Белма не сум ја запаметила, а гледам редовно. Исак пее, да, и беше интересен при привиот настап со Ханад, а потоа можеби и него го понесе слава, не знам. Моите дома гледаат, и го прокоментираа дека има навистина селска фаца и дека се тресе како дрогиран. Дека премногу глуми при пеењето.
Исто мислење за Исак. Првиот настап добар, се крена прашина и очигледно дека се форсира за победник. Па откако отпаднаа Ханад и Александар, кои беа далеку подобри од него, ептен беше очигледно дека се форсира Исак. Ханад ми беше фаворит оваа сезона. Мите убаво пее, но незнам дали би направил нешто и после ЗГ. Марија никогаш не ми се допаѓало како пее, има само интересни сценски настапи и мислам поминува благодарение на тоа.
Валентина и Махир се мои фаворити. Ги памтам уште од кога прв се пат се појавија. И Мухарем е супер. Исак и Зорја ми се антипатични некако, не е дека не се посебни и не заслужуваат финале. Мите исто знае многу добро да отпее понекогаш. Останатите ништо посебно според мене..
Ханад во секоја емисија беше одличен. Ама ете го тргнаа, јака конкуренција на Исак и според мене многу е подобар од него требаше да остане. Ќе беше интересно двајцата да беа во финале.
Ханад беше подобар од Исак милион пати. Секогаш поминуваше директно. Некоја политика на ЗГ, смислено кој да биди победник и да нема конкуренција. Па и Зорја освен првото појавување, јас до сега не слушнав ништо добро од неа, па и таа да е фаворит
Цело време им даваат надеж дека ќе бидат ѕвезди. Ристе Ристески од Охрид нели победи претходните години. Видов на гранд се вртеше негова песна на српски, една брза, и една спора имаше со есенско време на спотот. Го нема по медиуми, како да го снема. Инаку, си имаат двојни аршини. Ќе дојде девојка од 31, 32, 33 години и многу пати Карлеуша ги напаѓаше „што сте правеле досега, каде сте биле досега, ако ве бивало зошто не сте направила кариера“? Браќата Казиќ едниот има 31, а другиот 37 или 38 години, па никој не им рече каде биле досега.
Само мене ли не ми се допаѓа тоа што во финалето ќе пеат исти песни што ги пееле во натпреварувањето? Баш треба финалето да биде посебно, а не веќе што сме слушнале нешто, сега треба да изненадат и да се потрудат.
Исти песни ќе пеат? Леле досадно ќе биди ко така. Јас па се спремам бебето да го заспијам и да го предадам на татко му, да гледам во тишина хахаха
Аман го отупеа. Кај им текна ова, се тие па тие песни ги слушаме. Ретко некој со нов репертоар, нешто поразлично и поретко изведувано.
Сигурно немаат време време да се спремаат па ајде од старите песни. Фаворит немам,не знам зошто,ама едно знам Исак ми стана многу одвратен му се дигнаа акциите а и он со нив, па и кога пее како пијан ми изгледа.