Девојки го најдов текстов на интернет и решив да го споделам со вас: Овен ( 21 март – 20 април) Некој посебен можете да запознаете на уметнички курсеви или во танчерска група. Во секој случај покрај пронаоѓањето на партнер добро ќе ви дојде мала доза на култура. Ако повеќе сте спортски тип, обидете се со трчање во парк или запишете се во теретана. Идеално место: концертни случувања, музеј и театар Бик (21 април – 20 мај) Најдобар начин да запознаете некој или да го привлечете нејзиното внимание е малку да се „занесувате“. Покажете ги своите атрибути. Ако сакате да уловите Бик обидете се со реченицата: Ќе ти направам вечера, доколку ветуваш дека ти ќе направиш појадок. Идеално место: продавница Близнаци (21 мај – 20 јуни) Близнаците немаат проблеми со пронаоѓање на пријатели, но кога се работи за партнер тука е потполно друга приказна. За да го најдете партнерот полесно, одете почесто на прошетка. Кога ќе се дистанцирате од познатото опкружување, полесно ќе стапите во комуникација. Идеално место: парк, кеј, шума Рак ( 21 јуни – 22 јули) Ако времето постојано го поминувате дома, мали се шансите да го запознаете партнерот, но затоа направете вечера и замолете ги пријателите со нив да донесат роднини и пријатели. Идеално место: вашиот дом, супер маркет Лав (23 јули – 22 август) Добар начин за да станете достапни е приклучување во волонтерска организација. Ќе изгледате помалку замислено доколку работите во добротворни работи. Лавовите често изгледаат премногу над сите, па потребно е да се појават во некоја приемчива околина. Идеално место: било каква организација, хор, клуб на читатели Девица ( 23 август – 22 септември ) Под тие совршено испланирани и пресметани личности се крие вистински романтичар. Немојте да се плашите да ја покажете таа ваша страна. Исто така, духовно ориентираната околина и духовни семинари можат да се покажат како вистински погодок за лов на Девиците. Иделано место: изложба на фотографии, танц Вага ( 23 септември – 22 октомври) Сакате ексклузивни места, софистицирани, сакате убави места, а за да најдете некој кој ги вреднува истите работи како вас изберете некое интересно место. Ако сте спортски тип добар избор е рафтинг патување. Идеално место: спа центар, на дегустација на вино Шкорпија ( 23 октомври – 22 ноември) Старсниот љубовник можете да го сретнете во бар. Одите во спа центар и таму ќе запознаете личност која ќе знае да ги задоволи вашите сензуални потреби. Идеално место: винарија, концерт, некој хотел Стрелец ( 23 ноември – 12 декември) Тешко го пронаоѓате партнерот, затоа што едноставно не можете на исто место да поминете подолго време од една секунда. Една од можностите е да запишете на некој курс кој ќе ве присили да бидете одредено време на едно место. Идеално место: интернет Јарец ( 22 декември – 19 јануари) Кога се занимавата со тешка работа, тогаш сте најопуштени, полесно комуницирате и помалку обрнуавте внимание на карактерните ситници. Идеално место: работолница „само свој мајстор“ Водолија ( 20 јануари – 18 февруари) Иако никогаш немате проблем со склопување на пријателство, вистински предизвик е да најдете партнер. Привлечни сте кога ја покажувате својата креативна страна.Приклучувањето во аматерска актерска група може да ви користи во вашиот љубовен живот. Идеално место: курс по сликање, пеење во хор Риби ( 19 февруари – 20 март) Спаѓате во групата на луѓе кои се наклонети кон романса и на работно место, на плажа, било каде. За вас само е потребно да одлучите да го пуштите својот партнер во својот живот. Идеално место: зајдисонце
Рак ( 21 јуни – 22 јули) Ако времето постојано го поминувате дома, мали се шансите да го запознаете партнерот, но затоа направете вечера и замолете ги пријателите со нив да донесат роднини и пријатели. Идеално место: вашиот дом, супер маркет нема врска ја дома не се прибирам хаха не ми се веруе дека е точно.
Под тие совршено испланирани и пресметани личности се крие вистински романтичар. Немојте да се плашите да ја покажете таа ваша страна. Исто така, духовно ориентираната околина и духовни семинари можат да се покажат како вистински погодок за лов на Девиците. Иделано место: изложба на фотографии, танц. Колку е само точна болдираната реченица. Ај доста не опишуваат ладнокрвни,сурови... Не се знае можеби...
Вага ( 23 септември – 22 октомври) Сакате ексклузивни места, софистицирани, сакате убави места, а за да најдете некој кој ги вреднува истите работи како вас изберете некое интересно место. -Точно Ако сте спортски тип добар избор е рафтинг патување. - Уат д хел? Патека за ролери! Идеално место: спа центар, на дегустација на вино - Ни под разно ! Поготово тоа со виното !
Хахаха во супермаркет? Ако треба таму да ја најдам љубовта, ќе се изначекам цел живот и можеби некогаш по некоја чиста случајност ќе се чукнеме пред некој равт со Милка чоколада (со лешници). Исто како во филм!
Шкорпија ( 23 октомври – 22 ноември) Старсниот љубовник можете да го сретнете во бар. Одите во спа центар и таму ќе запознаете личност која ќе знае да ги задоволи вашите сензуални потреби. Идеално место: винарија, концерт, некој хотел Па, точно е донекаде за шкорпиите.