Навистина му е внук? Ама тој и личи на вујко му, баш од ко рече дека се роднини ми почнаа да си личат,а и мајка му нели беше во бек стејџ и она иста со брат и.
Да да, со мајка му и со татко му беше, а лани не знам дали ја памтиш во бек стејџ идеше и сестра му на Оги, малку постара некоја година е од него и она има завршено Музички факултет. Цело семејство музичари
@cresa-jagoda работава фамилија музичари во вистинска смисла на зборот Е многу ме нервира шо и по натаму продолжуваат да зборуваат за килажата и тоа како се облечени натпреварувачите, небаре избираат мис на балканот а не пеачи, стварно нема смисла. Можда малце е налудничаво да споредувам ама ајде, ќе го земам за пример американскиов the voice(кој патем вечерва почнува нова сезона Yes!!!) низ сите поминати сезони секогаш се појавуваат пеачи 3× по големи од овие на ЗГ, ниту еднаш никој им нема речено,абе убо си пееш ама ништо нема да направиш никаква кариера додека не ослабеш или не дај боже да им речат не ми се допаѓа твојот начин на облекување,тоа до сега не се случило ниту ќе се случи,дури и тие што не добиваат шанса да продолжат по натаму ама секогаш добиваат комплименти, а овде посебно Јелена лом ги прави, страшно
Почнува вечер во 8 по америчко време,каналот е NBC, пробај види на NBC.com може има нешто да се гледа во живо,или може од утре ќе најдеш нешто на Јј туб. Јас живеам во Америка и директно го гледам.
Заслужена победа за Џејла, реално и најдобра беше во текот на целиот натпревар. Нашите сите беа одлични, Мартинијан со најдобар пласман. Особено ми е драго за него бидејќи неколку години по ред се натпреварува.
На 45 и во Никад није касно нека се пријави. Не следев ЅГ, ама некако нефер ми е да пуштат да се натпреварува некој кој веќе има победа во истата продукција и започнато кариера со свои песни. Има и огромна база на фанови, секако дека она ќе добие најмногу гласови од публиката. На другото девојче му фали повеќе препознатливост и отскочна даска. Џејла беше со vip edge што би се рекло.
Па до 45 ако не направи ништо може и таму да се испроба. Ја немав следено кај што се натпреварувала претходно и сега деновиве разбрав дека има победено. Малку нелогично, ама со среќа нека и е. И мене ми е исто нелогично луѓе кои веќе имаат издадено песни и спотови да земаат учество на било кое талент шоу. А ги има повеќе такви, ете и нашион Огнен има некоја песна.
Фала богу, некој со исто мислење како јас. Џејла веќе си има своја кариера да не кажам. И не требало вака да испадне ова. Наместо некој што првпат е во Гранд да се натпреварува, они нејзе ја стават.
Се знаеше однапред дека Џејла ќе победи. Многу ја форсираа од самиот старт. А и намерно ставија 5 македонци за да не победи некој од нив.
Последниве 2 сезони ужаш не дека претходно беше нешто wow ама солидно,музика аматери... За жал житото секогаш е тука да ти го расипе амбиентот и да ја искучиш емисијата.
па вистина. Кај е да се врати сезоната кога се натпреваруваше Милан Станковиќ и оние Тања Савиќ Стефан анѓелковиќ....
Ја најдов темава само за да кажам дека Жарко е најмаче (ако некој ја гледа уште оваа сезона, знаете за кого зборувам)