Дали ако јадам кога ќе станам ѓумбир свеж можам да ослабам и со што да го комбинирам ? салата,како чај? онака да го грицкам хаха Вака или некој ваш начин? Во стаклена тегла со средна големина (300-400г) ставете тркалца од исечкан лимон, ситно исечкан корен од ѓумбир и органски мед. Затворете ја теглата и чувајте ја во фрижидер. Смесата ќе се претвори во „желе“ . За сервирање се користи една лажица од желето со една чаша врела вода.
Ѓумбирот е добар за забрзување на метаболизмот, така да би требало да има позитивно влијание при диети, само не очекувај дека ако јадеш многу и неправилно и конзумираш ѓумбир ќе ослабеш Инаку јас моментално го пијам оној ѓумбир во прав, на Виталиа мислам беше(го има по големиве супермаркети), си го правам како чај по упатството на пакувањето и му додавам само цеден лимон. Едно време користев свеж корен од ѓумбир со мед. Прво се проварува малку ѓумбирот(за да се намали јакиот вкус), потоа се ренда па се става во тегла со мед. Се зима по 1 лаж. дневно. Сепак полесно ми е чајот да си го правам
Девојки и јас да се пофалам денеска прв пат го испив.Јас во уста не ставам луто , значи пиперки не лути никакви не јадам ниту ајвар ниту било што и ова за мене беше подносливо луто , баш ми е чудно што луѓе што јадат луто толку се жалеа.Мајка ми пак јаде луто и пола лажичка пиеше вика не ја ни осетив и тоа со пола лимон од утре планира да зголеми.Сега ме интересира пола кафена(мала лажичка) така ли ? Да не треба пола голема лажица пошто ми е чудно како мене не ми беше дотолку луто.Инаку го ставив во 150мл топла вода значи ја ставив на рингла само да се затопли и додадов 1 лимон.Добро ли е вака ? Јас цела тема ја прочитав и сфатив дека водата треба да е незовриена значи може и од боилјер вода ? Бидејќи читав дека и така пиеле по темава.И дали е брзо уште утре на една рамна мала лажица да зголемам ? Инаку тој на Виталиа го пиев.
Секоја чест како го пиете ова Денес прв пат пробав и едвај го испив а камоли на екс. Ќе пробам уште еднаш утре па ако успеам добро ако не...
^ Ако имаш малку време, фрли поглед на првите 2-3 страни од темава. Впрочем, целиот муабет тогаш тргна од ѓумбирот во прав, затоа ич не се мисли. Не знам какви резултати очекуваш, ако ти е примарно за слабеење, има доволно искуства низ темава. Јас можам да ти потврдам дека е ептен ефикасен за настинка. Го пиев цела зима и цела пролет, некаде на почеток на летово - прекинав и еве пред една недела, кога осетив дека ќе настинам, почнав пак. Поминав без лекарства.
Јас го пиев 5/6 месеци пред летото, се чистев од ,,спојлерите,, околу стомкот сакав да ги извадам стомачните на виделина, и многу ми помогна саси водата сорендан свеж ѓумбир, лимон, свежо нане и краставица сето во стаклен сад со вода да стои 12часа и се пие. ме фасцинира резултатот. но и напорно вежбав и метаболизмот ми го регулира
Јас почнав да си го пијам со мед и лимон и пола лажичка од ѓумбирот во прав.Сакав да внесувам и мед а така чист ми беше прејак па си ги искомбинирав.Вкусно е за пиење како чајче.Многу ми помага за грлото.
Моето искуство со ѓумбирот заврши неславно уште пред да почне . Неколку голтки и искорнав црева од повраќање. Толку се згадив што нема шанса уште еднаш да пробам. Секоја чест на вас што го поднасате
Во врска со свежиот ѓумбир сакам да прашам дали се вари ѓумбирпт или само се става во зовриена вода.Јас пробав во зовриена вода но не лути па да прашам каде грешам поз
Јас го пијам ѓумбирот, првенствено за метаболизамот, зашто со НОРМАЛНА ИСХРАНА, да се разбереме, не треба ни да се очекува дека некој ќе ослабне. Мене ми е сосема океј, што знам не мие грд и навикната сум на него, е сега исхраната малку потешко, посебно залутана Во Ред и Пилешкото во Кари пред мене Ау, смрт ми е.
Ѓумбирот го пиев некаде околу 1 година.Додека го пиев бев и на диета.Има резултати да, но сепак мислам дека ако не си ставиме самите ние ред на јадењето нема спас ни со ѓумбир. Е сега сакав друго да прашам.Мајка ми не ми дава да пиам повеќе, било штетно за бубрезите, желудник.А јас барав негативни ефекти од него па и не баш дека имаше, сите го фала ѓумбирот како напиток.Вие имате слушнато за некои негативни ефекти ?
Земaв ѓумбир и ќе пoчнaм дa гo пијaм.Прoблемoт е штo имaм oсетлив желудник и честo прaвaм гaстрити.Ќе мoже ли дa спoделите искуствo вo врскa сo негoвoтo делувaње врз желудникoт? Кaкo е пoдoбрo дa гo пијaм пред или пoсле јaдење? Сo лимoн немa шaнсa пoшo ми сметa. И пoсле кoлку време имa ефект ? Тенк ју! ❤
Мислам дека не треба да пиеш доколку имаш побреми со желудникот.Сепак лут горчлив напиток, а и лимонот киселкав ќе ти ја раздразнат слузницата на желудникот уште толку..ќе ја зголемат киселината што ја лачи желудникот па ќе си направиш уште поголеми проблеми.
Ако е штетен за желудникот тогаш зошто се препорачува за проблеми со желудникот????? Јас го пијам баш за подобрување на состојбата на желудникот.
Јас колку што знам ѓумбирот помага за смирување на стомакот, најмногу за мачнини. Но, треба да се внимава да не се претера со конзумирање на големи количини, зошто тогаш може да има само негативни последици (како и со се друго што е во голема мера). Јас ставам малку ѓумбир во прав во супа.
1 цеден лимон( може и пола), 1 рамна мала лажичка ѓумбир, и 5-6 лифчиња нане се мешаат во 500мл.вода. Се пие насабајле на гладен стомак. Мене ми е вака океј не иде до израз многу ѓумбирот.