1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Туку што го купив, го помирисам и : ммм убав чај ќе биде од ова..
    си сварив 250 милилитри вода и 1 лажичка така полничка ѓумбир во прав на виталија, си отдтои чајот, му ставив 2 исцедени лимона
    и коа го пробав реакција: :puke: :puke: :puke: среќа ништо не сум јадела ќе се исповраќав..
    сега го растворив малце со ладна вода и имам 500 милилитри за пиење а мноогу ми е луто на грлото..
    може да му ставам мед??
     
  2. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    ^
    Зошто да се мачиш 500 мл да пиеш, такви работи се голтаат на екс, ставаш во малку вода замижуваш и за секунда готово.
    Јас почнав рендан со мед ама сега само си сечам 2-3 мали парчиња, ги ставам во уста и директно со вода ги голтам, како апче да пијам :D И така најмалку го осеќам вкусот.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    се зафркнав еднаш ама втор пат нема дефинитивно :) ќе си пијам и јас малку на екс :!:
    отиде ова од 500 милилитри половина во чешма, неможев да го допијам :tmi: :D
     
  4. Divajn

    Divajn Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    366
    Допаѓања:
    225

    Најискрено, многу да :rofl:

    Јас пак како и по две дневни дози зимам, жарам палам до вечер :$ :devil:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Се гледа кој не прочитал инфо за џумбиро. Еден од најјаките афродизијаци е, така да ќе молам на внимателност да не преминете од тема ѓумбир во тема трудници. :rofl:
     
    На Оленка*, LaraSolare, ana-banana и 8 други им се допаѓа ова.
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    ^^ Јас и Петко го натерав да пие и двајцата на ѓумбир сме :rofl: :rofl: :rofl: .
     
    На CuteEva, Annath, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Жено, што да ти кажам.....од лично искуство не можам да кажам, зошто немам ПМС симптоми, ептен ретко некоја нерва да ме удри, ама ништо страшно.
    Јас лично не би можела да одговорам, ама и не е битно, битно е ТИ да се чувствуваш поубаво :) И земи тури му и на маж ти, да не имате раздор во желбите :D
     
  8. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    и јас почнав да го пијам од вчера. а веќе долго време го употребувам во готвењето свеж изрендан дава прекрасен шмек.

    исто така го исечкав еднаш цел корен го оставив неколку дена да се суши и потоа го ставув во оноа за мелење бибер и си мелам сама во чорби супи и други јадења каде што мислам дека одговара.
    о

    е сега незнам дали беше од ѓумбирот од еднаш ама го пиев сноќа покасно и добив многу енергија па коа се распеглав зачистив у 22Ч што да ви кажам :rofl:
     
    На SunnyGirl2 и ElenaRbd им се допаѓа ова.
  9. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    со господ напред сега се фаќам да го пијам :sweat: ако вие преживеавте па сигурно и јас ќе преживеам :!: :P , се надевам ќе го редактирам мислењево да се пофалам дека сум го испила :tmi: :D

    редактирам: јееее го испив чајот :party: :party: , овојпат и не беше така грд :!: , дури и убав ми беше :wasntme:
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Чајот, дека е пожежок, е и потежок за пиење.
    Најлесно е во млака вода, ѓумбир во прав и ОБАВЕЗНО цеден лимон, зошто тој го замаскирува неубавиот почетен вкус на ѓумбирот.
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  11. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.738
    Па да :nod: , топлата вода додтно дава некое пецкање на грлото-чуство на “луто“,нели и на пакетчето пишува да отстои 30 минути, за тоа време чајот се лади-значи нема никаква пречка да се пие ладен( не влијае на дејствата на чајот)

    А можеи некој знае од каде потекнува ѓумбирот??
    Некако не по арома и вкус не ми оди на балканско :?:
     
  12. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    јас пијам 2 недели еве секое утро лимон и џумбир, и да се пофалам 3кг сум ослабната :rock: ама и навечер не јадам. :!: :D
     
    На Serafima и feminium им се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ѓумбирот потекнува од тропските краеви на Азија.
    Се користи како зачин за печурки, месо и риба, ориз, колачи. Ѓумбирот се користи во свежа и сушена состојба или како прав, за припрема на супи, јадења од зеленчук, ориз, сосови и колачи. Ѓумбирот ја смирува кашлицата и настинката, спрчува појава на главоболка и мигрена, има антисептичко, аналгетско и антиоксидантско дејство. Ѓумбирот ја подобрува циркулацијата и ги проширува крвните садови, ги ублажува акунтните и хроничните болки при ревматизам, артритис, стомачни грчеви, менструални болки, камен во бубрег и жолчка, забоболка, асматични напади, бронхитис, воспаление на црниот дроб, простата, ја забрзува регенерацијата на оштетените ткива, ја олеснува мускулната тензија.
    Оваа лековита билка во себе содржи протеини, етерично масло, фосфор, калциум, магнезиум, манган, фолна киселина и витамин Ц и Б6. Кинеската медицина го препорачува ѓумбирот да се кориси во комбинација и со други билки затоа што има моќ да го убрза дејството на другите билки.
     
    На babymama, l-a-d-y-di, feminium и 2 други им се допаѓа ова.
  14. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Еве како изгледа ѓумбирот во природната состојба:

    [​IMG]

    Инаку нема азиско/кинеско јадење каде не е ѓумбирот еден од главните состојки а бидејќи нема дебели кинези/азијци треба да ви е доволен показател дека делува ѓумбирот :)

    Ѓумбирот го користам доста во исхрана, коренот, немам потреба од тој во прав освен во колачи а исто од мала го обожавам пивото од ѓумбир (безалкохолно е, кога бевме мали со брат ми и ќе ни дадат по едно шишенце да пиеме си замислувавме дека сме возрасни :D ) и сега се давам во него :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • 41-d1RtmlRL.jpg
      41-d1RtmlRL.jpg
      Големина на фајлот:
      22,6 KB
      Прегледи:
      588
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    а кај го има тоа пиво од џумбир?
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Па во Австралија :!: не го гледаш кенгурчето :) на амбалажата и си пишува Аvstralian ginger beer :angel:
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    [​IMG]
    Извини bitttersweet мала шала... И јас истото си го мислев пред некој ден, дека нема дебели азијци :) па уште од тогаш ми се врти сликата низ глава
     
    На ilipili и bittersweet им се допаѓа ова.
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    ^ :rofl: :rofl:
    Тие се исклучителни случаеви, таму било некоја огромна чест да се биде сумо борач, уште од мали нозе ги спремат (товаат) да бидат волкави, не им ставаат ѓумбир во храната :lol:
     
    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Тука ќе го ставам натписот, зошто многу девојки ме прашаа зошто треба и дали мора и лимон да се цеди :)

    Со овој пијалок секое утро – ќе пукате од здравје

    [​IMG]


    Научниците докажаа дека една чаша со млака вода и сок од половина лимон прави чуда за организмот. Овој здрав напиток ќе ве подмлади, а помага и во слабеењето!

    Напитокот е богат со антиоксиданси, има одличен ефект на имунитетот, метаболизмот, изгледот и чувството на глад. Напитокот со вода и лимон треба да биде на собна температура.

    Го поттикнува имунитетот

    Овој напиток е богат со витамин Ц и го јакне имунитетот. Освен тоа, нутриционистите велат дека витаминот Ц од лимонот му помага на телото да го апсорбира железото, особено она кое го наоѓаме во намирници кои не се од животинско потекло.

    Го подобрува варењето

    Сокот од лимон е сличен на структурата на соковите од желудникот и има позитивно влијание на гастроентеролошкиот тракт. Освен тоа, сокот од лимон е добар против киселини и надуеност.

    Помага на регенерирањето на кожата

    Лимонот е одличен во борбата против стареењето на кожата. Имено, антиоксидансите од лимонот се борат против слободните радикали кои предизвикуваат стареење. Витаминот Ц од лимонот помага во изградба на колаген кој ги држи брчките под контрола.

    Го намалува апетитот

    Лимонот содржи пектин кој создава чувство на ситост. Подолго ќе бидете сити, и веројатно токму поради тоа што немате голема потреба за храна, за време на идниот оброк помалку ќе погрешите при изборот на храна.

    Ја балансира Ph вредноста

    Чаша вода со малку лимон ја намалува киселоста на организмот. Имено, овој напиток содржи лимонска киселина, и не создава киселини во телото.

    Го освежува здивот

    Антисептичките својства на лимонот ги убиваат сите лоши бактерии во устата и делуваат дезинфекциски. Чаша лимон и вода наместо утринско кафе е поздрав избор.

    Помага за зараснување на рани

    Овој напиток го штити здравјето, го намалува стресот и депресијата, а освен тоа содржи и витамин П кој поволно делува на прокрвеноста на капиларите. Освен што помага кај зараснување на раните, лимонскиот напиток е добар и за здравјето на коските, ткивата, ’рскавицата, а ги смирува и воспалителните процеси.
     
  20. smooch

    smooch Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    4.026
    Пол:
    Женски
    Ја држам Ун диетата и во недела ми е водениот ден. Ѓумбирот го пијам 1 недела и 2-3 дена, е сега дали за водениот ден да го пијам или не? :?: