Ѕвездени патеки (Star Trek)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Annath, 17 јуни 2010.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.914
    Допаѓања:
    76.009
    Пол:
    Женски
    Нема ваква тема, па решив да ја отворам. Многу ги сакам Стар Трек и сериите и филмовите.
    Ги обожавам The Next Generation, Voyager и Deep Space Nine, а оние оригиналните, први серии со Вилијам Шатнер, како и овие најновите, Enterprise баш и не. Ама ги гледам. Сакам научна фантастика, а Стар Трек ми се интересни, бидејќи некако ми се остварување на фантазиите каква би можела да биде иднината. Можеби и дека ме интересирала астрономијата и вселенските истражувања, и понекогаш посакувам да бев астронаут, па како помала си се замислував дека сум дел од екипажот на бродот Ентерпрајз :D :D :D
    Знам дека девојките ретко гледаат вакви серии и филмови, ретки се тие што ги сакаат, ама можеби меѓу вас има некоја како мене што сака да ги гледа. Не сум фанатик, да собирам се и сешто во врска со овие серии, ама со свршеникот уживаме кога ги гледаме. И тој дури беше изненаден (како и сите мои бивши дечковци, но и другарите), ама му беше и мило што ги гледам.
    Па ајде кажувајте... има ли Стар Трек обожавтелки меѓу вас? :)

    Live long and prosper! \\_//
     
    На Peco и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. lebarka

    lebarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    26
    Еве јас сум обожавателка на Star Trek. Ги имам гледано сите серијали и ги обожавам Jean-Luc Picard, Data, The Borg и Jadzia Dax. Многу ми се допаднаа последните 2 епизоди од серијалот Voyager. Доста често ако нешто ми се гледа, а нема ништо друго интересно за гледање си пуштам по некоја епизода од Star Trek. Исто ми се допаѓаат повеќето филмови базирани на серијалот Star Trek. Барем за мене најдобри се: Generations, First Conctact, Nemesis и последниот Star Trek (го гледав на претпремиера во кино :$ :lol: )
     
  3. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    еј колку ги сакав star trek кога бев средно, voyager ми беше омиолена сезона ја имам на видое касета снимано сите епизоди, мислам дека сега ја емитуваат enterprise на некоја од локалните телевизии инаку Дата беше мојот фан сакав да сум како него :D
     
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.344
    ај нека ми објасни некој од кај да почнам да ги гледам? прво се сериите или некој филм? :$ искрено поим неам ама сакам да почнам да ги гледам од кога се убедувам и никако да најдам време...
     
  5. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.914
    Допаѓања:
    76.009
    Пол:
    Женски
    Гледате Star Trek: Discovery?
    Како ви се допаѓа?
    Искрено, се израдував кога слушнав дека направиле нова серија, ми недостигаше нешто ново, старите веќе не знам по кој пат ми се гледани.
    Имам гледано само три епизоди (толку постигнав засега), од 9 досега излезени (моментално се на пауза), и да си кажам право, ми се бендисува досега. На почетокот имав впечаток дека бегаат од оригиналната идеја на Ѕвездени Патеки, ама сега мислам дека целта им е сосема поинаква. Ќе видиме.

    П.С. Не сакам спојлери, ќе ве молам :!:
     
    На Peco и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    4.796
    Допаѓања:
    63.626
    Пол:
    Женски
    @Annath јас па едино ја гледам Star Trek: Discovery, едино зошто ништо со ред не знам да почнам па таа ме привлекуваше најмногу. Првите четири епизоди ја тегнев, ми беше многу досадна и не очекував да ја продолжам, а сега со душа чекам да има нова епизода. Можеби не ми е во најомилените серии кои ги гледам, но се движи на таму. Некои работи им беа предвидливи, а други пак ме подзамислија и изненадија. Омилен лик ми е убедливо Стаметс.
    Патем видов во прво мислење дека сакаш sci-fi, длабоко би ти ја препорачала The Expanse ако ја немаш гледано. Ако ја имаш гледано се надевам делиме мислење за квалитетот на серијата. (highfive)
     
  7. Peco

    Peco Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    47.035
    Пол:
    Машки
    И јас исто. :D
    На времето многу ги сакав The Next Generation и Voyager. Се восхитував од начинот на кој излегуваат од безизлезни ситуации, и како решаваат проблеми.

    Star Trek Discovery не сум гледал. Ако имате линк за гледање online или за симнување, споделете, би сакал да го гледам и овој серијал.
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.914
    Допаѓања:
    76.009
    Пол:
    Женски
    Фала за препораката, не сум ја гледала, ѕирнав трјелер, ќе ја симнам да и дадам шанса. Мислам дека ќе ми се допадне, барем по она што го видов.

    Јас ги симнувам од Pirate bay, ако сакаш линкови, ќе ти ги пишам тука. Мене сите ми се симнати, уште да најдев време да ги изгледам :$

    Првата епизода е овде
    https://thepiratebay.org/torrent/18...overy_S01E01_iNTERNAL_720p_WEB_x264-BAMBOOZLE
    тука ќе ги најдеш торенти за сите епизоди
    https://thepiratebay.org/search/star trek discovery/0/99/0
     
    На Peco и theowndemon им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.914
    Допаѓања:
    76.009
    Пол:
    Женски
    Ми лајк ит. Заклучно со десеттата епизода, се држат засега.
    Се надевам дека нема да останат само на една сезона.

    Иначе мм како љубител на Стар Трек е разочаран. Оти имало хомосексуалци во приказната и тоа не било нормално :?:
     
    На theowndemon и Peco им се допаѓа ова.
  10. Peco

    Peco Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    47.035
    Пол:
    Машки
    Ги гледав сите десет епизоди излезени до сега и ми се допадна, без разлика на хомосексуалците. :D
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    4.796
    Допаѓања:
    63.626
    Пол:
    Женски
    Леле, леле! Не знаев каде да пишам, ама последната епизода од Discovery беше феноменална. Превозбудена сум, само скокам, како се прај смисла, сите мали расфрлани детали сега се тука. :o :inlove: