Океј ситуацијата ми е: се радувам што Ристе победи сепак сум од Македонија, но жалам за Армин. Кога прогласија почнав и да плачам и да се радувам.. Мајками ме умре од преска, само ми вика е јас гласав за Ристе,а ти за Армин. Веќе да не бараш пари од мене за кредит.. И ме изнервира Јелена што на крај го гушкаше и рече: победио је мој, а онам му дава само 7 поени..
Нашиве растур направија во сите три емисии. Денес дознав дека Благица победила во Некои нови клинци, а Христос во Никад није касно. Штета што ние не знаеме да ги цениме талентите. Затоа ќе ни бегаат во странство.
Босанците најубаво пеат,супер Ристе што победи ама малце како да наместија,години наназад победуваат босанци,и сега мораа да прекратат малце.Алекса беше избран од стручното жири а никогаш се нема истакнато од предходно,да не звучам како Јк ама тешко дека ќе стане голема ѕвезда.
Кога го емитуваа финалето на Канал5 за 2017/18 ? Сега гледам на нет дека победници биле Анид Чушиќ и Теодора Токовиќ.
Во четвртокот во 22:00 почна . Теодора беше со најмногу гласови од стручното жири кое беше составено од 25 пејачи мислам. Ама Анид имаше најмногу гласови од публиката па кога собраа се -гласови од публика + жири , Анид го прогласија за главен победник . Тој ја зеде наградата - кола Шкода мислам . Исто како лани наш Ристе што победи. Инаку и Теодора ќе добие песна гратис. До скоро сите 12 финалисти добиваа песни од гранд . Веќе не добивате, само договори склучуваат со Гранд , песните сами си ги плаќале
Почна шоуто пак,нова сезона синоќа.Има многу измени,Аца Лукас не е веќе член на жирито. Ново студио,нови правила. Ништо не е интересно.Ќе паѓа гледаноста,прогнозирам.
И јас го погледав малку.Стварно ич не е убаво.И какви ментори стануваат како бираат не ми е јасно. Порано се знаеше кој знае да пее оди во 2 круг па 3 и тако даље а сега глупости..
Пак има гласање , нели гласаат дали им се свиѓа или не , иде као демек ако гласаат ок е го бива , добар е , па го сакаат за себе , и иде далје ,ако не добие глас од никој отпаѓа .. тоа со менторството ќе да е на крај после сите кругови ќе ги спремаат за финалето , обучуваат подобри да се , до тогаш ќе имаат сите само по некој .. Ипак поглупо е од порано
Ова сега е копија на шоуто The Voice.А баш беа оригинални пред тоа.Штета. Повеќето мислат дека ова не го бива.Значи не сум само јас со такво мислење.Треба да се спреми Попович да му падне контото во банка Ако сум искрена,порано го гледав заради глупостите што ги правеа членовите од жирито,а не заради кандидатите. Сега сите само седат како статуи и блеат.Нит задник на Карлеуша се гледа,ниту Аца Лукас го има да ги заебава сите И колку само ми е жал за Вики,никој не ја бира да им биде ментор.
Точно така пробале да украдат идеи од "Воис" и Х-фактор плус поповиќ вметнал и некои негови "фантастични идеи" на пример ова и продукцијата да може да спаси некој и на крај сето е измешано права каша попара Јас појма немам кој му е овој новиов член во жири, многу е озбилен, ќе ми недостасува Лукас оваа сезона, сега Марија сама ќе треба да ги тера сите упм
Изживеано е веќе. Првите неколку сезони беше интересно и навистина продукцијата исфрли пеачи. Сега реда ради. И на Гранд Продукција (на нивата ТВ) гледам нови лица.Девојките глумат лудило, имитираат странски ѕвездиа а пеат народњаци. Па и тој дечкото што игра позади секоја печка ОК е, ама морало ли на секоја песна танчер да има.Па и се еден исти човек.
Не се знае кој што прави и кој накај тера @ane.bella новиот член на жирито е Ѓорѓе Давид,така се вика.Во претходната сезона една емисија беше горе како Таинствен,незнам дали се сеќаваш кога го натераа да се симне долу да го видат кој е.Беше прилично интересен тогаш,сега нема глас од него. Најпознат е како член на некогашната група Генерација5.Своевремено имаше некои 2-3 хита и толку. Не му е ни до колена на Лукас за кариера.
Навистина не го знам овој Ѓорѓе Давид Уште во прва епизода тројца македонци продолжуваат во нареден круг, нај искрено само првиот дечко заслужи да оди во втор круг,тој беше и во минатата сезона и далеку стигна, прилепчанецот и девојката од Куманово мислам беше, многу слаби беа