1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Не е дека нема ефект без лимонот, тој всушност се најде во комбинацијава заради поволното дејство при алкализирање на организмот, а со тоа создавање на отпорност на болести. Значи лимонот е тука заради имунитет.
    Туку, прашањето ми беше дали цедиш и лимон, зошто така се намалува јакиот вкус на ѓумбирот, па тој станува многу по-поднослив :)
     
    На Sweetheart87 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.366
    Ќе ви се приклучам и јас,иако Моира уште од кога ми кажа да си пијам лимон и топла вода,пиев недела две и зарежав :tmi: Од каде да си набавам ѓумбир и дали мора секогаш лимон да се цеди некако многу ми е еден лимон :?:
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    :envy:
    Значи - ѓумбирот е од Виталија, сликата е на претходната страна, а цената е околу 120-130денари. Го има во сите поголеми и помали маркети, зависно од концентрацијата на феминки во околината :D

    Лимон и не мораш, ако не сакаш, ама е предобар за организмот, и лично ти го препорачувам. 1 не е ништо, имаш исцедено да видиш колку течност е всушност тоа? :)
     
    На Mikako, najubava2010, Sweetheart87 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. iloveugirl

    iloveugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    217
    Абе луге после пиењето на ѓумбирот колку време треба да помине за да јадеш? јас денес само што го испив и за 5 мин зедв изедов 1 портокал а за 5 мин изедов мала кифла со спанак.. има веза тоа? и не ставам некогаш лимон оти немам има веза и тоа?
     
  5. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225
    Се препорачува половина час пред јадење.

    Инаку и јас почнав да го конзумирам од вчера. Имам навика веќе подолго време наутро прво да се напијам топла вода со лимон, а од вчера почнав и половина лажичка ѓумбир да додавам. Па ќе видиме колку ефект ќе има :)
    Едино што сакам е побрз метаболизам :$
    Инаку, стварно ја забрзува циркулацијата, првиот коментар на дечко ми вчера кога стана беше : " Што си толку топла :o " :D
     
  6. interistkadva

    interistkadva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    Може место греалка да се користи :) .Го пробал ли некој сушениот ѓумбир од виталиа мислам би бил добар ама гледам има шекерче на него и пишува дека ја подобрува циркулацијата ?
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    ај да си се самоцитирам, ако некој знае, нека одговори :)
     
  8. interistkadva

    interistkadva Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    1
    мислам дека не е грешка а уште помалку голема :).
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Абе ова ѓумбиров си има вкус како средство за миење садови,ама и не е тоооолку лош како што викате. Јас пола лимон му цедам. Арно ама...многу ми лути...или дека грлото ме боли,па ради тоа,не знам...ама...блуев оган.
     
  10. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Лилит а од кај знаеш каков вкус има средството за садови?

    Туку за љутово, зависи колку си толерантна на љуто, јас јадам, али после ѓумбиров лош луткаст вкус имам во грлото па кога го пијам си спремам две чаши, една со обична ладна вода друга со ѓумбиров. Првин го локам ѓумбирот на екс и одма пијам од обичната вода да ме изгаси и веројатно дека така ја плакнам устата веќе немам проблеми ни со нагоните за повраќање ни љута уста.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Еееех...си имам приказни. :D Добро не си правела балончиња у чаша полна со сјај и цевка за пиење и случајно да си љокнеш од течноста?! :D

    Мене не ми се повраќа,ама лути...и така прееска го пиев, на екс и одма ладна вода некоја голтка...
     
  12. Ramante

    Ramante Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    127
    Допаѓања:
    60
    луѓе од толкуа фалење пробав и јас ама не се пие лелеее едвај сабајле ама само пола чаша и после 500мл вода и пак ко змеј се осеќав :devil: утре ќе биде цела мене ми е за циркулација ако подобри конечно ќе им речам чао на ладните рачиња :mm:
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ќе ти подобри сигурно, пробај неколку дена со ред и ќе видиш

    [​IMG]
     
  14. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.756
    Пишав и во другата тема, само да се надополнам.
    Уште пред неколку месеци купив од Керфур ќесичка мелен ѓумбир, откако изнакупив чуда од зачини. Читав една статија за намалување на подуеност во време на пмс со користење ѓумбир во исхраната, а бидејќи тој проблем го имаме сите три жени дома, викам ај зошто да не.
    Го пијам во кафе, во чај, во свежо цедени џусови. Не ставам многу, не сакам да ме утепа мирисот, зошто после тоа цел ден мислам дека и низ пот ми излегува и цела сум ѓумбиросана :lol:
    Значи, на чаша цеден портокал/лимон и малку кива, додавам рамно лажиче ѓумбир, убаво промешувам и на екс. Лути, ама ми е убаво. Еднаш дневно, и тоа наутро.
    Во кафе ставам едвај половина лажиче, а во чај цела рамна лажичка.

