1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ѓумбир

Дискусија во 'Диети' започната од Dala, 4 април 2013.

  1. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Се` што е претерано - не чини. Умереност, и нема да има никаков проблем :)
     
  2. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Апсолутно е така за секоја работа :)
    Туку мене ме интересира дали е ок да се испие талогот од ѓумбирот во прав што останува на дното од чашата?
     
  3. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Јас ја мешам течноста и ја пијам одма, не оставам да падни талог долу...
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  4. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    тоа и јас го приметив од различни производители различна јачина има
     
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Ако можеш да го испиеш, уште поубаво. ;)
     
  6. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Веројатно си во право, но јас многу читав за ѓумбирот пред да почнам со употреба, бидејќи ми требаше како лек т.е. за зајакнување на имунитет, а не за слабеење. Од тоа што прочитав, јас разбрав дека ѓумбир не се препорачува за луѓе со чувствителен желудник ( :!: но се мислеше на гастритис, чир). А имав и другарка која имаше гастритис, па лекарите строго и забранија да конзумира лимонов сок, особено не на гладно.
    Според тоа, девојката што прашуваше дали ќе и‘ смета на желудникот, препорачувам да си разграничи дали има гастритис или само чувствителен желудник. Ако е првото, нека прогугла малку (па и нека се консултира со лекар), доколку е второво, нека си проба - па ќе види: ако и смета - нека не го конзумира.

    Инаку јас го конзумирам ѓумбирот во прав на Виталиа, и некако не ми лути баш. Ни сличен вкус нема како свежиот ѓумбир :worried: .
     
  7. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Искрено, истите сознанија ги имав и јас, и покрај тоа, му правев секое сабајле лимон со ѓумбир на мм, зошто лично длабоко верувам дека лимонот не е штетен во нормални количини, баш напротив.
    Кај мм се покажа многу позитивно, ова го кажувам од искуство, се надевам кај сите други ист ефект ќе има :)
     
  8. gagic

    gagic Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    62
    Здраво феминкии :) кажете ми цел лимун да го цедам или пола? сакам да почнам прееска бев и купи гјумбир па да се надевам дека ке има ефект . до колку пати на ден мозе да го пијам ? поздравче :*
     
    На VALE1972 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. VALE1972

    VALE1972 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    blagodaram mnogu na sunfemina.. dobro e da se znaat i ovie raboti za gumburot .. znaci korisen e no pak so malku vnimanie treba da se koristi .. fala uste ednas
     
  10. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Колку сакаш :) Јас цедам 1, количината и онака не е ништо Вау, ама доволно е да се алкализира организмот на почеток на денот.
     
    На gagic му/ѝ се допаѓа ова.
  11. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Јас пошто денес прв пат го пијам сега и ве читам и баш да те прашам дали е до мене или ова нема вкус некој јак ? Додуше ставив 3 парчиња мали ѓумбир во вода и додадов малку лимон ама ја само лимонот го осеќам, можда треба повише ?
    КОлку од прилика користите ?
     
    На bonbona92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.402
    Допаѓања:
    38.335
    Пол:
    Женски
    Јас користам пола лајче ѓумбир од виталија со пола лимон цеден во шолја за кафе, од поголемите. Денес и мене ми беше во ред, не ми беше тешко да го испијам.
     
  13. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ама ти ставаш свеж, така?
    Него би требало да го конзумираш рендан во мед. Секое утро растварај по 1 лажиче во млака вода + додај и лимон ако сакаш.
     
  14. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Па да баш свеж ставив во 200 мл топла вода 3 парчиња мали исецкани , не му додадов мед .
    Требаше ?
    Зашто најчесто чаеви и такви раб избегнувам со било што , а можда мислеше баш на парчиња изрендан со мед и така да се конзумира без чај правење ?
     
  15. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Количински колку сакаш (не знам точна бројка) изрендан ѓумбир во тегла мед, и се чува во фрижидер.
    Од ова се конзумира секое утро, во млака вода + цеден лимон.

    Консултирај се со midnight flower, таа така го пие...
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  16. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.051
    Свежиот ѓумбир се ренда и се меша со мед. 50% ѓумбир со 50% мед, или по вкус. Се чува во тегла и во фрижидер. Се конзумира по една лажица (дрвена или пластична - никако метална) на гладно на сабајле, а потоа може и во текот на денот уште еднаш до два пати. Ова вака е многу добро за имунитет (против настинки, болки во грлото), за циркулација на крвта итн. Домашните така го конзумираат, а и јас до пред некое време (не се раствора во вода - се јаде), но сега сум на диета (УН диета) па не сакам да јадам мед, и затоа си купив ѓумбир во прав и го правам како што објасни Moira неколку пати веќе: во чаша топла (од бојлерче ставам) вода ставам 1 цеден лимон и 1 полна кафена лажичка ѓумбир во прав, мешам и пијам. Додека го испијам промешувам повеќе пати (за да не ми се наталожи ѓумбирот).
    Повкусно ми беше кога го конзумирав свеж со мед, но и повеќе жежеше.
    А чај од свеж ѓумбир не сум правела. Имам прочитано на нет, но не сум пробала.
     
    На WildCherry му/ѝ се допаѓа ова.
  17. gagic

    gagic Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    62

    а нормално е волку да ми е жеско од него како некоја топлина имам :| ако има и некои други симптоми писи да не паницам :rofl:
     
  18. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сега го пробав и се чудам како не ви лути? Мене ми беше доста гаден и со цел лимон, а и без него. Ќе ми треба многу време да се привикнам, а и нема да е лошо да ставам по пола лажиче.
    Штом има толку позитивни дејства, греота е да не се пие.
     
  19. gagic

    gagic Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    62
    http://mkd-news.com/ramen-stomak-na-lesen-nachin-doma-napravena-sassy-voda/ еве најдов нешто на нет за гјумбирот само незз дали може ова да се праи со гјумбир во прав и дали ке треба 1 лажицка или повеке да ставам затоа што пишува во 8 чаши вода :)
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Дечки, а зашто не е убаво да се зема со метална лажичка?