната. Неколку дена пијам Гумбир во комбинација со лимон , и ми се врти , ми се лоши, сакав да се откажам од првиот ден ама уште пијам, се си мислам дека е од ѓумбирот :devil:
     
  9. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.179
    Jas sakam da prasham po kolku kolichinski piete na den? Jas osven sekoe sabajle po 150 ml gumbir so limon,vo tekot na eden cel den ushte 3 do 4 chashi od po 400ml gi pijam gumbir so citron :P
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Да ти кажам право Моира, долго време барав (знаев дека имам прочитано некаде - но не ми текнуваше каде. Еве (го прочитав на http://rak.mk/index.php?option=com_cont ... Itemid=218 , а превземено им е од http://www.ringeraja.mk):

    А од друга страна најдов: значајно го зголемува бројот на сперматозоидите и нивната подвижност. :?:
     
  11. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^ Јас на ова прв пат прочитав дека ѓумбурот е штетен ако сакаш да забремениш.
    А имам читано многу :D И се што имам прочитано е препорачлив да се конзумира, дека е супер здрав,
    (дури мислам дека имам прочитано човек со мед и ѓумбур се лечел од рак и му помогнало, ама не сум сигурна баш како беше сторијата, така да не ме држите за збор).
    И сите доктори го препорачуваат за мачнини кај трудници, свеж, чај, бисквити со ѓумбур...
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    И јас само тоа го имам прочитано, и затоа и во поранешниот пост прашав дали некој знае нешто во врска со тоа? Бидејќи на Интернет човек сешто може да прочита, и вистинити и невистинити информации. Потоа барав и на друго место (и на англиски јазик барав) - не најдов такво нешто. :?:

    А она со медот и ѓумбирот, служи за зајакнување на имунитетот, за забрзување на циркулацијата, и затоа се користи и при тешки заболувања, и јас лично мислам дека навистина помага (не како основен лек, но како дополнителен).
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Искрено, не верувам во текстот, не за друго, туку дека ѓумбирот е ставен на листата заедно со адитивите, кофеинот и натриум глутаминатот. Ти се молам |( Не сум експерт за нутриционизам, ама ова апла нема логика...
     
  14. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    490
    Секогаш проверувајте од извори што имаат истражуања,и погледнете ги референците и одлучете сами.
    http://examine.com/supplements/Ginger/
     
  15. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    јас имам проблем со тироидната, немам никаква нуспојава од ѓумбирот. Со ѓумбирот ослабнав, имам повеќе енегрија, метаболизмот ми е убрзан...си го дружам веќе 5 месеци, во прав и свеж. Свежиот како чај (со една кесичка чај од нане), а тој во прав со млака вода и цеден лимон/портокал/цитрон.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Жени може ли да се напијам во текот на денот ѓумбир или мора само навечер и насабајле на гладно?
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Секако дека можиш. Во секое време, не е штетен. :)

    Само кај некој има лаксативно средство, па тоа може да ти е проблем, ако шеташ низ град. :)
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Како го правиш чајот од свеж ѓумбир? За една шолја чај колку ѓумбир ставаш? Лупен, не лупен, во парчиња, рендан - како?
     
  19. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    лупен ѓумбир, исецкан на неколку парчиња, да зоврие во вода, после тоа малце лимонче и имаш преубав чај. Можеш и мед да си ставиш, ако сакаш.
     
  20. ilence

    ilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    88
    Ве читам за ѓумбиров и се залетав право во продавница.Иииии,купив кандиран гумбир ,ѓумбир во прав,лимон,цимет,и немозев да додрзам да го направам цајот ,каснав од кандираниот ѓумбир, :devil: :sweat: :@ прочитав негде движечки змеј,тоа е тоа,правото, :lol: . И друго сакав да прашам доилки го смеат ова нели????Штом бремени мозат да го пијат,не би требало да биде проблем ,нели?????Или не??