    Не верувам дека сум ослабена, но чувствувам разлика во метаболизам, подуеноста за време на ПМС ми е значително намалена.
    Има и пиво од ѓумбир, е тоа би било фантазија од благодети :) Ем пиеш, ем се радуваш, ем слабееш :lol:
     
  15. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Си купив ѓумбир во прав (оној на Виталиа) и си реков да пробам. Прво во саботата си ставив во лимонадата половина кафено лажиче ѓумбир - не го ни осетив. Наредниот ден си ставив цело кафено лажиче и: го осетив! :D Не беше страшно до душа, ама цел ден бев HOT (притоа не мислам секси или возбудена :$ - туку буквално ми беше многу топло, та дури и жешко - ко сликата што ја постирала Moira се осеќав :lol: ). Мене вообичаено стално ми е ладно, и најоблечена сум од сите, а вчера цел ден ми беше жешко, па дури и на куси ракави се соблеков (кога сите други беа со долги). Денес пак си ставив лажиче ѓумбир, и пак ми е топло (не ми е жешко додуша), а времето надвор ладно ко во зима!

    Така што, изгледа јас сум си имала проблем со циркулација, а ова изгледа ќе го реши.

    Е сега, јас зимата јадев по една лажица свеж (рендан) корен од ѓумбир помешан со мед, но баш така не се почувствував. Што е право, не настинав многу цела зима, дури на крај на зимата се разболев (кога бев престанала да јадам од ѓумбирот две недели). Изгледа до концентрацијата ќе е. Ѓумбирот во прав по се изгледа е поконцентриран. :?: Но, :!: свежиот корен од ѓумбир е повкусен и има многу попријатен мирис (како див лимон :mm: ). Само за жал, за да може да трае и да ги задржи својствата треба да се чува помешан со мед, во фрижидер. Медот исто така има многу благодети, но тие што имаат намера да ослабнат, мое мислење е дека не треба секојдневно да го конзумираат.

    Така што, јас си продолжувам со ѓумбир во прав! :rock:

    Леле па ако ослабнам ептен! :$ :emo:
     
  16. Nefertitii

    Nefertitii Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    239
    И јас се придружувам во ѓумбир тимот :)

    Го земав тој на Виталиа во прав ,од Зегин.Како за прв пат пиев без лимон ,и не ми беше воопшто гаден .
    Ионака сум во ПМС па да се надеваме дека ке има ефект .
    Од утре ке го пијам како вас ,насабајле со млака вода и лимон .
    За резултати ке пишам понатака ,да се надеваме дека ке има ...
     
  17. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    и јас зедов од виталија и за разлика од тој на алкалоид многу е помек во вкусот....незнам зошто ама од овај клавам по 1 лажице и не лути како што ме лутеше со пола лајче од алкалоид????можно е овај на витакија да е почурук???
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.081
    Јас го конзумирам тоа со медот по една лажица сабајле и при диета. Не ми прави никаков проблем,напротив.
     
  19. l-a-d-y-di

    l-a-d-y-di Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    878
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Јас го имам земено пред 3 месеци :)
    Само никако да ми текне да се напијам
    Ај од утре ќе пробам.
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Мое искуство со ѓумбиров.


    Ја зголемува циркулацијата, го подобрува варењето на храната, ги лекува проблемите со белите дробови, лечи бронхитис, помага при грип и воспаленија.

    Начинот на припремање е лесен, едно лажиче ѓумбир се става во врела (подобро претходно зовриена) вода и се остава да покисне барем 10 мин., па се пие.
    На почетокот, оставете да спадне ѓумбирот, па пијте ја течноста без него.
    Откако ќе се навикнете малку на вкусот, промешајте со лажиче и пијте ја цела чаша.

    На почеток вкусот е неподнослив малку, ама бргу се навикнувате.

    Кога сакате додатна енергија, освежување и прочистување, како и подобар сон, измешајте едно лажиче ѓумбир со една лажица мед и изедете го. Ќе видите дека вкусот е интересен и поднослив. (Значи може да се земе и наутро, ама и пред спиење).

    - Мешањето на лимон со ѓумбир, не се поклопуваат како состојки, зошто едното е кисело, а другото луто. Едното забавував, другото потикнува како елемент. Не се компатибилни.
    Доколку, толку сакате мешање со лимон (поради вкусот) нека биде многу малку сок од лимон.
     
    На Nefertitii му/ѝ се допаѓа ова.