Иако бев за Исак кој стварно пее феноменално, но заслужена е и тоа како победата на Махир. Оваа сезона баш имаше доста добра конкуренција, кои опфатија секаков жанр на музика, помеѓу сите финалисти одличен беше и нашиот Мите.
А бе се е тоа Ок ама не се најде некој од овие нашите да му направи песна на детето? И онака ни е тапа естрадата па можат да допринесат малку. Може ќе се покаже.
Немаме асални продуценти да ги засукаат рацете. Продуцент прави звезда на кој сака... И го пропаѓа на кој сака. Така е шаблонот и во турнофолкот или што сакаш друго. Лејди Гага со песна од 3 зборови беше на врвот.... Одличен продуцент... Пласман.. Реклама... Лобирање
Мене Валентина и Исак ми беа фаворити за победа. Махир прв пат во финалево го дознав кој е и ми се свиѓа како пее. Честитки на победата
Нека се преврни Карлеуша слободно сега , ете толку оваа крекалица разбира од музика и талент, убо и рече и Махир "преврните се одмах" 5:22
Синоќа заради рекламите не гледав до крај. Утрово видов дека Махир победил и не можам да опишам колку ми е драго. Најпрво планираше да се откаже, поради смртта на мајка му а еве сега и победник се стори. Браво
Гласав за Мите повеќе пати. Убаво пееше, убаво изгледа. Секогаш е смирен, културен. Мило ми е што Махир победи. Заслужено. Ем убаво пее, ем е млад и убаво изгледа момчето. Мило ми е што Исак испадна. Ме нервира кога некого форсираат и затоа. И тој освен рок, друго не може да пее. Нема да звучи убаво ако пее поп или народно. Мите пак убаво пее и поп и народна музика. Луѓето како Марија и Ивана Богичевиќ кои се гол задник сакаат да се пробиваат мене не ми се допаѓа. Гласот на Марија е специфичен, и таа може според мене да пее само одредени поп песни, но тоа би бил тесен репертоар. Замислете ја да пее народно, како ќе звучи со тој тенок и остар глас. Си треба шоу, но без пеење ништо. Ако сакаме шоу, ќе си одиме во циркуз, не мора некој да снима и пее и да глуми циркуз. Добриот глас победува се. Валентина беше одлична.
Марија пее и народно, има специфичен глас, може на некој да му се допаѓа, може и не. Вчера првиот настап и беше врв, со замисла, тема, убаво испеа, светски настап. Јас знам дека на балкан се ограничени, сакаат оро, тапан или здравко чолич стил, али мора да се сфати дека е 2021. Марија дефинитивно беше запамтена оваа година и е во топ 8 супер успех. Во втората песна вчера беше подоссдна, полош избор и ете тос е. Меѓутоа и мк е мало глассчко тело. Во секој случај, браво им покажа нс сите и им ја затвори устата
Мислев дека Исак ќе победи а сепак се надевав дека Махир ќе биде победникот. Дефинитивно заслужена победа. Дечково и убаво пее, има став на сцена, харизма, се што е потребно за една таква ѕвезда според мене. Не се сомневам дека ќе изгради блескава кариера. Браво Махир!
400.000 се вкупни смс пораки од сите кругови на гласање за сите 16 натпреварувачи. 270.000 се вкупно гласовите кои ги освоиле Махир и Исак во текот на целото гласање.
Не можам,а да не го искоментирам национализмот што беше презентиран во вчерашното финале. Да не бидам погрешно сфатена, не мразам никого, ама претераа вчера. Зошто не пееја такви песни во осумте кругови, туку вчера се сетија? Вчерашната емисија ми личеше повеќе на дефиле, отколку на спектакл. Очекував многу повеќе од организацијата, мислев ќе ја преминат Евровизија,ама дефинитивно сум се прерачунала. Марија и Мите беа прекрасни. Автентични како и претходно. Без глупирања, сосема смислено и како што сме навиканти од нив. А, Махир, мојата 13, знаев дека одамна ќе победи. За мене е целосен пакет. Културен е, смирен е, пее и знае да владее на сцената. Од друга страна, по смртта на мајка му, браво за храброста да продолжи да се бори. Ова се моите впечатоци од вчера, се надевам нема да ви биде здодевно да читате