Дали е вистина дека денеска во 22 часот ќе се одржи полуфиналната емисија? Некои зборуваат така, но не видов реклама на Канал 5 или не сум ја забележала.
После првата испеана песна на Мите, веднаш реклама. Сменив на PRVA и таму поминаа дурии 2 пара, кога се вратив на Канал 5, овие беа на прегласување за Мите...досадни се веќе, мора да намалат малку со реклами, 5 минути се доволни што мора по 10 минути една реклама да трае.
Финалисти: 1.Исак Шабанович 2.Зорја Пајич 3.Садик Хасанович 4.Ивана Богичевич 5.Немања Петрович 6.Бојан Павлович 7.Махир Мулалич 8.Мартин Ајдаревич 9.Крстиња 10.Браќата Казич 11.Селим Селимович 12.Белма Хусеиефендич 13.Марија Груевска 14.Валентина Кузманович 15.Мухарем Хадрович За кого навивате и кој мислите дека ќе победи? Јас навивам за Махир и Мартин, иако мислам дека Исак или Зорја ќе победи(со оглед на тоа дека има само гласање од публика). Само не ми е јасно што бараат Ивана, Браќата и Марија во финале...ама ајде нека им биде.
Махир и Крстиња Истото беше и минатата сезона, мора да имаат по некој кој што е разголен, и некој кој што ќе им направи шоу а пеењето го нема никаде.
Најверојатно. Не дека го слушам нејзиниот стил на песни или се рабирам дали пееше убаво или не. Ама тие цело време коментираа дека е супер, најдобра, дека некој треба и таков вид на музика да пее.
Искрено, после испаѓањето на Ханад и на Александар за да остане онај Страхиња не ми се ни гледа, ни па навивам за некој посебно. Воопшто не беше фер спрема овие двајца, според мене беа ептен добри. Посебно Ханад ми зрачеше со некоја посебна енергија. Сега немам фаворит, можам за Махир да кажам дека е еден од подобрите.
Мои фаворити Валентина и Белма. Предобри. Од народњаци не ми текнува како се вика, да се потсетам на лик само го знам. Ќе допишам. Филип… ама изгледа не поминал во финале. Штета. И оној дечко ко Чолиќ што пее е одличен. Има предобри кандидати ама некои стварно ги префорсираа се согласувам, ко на пр. браќата, Крстиња…која патем веќе не знам која сезона по ред и е и плус мислам учествуваше во Пинк Ѕвезди. Досадна стана иако предобар вокал. Исак е одличен ама и него го форсираат така да на моменти одбивен ми е. Од нашите за Мите сум. Едит: и Махир го заборавив. Одлична мачна долга сезона … нека победи најдобриот.
Не ми се допаѓа што Саша со своето однесување прејудицираше кои кандидати ќе бидат во финале. Се забележува дека го форсира Исак. Кога жирито кажа дека него неколку песни го делат од голем концерт, Саша климаше со глава и вели „биче, биче и то“. Исак при првиот настап ми остави впечаток, а потоа веќе не. Премногу се клати на сцена. Тој пее рок, но да не заборавиме имаше и кадидати што пеат и поп, и народно, и се живо, ама испаднаа. Не ми се допаѓа тоа форсирање предвреме. Вечер навувам за Мите. Марија се вадеше на сценски настап.
Јас мислев само јас така мислам за Исак ама не сум била единствена(истото го мислам)...факт е дека има доста добро пеат ама се гледа од километри кога некого форсираат... Пр.И белма ми е ту мач да е центар пажња-кога гостуваа во специјал ... фаворит немам и онака од кај да знаеме дека предвреме тие не исценирале кој ќе е финалист...