1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Серафимке, ти пиј 2 дози дневно :D И спремај се за акција после!
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    :rofl: Ќе биде изгледа и тоа, ама по Воскресение. Сега помалку, колку да се раздвижам.

    Настрана смеа, јас си имам проблем со циркулација на крвта. Екстремитетите ми се секогаш ладни, затоа и реков дека ќе ми требаат повеќе дози.
    Ама Моирче кога викаш така, сега се мислам дали и да земам повеќе. Ќе ме предомизлиш, како страв да ми е :D :P .
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Види сега.....не мораш баш овој месец да ја земеш дуплата доза, почекај после Велигден, да не те наведувам на грев :angel:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Од почетокот на оваа недела го пијам редовно, половина лажичка во млака вода разматено и на екс. :)
    Лимон - кога имам, кога немам, кога ме мрзи... претпоставувам и вака не е проблем, само ѓумбир и вода.
    Е сега... и ве молам ова прашање да се сфати сериозно. :!:


    :rofl:
    Дали ви се случува некоја промена од ѓумбирот во однос на... сексуалниот апетит?
    :D :rofl:
    :$
    Да не бидам толку културна - ве тера ли бре на секс како мене???
    ]:)

    Благодарам на искрените одговори кои ќе следат.
    :$
     
    На Annath и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  5. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Очигледно е, нели? :D
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. 17mart

    17mart Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    398
    Луѓе јас купив ѓумбир о лимон заедно....читам некои тука плус му додавале лимон...земете ваков заедно со лимон има во Веро.
     
  7. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Атер за афродизијачкото дејство, земав и јас. Само ако нема разултати... ]:)
     
    На Trnche, Nefertitii и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  8. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    ^ Ако нема, викни на помош, што да ти кажам друго :D
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ми купија свеж ѓумбир. Само што го излупив и изрендав. И мене многу слатко ми мирисаше. Си грицнав малку и открив дека и на вкус ми се свиѓа. Нешто ново ама добро го поднесов. Е сега му дадов на дечко ми и буквално го плукна, како малите деца што прават :D. Сега ќе го помешам со мед па ќе се обидам и така да му го понудам.
     
  10. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Свежиот ѓумбир е многу повкусен (но и полут - според мене) одколку оној во прав. Си има многу убав мирис, сочен е, има вкус кој како да лути и жежи во исто време. Единствено не ми се допаѓаат оние жиличките (како конци) што ги има внатре. И по рендање - пак остануваат. Изгледа кај помлади примероци ги нема многу, но кај постари корени многу се изразени.
    Штета што од кога ќе го изрендаш мора да се чува помешан со мед, и така да се конзумира. Не ми одговара со диетата.
     
  11. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    А зошто мора да се изренда и помеша со мед па да се чува во фрижидер?
    Јас го ставив во фрижидер така свеж и секој ден ќе си рендам по малку па ќе мешам со мед.
     
  12. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Па прво, пожелно е да се јаде по една лажица на сабајле (на гладно), а јас немам време наутро да го рендам, макар за едно лажиче.
    Второ, претпоставувам, ти можеш да си купуваш корен по корен и така секогаш ќе ти е свеж. Јас не сум од Скопје, и во мојот град не се наоѓа свеж ѓумбир. Го порачувам од Скопје (од Рамстор, од Веро) и порачувам по 1 кг за да имам за подолг период. Ако го чувам така во фрижидер (макар не лупен) ќе повене, и потешко се ренда (испробано ми е, еднаш неможев веднаш да го рендам, го оставив да отстои една недела во фрижидер). И така во дуќанот стои по којзнае колку време. Секој ден поминат се поовенат ќе е ѓумбирот.

    Можеби не сум во право, но тоа е моето искуство. А и да мијам ренде секој ден... не е којзнае што, ама мене не ми е ќејф ;) .

    Поздрав! :)
     
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Јас само сакав да знам дали има ѓумбирот подобро некое дејство ако веднаш се изренда и така помешан со мед се чува во фрижидер да стои, затоа прашав...
     
  14. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.490
    Пол:
    Женски
    Девојки јас денес си го земав тој на виталиа, во прав.
    Немав лимон моментално ама не можев да дочекам, морав да го пробам каков е. Го направив без лимон, и пробав да го испијам наеднаш, читам така полесно било, ама немате појма како ми беше, имав нагон за повракање. Не можам да поднесам луто ма да и не ми е толку многу лут, мирисот му е убав, ама вкусот е мн лош. :puke:
    Утре ке го направам со лимон.

    Ама сакав да ве прашам мора ли наутро пред јадење? Како што станувам рано за на факултет се си мислам дека ке ми се слоши од него во автобус.
    Почнав да пијам јаболков оцет наутро пред јадење, па може ли ѓумбиров на пладне да речеме кога ке се вратам од факултет пред ручек?

    Moira помош :wasntme:
     
  15. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски

    ете читам на сите различен ни е вкусот овај од виталија мене ми е поподнеслив...
    ај така ќе напрам до сега во кутивчето во висеч го чував ај ќе му ја преместам локацијата... :) :) ;)
     
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Медот е многу хранлив, и е природен „конзерванс“, т.е. ѓумбирот помешан со мед не ги губи својствата. Штом веќе се ренда, подложен е на оксидирање и затоа се чува во мед. Но бидејќи ти ќе го рендаш по потреба, не гледам проблем ако го чуваш парчето цело (освен оној дел од коренот што ќе ти биде засечен - од каде што ќе рендаш :?: ).
    Да се навратам на медот :) . Бидејќи е многу хранлив, комбинацијата на мед и ѓумбир одлично делува на организмот, т.е. го подигнува имунитетот. Многумина кои имаат слаб имунитет треба да конзумираат 2-3 пати на ден по една лажица (дрвена или пластична - никако метална) од ѓумбир со мед. Многу помага. Е сега не сум сигурна како би влијаел медот врз лугето кои се склони на дебелеење (на пример јас ;) ), :!: иако е природен и здрав, затоа не го конзумирам сега кога сум на диета.
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Skyfall

    Skyfall Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.160
    Многу горчи :puke:
    Денеска првпат пробав и ми дојде нагон за повраќање и многу жешко. Ама не се откажувам, продолжувам понатаму :)
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    На вкусот баш и не се навикнав. Онака ми е.
    Ама му ставам 1 лажица ѓумбир во прав. Затоа ми е малце потешко.
    А јас не пијам во 200 мл, туку во 250 мл. И една голтка стандард оставам на крај.
    Тоа нераствореното не можам да го испијам.
    И така... :wasntme:

    http://www.youtube.com/watch?v=GxRlG5A6d0Q
     
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ај пробај прво еднаш, да видиш дали стварно ќе ти се лоши, оти тој баш напротив, се дава за утрински мачнини :) Во основа добро е да ти помине низ организмот како прво нешто наутро, ама не гледам никаков проблем и покасно во денот да си го пиеш.
    Во секој случај, негативно не може да биде, уживај :d:
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Моира јас овој месец не почувствував симптоми на пмс.Можно ли е да е до ѓумбирот?Ако е така ќе го пијам само заради тоа.Подобро да зрачам отколку да мрачам :DОва треба да се испита на подолг период :nod: