Почнаа со емитување на Ѕвездите на Гранд од вчера. Гледаше некој? Споделете впечатоци. Ќе пишам и јас подоцна, моментално гледам снимка.
Јас гледав синоќа. Факт е дека поинтересно е со Јелена. Цеца ми делува фина, сака на сите шанса да им даде и да ги мотивира, но е досадна. Некако Вики си ги крена акциите дека Јелена не е тука па се опушти малку инаку не смееше да писне. Другите стандард. Џорџе ми е вишак. Имаше баш тапа кандидати и некако глупо им е тоа правило да враќаат стари кандидати така на стара слава.
Слабо интересно годинава, досадно некако со Цеца. И што е ова повеќе со паник или еден глас продолжуваат понатаму до толку ли немаат кандидати годинава што се живо пуштаат да продолжи. Па и утепаа со реклами и платена политичка програма. Ај мож ќе продолжам да гледам после 17 октомври.
Јас заборавив да пишам впечаток ама од толку досадно што беше ништо не запаметив. Досадно предосааднооо.. Кандидати, жири се предосадно. Не разбирам што е ова со старите кандидати што беа финалисти? Зошто ги има пак нив?
Сигурно пак си ја пробуваат среќата, многу има од минатата година. И некако не знам не ми е баш интересно, ги пуштаат сите и мене ќе ме пуштеа да се пријавев. Со Цеца многу е досадно, се едно исто кажува.
Ама финалистите веќе имаат договор со Гранд нели. Освен да стекнат популарност не гледам друга причина да ги има во новата сезона. Сите се досадни, не само Цеца хаха.
Синоќа беа во право, Саша од емисија во емисија ги менува правилата, глупости. Откако никој не го сакаше еден натпреварувач, измисли дека мора да го даде некому, бидејќи имал 4 гласа. Правилата колку некогаш се океј, толку некогаш немаат смисла. Најмногу мразам кога видам дека некому ова му е четврта, петта сезона...Најмногу две шанси, ако не се докажат нема веќе што да бараат, досадно е, со сила ги гураат старите натпреварувачи.
Ланските финалисти добиле песни ги промовираат. Иначе нема стари оваа година, што е ок. Ќе се приклучат понатаму, директно од некој погорен круг. Али досадни се секако, јас одамна не ги гледам коментарите, ги мотам само овие што пејат. Саша шеф, како ќе му текне така си прави..
Искрено мене, сега за сега, ми се допаѓа новава сезона, некако со Цеца во жири ми e некое освежување. Колку и да беше на моменти Јелена интересна, толку ми беше на моменти напорна за гледање. За разлика од лани има доста "послаби" кандидати до сега, освен 3-4 што ми оставија баш убав впечаток. Од стариов состав на жириво, Мили ми е многу напорен некако на моменти, Бекута, Снежана и Босанац стандард океј се, Џорџе како ќе го дувне ветрот, на Вики и се кренаја акциите некако сега без Јелена, а за Марија имам впечаток како со сила да е тука, како да не и се работи, целата е со негативна енергија. Овие прв и втор круг се малку досадни, од трет круг кога ќе почнат дуелите ќе биде доста поинтересно, тогаш и ќе ја видиме Цеца каква е ко ментор, дали ќе може да им се спротивстави на жирито.