Јас си правам преубав чај од ѓумбир и во последно време само него си го пијам. Во зовриена вода додавате четврт или пола лажиче ѓумбир во прав - која колку може да поднесе, лажиче мед и цедите кришка лимон. Немате поим колку е добар чајот, ефикасен е кога приметувате некои почетни симптоми на настинка или воспалено грло.
Да,Чајот од Ѓумбир доста помага за ослабнување,но некако подобро ми е кога при диети го пијам.Воедно помага и при настинка,некакво воспаление и сл.
Чаша топла вода,лажичка ѓумбир почнав да пијам пред еден месец,беше мнооогу непријатно од почеток но упорна бев и навикнав.Пред неколку дена се решив и цеден пола лимон да ставам и зажалив што не сум ја послушала Moira на стартот-напитокот е прекрасен барем за мене Е сега поентата на муабетот:Подуеноста на стомакот толку се намали што не се осеќам поќе како балон,нешто желбата за секс баш и не се зголемила ама во надеж сум и тоа голема Тесно фустанче и хеланки еве ме опет Благодарност и големмм поздрав до Moira
Луѓенца се препородив со ѓумбиров.Го пијам скоро недела дена,а се си јадам и имам неверојатни резултати.Благодарност до Moira
Резултати со ослабнување ли? мене ми треба да ослабам па читам тука на форумов дека ѓумбиров го пијат и за тоа. како го пиеш и дали се придржуваш на некоја диета или вежбаш? фала однапред
Да имам резултати во ослабнување и тоа многу за кратко време.Не држам никаква диета, само вежбам скоро секој ден по пола саат.Инаку во топла или млака вода цедам 1 лимон,ставам 1 мала лажичка ѓумбир и така го пијам од сабајле на гладно
Здраво..јас денес почнав да пијам ѓумбир со надеж дека ке намалам во обем...ама не можам многу е лош вкусот пола чаша ја испив и не можев повеќе ...а имам голема желба да ослабам иначе во една чаша од 250мл исцедив пола лимон, ставив една голема лажица ѓумбир и турив топла вода ама нз многу ми е лош по вкус ама упорна сум морам да продолжам да го пијам за да има видливи резултати...се надевам дека ќе можам да го пијам јас се чудам како можите вие да го пиете
Сакам да прашам дали може кога го пијам ѓумбирот истовремено со него да пијам вода оти неможам да го пијам без да го турнам со вода....да не нема ефект ако со него истовремено пијам вода? Ве молам ако некој знае нека пише?
Една голема лажица ѓумбир е многу. јас пијам по половина мала лажичка ѓумбир и малку вода, само една голтка, две. Не можам да пијам 250 мл иако го пијам веќе 7-8 месеци. Пробај така, затни го носот и пиј. Вода не треба да пиеш затоа што финтата е топла вода и ѓумбир. А за слабеење да не те разочарам ама кај мене нема некои резултати, но се навикнав и го пијам секое утро. Поздрав
A зошто како за почеток не пробаш лимонот да го замениш со цитрон? вкусот дефинитивно е поубав,и не мора со 250мл вода,почни со 150мл и види како ке ти оди.
Ок ке пробам да го пијам ѓумбирот со помалку вода т.е со 150 мл и едно мало не многу полно лажиче ѓумбир во прав...ке се обидам да не пијам вода дури го пијам него..се надевам дека ќе ми помогне за слабењето, оти како што читав на форумов на повејќето му помогнало.... а мора ли нагладно да се пие и насабајле и дали можи откако ке го испијам него да се напијам вода? И по колку време откако ке го испијам ѓумбирот можам да јадам?
dusicke ostaj vo prav, zemi si svez gjumbir go ima vo ramstor , ke go izlupis i grickaj si go ko morkovce
Мора да го пиеш насабајле на гладно, вода после него нема да пиеш, а можеш да јадеш половина час по пиењето на ѓумбирот.
Добро можно ли е за 5 дена јадење свеж сецкан ѓумбир (околу 2цм) помешан со мед, да ослабам 5кг? 3 дена внимавав многу во исхраната, последниве 2 дена не (сесија, нервози, па често навраќам кај фрижидерот).. ? Просто се изначудив кога се качив на вагата, се прекачив едно 10 пати, па и менував место - да не случајно не е рамно.. Ама пак 50.. Бев 55.
Секогаш кога сум настината, кога ќе почнам да кивам кашлам или кога ме гребе грлово си варам ѓумбир (во прав на Vitalia) и истиот ден векје ми е подобро. Порано ми лутеше, не сакав да го пијам, но веќе се навикнав па почнав дури и да го пијам кога ми е ладно наутро, ја подобрува циркулацијата и ме загрева.
Прекорисен продукт е ѓумбирот... Посебно за настинки и болки во грло. И за метаболизам забрзување е супер...Едно време секој ден си пиев, треба да почнам пак. Јас не го зимав тој во прав туку едноставно си рендав свеж корен од ѓумбир и го мешав со мед. Благичко е и не му се осеќа толку јакиот вкус.
Јас за Ѓумбир на форумов разбрав. Си го купив и сега уште да го пијам. Исто и салепот е добар, за слабеење можеби не, но за бели дробови и тоа како да.