Леле зошто ги нема настапите што ги имаа во специјал, гледав по сториња многу работи беа скратени, ако излезат некада пиши.
Кога го отворив видеото, веднаш кога излезе, мислам дека подолго траеше. Не знам зошто се скратени настапите, можеби посебно ќе ги објавуваат.
Чуден е животот, и често пати доста не фер. Баш жалосно , браво за Махир што и покрај оваа трагедија продолжи и успеа да издржи до крај! 14:13
Исак со нова песна. Мене лично не ми се допадна на прво слушање, многу ме потсетува на песните од Бело Дугме кои всушност и не ги обожавам баш. Можеби има една, две песни од нив што ми се онака убави и толку.
И мене ми е глупо што нема спот, може и само да стои со бела позадина и да пее, поубаво ќе изгледа него вака во студио. Засега само Исак и Валентина имаат песни, за другите не знам кога ќе ги објават.
Јелена го прекина со ЗГ договорот пред време, тие сакаа изгледа да ја донесат и Цеца и да ја чуваат и Јелена ама не им успеа. Цеца ќе биде добро освежување за шоуто, ја гледав кога беше на Пинкове Звезде, ептен е приземна, брутално искрена но не и безобразна како ЈК. Ќе биде доста интересно.
Карлеуша интересна беше, се облекуваше уникатно. Но претеруваше со навреди кон кандидатите. Цеца на Пинк, ретко ја гледав, но супер беше. Мислам ќе привлече гледаност, ќе видиме.
Премногу е досадна Цеца, типувам дека ќе им се намали гледаноста. Во Пинкови Звезде едни исти муабети вртеше, " ти си мени супер", " мени је то било лепо"... Премногу фина се правеше, што воопшто не придонесуваше на гледаноста. Мислам дека и Марија наскоро ќе ги напушти, искрено не очекував дека Јелена ќе замине.
На инстаграм објавуваат слики и видеа од снимањето на новата сезона, сите се исти само Цеца нова. Леле дааа.. Никогаш не се облекувала убаво.
И Цеца ја сакаат сите, нели е таа Српска мајка нема шанси да се намали гледаноста, знаат што прават од продукција, три години ќе била во жири.
Можеби ќе се врати сличниот жар како на старите емисии, пред да дојде Карлеуша. Ми се смачи веќе од разголени девојки и пејачки способности на ниво на аматер. Можеби ќе почне повеќе да се оценува пеење, а не стајлинг и сценски настап. И да се намалат солзите во емисијава, што Јелена беше причина за поголем процент.
Добро кажано. Во старите емисии никој не гледаше на стајлинг, дебели, слаби, убави, неубави.. Се коментираше само пеењето и тоа траеше кратко. Во последно се пееше 5мин, се коментираше 2 сати.