Има добри пејачи. Ален Хасановиќ остави навистина впечаток. Да и мене ми пречи што не пеат македонски песни, туку кога ќе слушнам некоја глупава песна од Цеца со тапа текст. Ако веќе можат и поп музика, ние имаме прекрасни поп песни, евергрини. Што не пеат нешто да бидат поразлични. Инаку во жирито има луѓе кои послабо пеат од кандидатите, а се прават паметни. Аца Лукас мене не ми се допаѓа како пее. На Снежана песната Лепи мој ја слушнав оригинал и кандидатките поубаво ја испејаа од неа.
Martinijan Kirilovski prodolzuva vo vtoriot krug, dali nekoj znae do sega kolku vkupno Makedonci ima sto prodolzuvaat vo vtor krug? jas znam samo 3-ca,Alen,Oliver i Martinijan,dali imame i zenski pretstavnik?
Што мислите ? дали е се ок? ваши мислења околу оаа тема дали вчерашните македонци требаше да продолжат понатаму?
Требаше ! Кристијан Тасевски дефинитивно ! Незнам дали тоа пропзициите на Гранд не дозволуваат или самиот сакаше да го пее Маринко Роквиќ не ми е јасно зошто не ја пееше својата песна од Валандово која е многу убава ? Но знам дека подобро и што не помина . Критериумите на жирито се изнестени. На секому даваат 6 ѕвезди како договорени. Да не ги заморува Саша Поповиќ да објаснуваат.Поминува кандидат само затоа што има глас како Џеј . Копија .Препорака до македонските кандидати доколку не обезбедат матрица за соодветна песна која ја сакаат да ја пеат или не им дадат време да сами обебедат матрица да го откажат учеството. Вака не добиваат апсолутно ништо . Единствен претставник што навистина доби а и самиот изјави дека приоритет му било само да го види и запознае е Исак Реџиќ. Испеа песна која дури ни Македонците не знаевме дека имаме толу убава песна.Македонски претствници бидете достоинствени не дозволувајте да бидете предмет обидете се да Ѕвездите на Гранд да се качите скалило повисоко а не да се симнете скалило подолу !
Има многу наши добри кандидати кои не поминаа, а пак како за инает ги пуштија послабите наши кандидати меѓу кои и оној Даниел незнам од каде беше ама се гледа дека го копира Тоше Проевски и воопшто нема убава боја на гласот! Многу ми се допадна како пееше Исак Реџиќ, Кристијан од првата вечер иако не помина и секако вчерашниот кандидат што пееше песна од Никола Роквиќ, Дејан мислам се викаше од сите кандидати имаше навистина убав глас . Мислам дека овие што се во комисијата се пристрасни кон нашите кандидати.
Забележав дека поминуваат кандидати од други земји како од Романија , Хрватска ( Риека ) сега од Црна Гора ( Подгорица ) а изгледа сметаат дека доволно се Македонци. За Кристијан од првата вечер заслужува повеќе од Даниел Савиќ.
Ѕвездите на Гранд во саботата не беа нешто посебно. Нашата претставничка направи лош избор на песна. Не знам што мислеше кога ја бараше оваа песна. Дали таа мисли дека ако ја пее секоја вечер значи знае да ја пее ! Едно е да пееш во кафана друго на грандиозна сцена . Сметам дека се преценила самата. Девојката што ја пееше Црно и бело сите честитки. Дури ни на аудицијата не пееше убаво. Дали Саша Поповиќ намерно ги одбрал овие досегашни женски кандидати. Мислев дека минатиот женски кандидат е најлош но сум се излажала. Таа убаво пее но направи лош избор на песнаа во саботата очигледно не само што направи лош избор на песна туку нема поим од пеење. Место да вината ја бара кај себе вината ја бара кај жирито. Премногу е самобендисана што досега не беше случај со женските кандидати. Ѕвезда не се станува на овој начин.
Ја пееше Бато од Калиопи, а во бараж Молитва од Марија Шерифовиќ. Не влезе во првите 5 Ова беше прва женска вечер каде девојките стварно беа одлични
Ahm fala ti, ne ni ocekuvav a vleze posto po reklmite sto gi davaa se gledase deka ke bide odlicna vecer. Nisto ke ja gledam ili na youtube ili od pon do pet na vecer.
Ништо од македонките вечерва. Сара ја дочекав многу убаво пееше на аудицијата но ништо леле кога почна да пее во баражот како друга песна да немаше аман. А таа другата нез како се вика аууу леле секој момент чекав стакло да пукне од гласот. А другите добри беа според мене секако.
Леле таа што ја пееше Море сокол пие, цццц кој глас го извади човече ми се повраќаше, не знам според кои критериуми таа добиваше звездички и пофалби, кога беше чиста утка.
Да бидам искрена не го гледам шоуво од причини шо не слушам ваква музика и не сум баш упатена во правилата на шоуво кој како и зошто поминува во наредниот круг. Ја гледав Сара на јутјуб и Ангела ли се викаше..? И вака останав но комент.
http://www.peticije24.com/vratimo_zoricu_brunclik_u_zvezde_granda Ако сакате потпишете ја петицијата Благодарам
Оваа сезона за прв пат ги гледам „Ѕвездите на Гранд“. Не баш редовно, но ги изгледав повеќе од половината емисии... Порано мислев дека на ови натпревари има само турбо фолк музика, но сега видов дека се застапени сите жанрови на музика!!! А, колку се талентирани дел од натпреварувачите ... Многу од нив пеат поубаво и од членовите на жирито!!! А, жирито!!! Страшни се !!! Посебно Зорица Брунцлик, која е ептен искрена и оригинална!!! Штета што ја нема во последниве „кругови“ од натпреварувањето!!! Ми се допагаат и коментарите на Босанац кој е најреален . Од Македонските кандидати во полуфинале останаа двајца - Ален, кој веќе е во финале и Филип кој вечерва се натпреварува за влез во финале ... И двајцата се страшно добри пејачи... Најдобро им „лежат“ песните од Тоше, Здравко Чолиќ... Но, најдобра изведба ми беше „Зајди зајди“ од Филип
Вечер, финале на Ѕвездите на Гранд!!! Ке биде интересно... Сигурно еден од последните двајца супер финалисти ке биде Македонец!!! На сите натпреварувања оваа година беше така, па 100% и на ова ... http://vistina.mk/?p=228801 http://vistina.mk/?p=231732