Овој Исак освен викање и дерење ништо друго не слушнав. Супер ефекти и бендот во позадина, ама тој ми е многу одбивен и форсиран, ништо не се разбираше што пее.
За сега изгледа интересно, секоја чест за кандидатите што максимално се потрудиле. Јас стварно не се разбирам од музика, ама ушите ми прокрварија на првата изведба на Ивана Богичевич со песмата "Хајде".
Мило ми е некој што се претстави вака, за сите земји од Бивша Југославија, за сега најубава изведба, браво
Ова на Зорја ми изгледа како да и е тактика, од сите земји по некој дел од песна што е карактеристична за таа земја да испее, за гласови. Во секој случај маестрално отпеано, многу ми се допаѓа.
Никогаш не давам пари за вакви емисии, ама морав за 9 да пратам порака. Зорја напред! Прекрасна, предобар глас, родена за сцена
Уау...сите добри на свој начин. Браво! Најдобро финале досега. Зорја прекрасна, Марија уникат и посебна како и секогаш, а и плесачицата на Селим наша...Сара од Скопје. ❤