А ги уважуваат гласовите од публиката или за џабе гласаш? Нешто како што беше кај нас за изборот на песна за евровизија. И во кој круг има гласање од публиката?
Само во финале гласа публика и публика одлучува кој е победник. Жирито ги бира само финалистите. Пред 2 години (кога победи Џејла) гласаше и публика и жири и се береја поени. Годинава не се знае уште како ќе биде, ама мислам дека истиот принцип од лани да публика избере победник. Победникот добива кола и 2 спота, а сите финалисти песна.
Мене ова ми личи на местена работа затоа и прашав дали ги уважуваат гласовите на публиката или џабе е да гласаш. Имам еден фаворит секогаш добива 6 гласови и еднаш испадна во бараж со 6 гласови. Па ја врати ја и пак доби 6 и пак ја шутнаа.
Местена работа е, одамна е јасно. Ама публика гласа во финале само, а финалистите жирито ги бира и Саша. Ептен добри кандидати испаднаја... Дали Матеа хрватицата ти беше фаворит?
Не. Кога седнаа Мина и Матеа на столче тогаш Саша рече дека најтешко му било да одлучи меѓу нив две. Тогаш спомна дека и која и да испадне дека може и да ја вратат. Знам кога кажа на почетокот на емисијата дека ако еднаш вратиле некој тогаш не може пак. Ама кога седнаа тие двете на столче, така рече. Сега, не знам. Ти си гледала и претходно, сигурно подобро ги знаеш правилата од мене.
Скопјанката не и го памтам името (со звезди на градите што имаше фустан) што е кај Џорџе, дали уште е тука или испадна? Многу убаво ми пее Кој ви е фаворит од останатите? Мене уште од почеток ми е Енис Тодич, пре убав глас ми има и како многу фин дечко ми се гледа. Не ми е гледана последната епизода, се надевам не е испаднат.
Андријана е таа, сеуште е тука. Бо 6ти круг. Многу убаво ми пее и мене и некакако ми е убава,згодна. Цел пакет. Јас имам од секој тим по еден фаворит. Од Вики ми е Теодора Марковиќ, од Ѓорѓе ми е Јосифовски, од Мара Мелиха и Драгана, од Босанац Антониа, од Бекута фаворит ми е Тамара Живковиќ, а од Цеца Наталија, од Мили малата Јована што пееше Лутка за бал.
Од кај Цеца, Иванааа На оваа Наталија не се ни сеќавам. Баш сега гледав нејзин инста и не ми оставила некој впечаток.
Сега е вратена. Таа има најголем потенцијал да направи нешто после шоуво. Просечен вокал, атрактивен изглед, атрактивен репертоар. Ќе полни за некоја година клубови.
Ама мене ако не ме привлече нешто, дали е некаква енергија или било што, колку сака нека полни клубови и какви сака нека песни пее, јас нема да ја слушам. Кога дојде Карлеуша во Скопје мислам дека јас бев меѓу единствените од тие мое тогашно друштво што не и бев.
Тоа е точно. Пак ќе си ги слушаме тие што нас ни одговараат и ќе идеме на нивни настапи. Таа би била некоја си ѕвезда без разлика дали нас ни се допаѓа или не. Се е тоа ствар на вкус.
Да таа е, е убаво што сеуште е тука. Навистина е до енергија и како се снајдуваат на сцена. Нашата Драгана од Струмица на пример пее растура ама не ми е интересна за гледање, досадно делува. А пак Дамјан мислам му беше името и тој од Скопје, воопшто не можев да го гледам, тој пак од премногу што пробуваше да се направи интересен на крајот вештачко и одбивно ми делуваше. Мило ми е што го вратија Ади Бегич, мил ми е и многу по различен од останатите. Оваа сезона има доста нови и добри кандидати, ама слабо фаворити имам.
Јас почнав годинава ради Цеца да гледам. Ама знаеш као иде, ќе ти остави некој некаков впечаток и ќе го засакаш, после коа ќе испадне не ти се гледа веќе. Мене пак Дамјан ми беше интересен. Исто и Горан нашиот. Испаднаа и двајцата.А оваа Андријана не ми е нешто посебно. Ама ми текна на фустанчето што го збориш зашто ја објавуваа по фб дека била ептен провокативно облечена. А иначе од тие што испаднаа фејв ми беа: Толе,Иван,Горан, Дамјан, Ризо, Дада(ја сакав уште од првиот круг) и Матеа највеќе .
Имав пишано дека Дада ептен ја сакам и нешто приметив што не ми штима. Вика дека е од Тиње. Си реков ај да отворам да видам каква била пред 3 години кога се натпреварувала. Таму и пишува дека е од Сребреник. Малце бев у шок што се дешава? А Дада вика дека од Сребреник сите знаат да пеат, а јас сум од Тиње. Wtf Нисам ја одавде