Драгана беше од нај квалитетните гласови оваа сезона, исто и Александра, не ми текнува на презимето (мислам по професија е адвокат)?! ама и многу други што беа по добри се испаднати веќе, ама важно Жарко, Ивана Дулич и слични на нив се во четвртфиналето, или нареден круг е полуфинале?
Аааа да Александра кај Цеца што бешее, квалитетен вокал беше, исто и Стојана од тимот на Марија, исто и Златко Толе, доста квалитетни вокали имаше сезонава кои испаднаја ради некој што е добар за посао или 6 7 години уназад се натпреварува, па е здосаден и богу и народу, што би рекле србиве.
Утре е. Мислам дека ко и досега ќе биде. Не се сеќавам во саботата нешто различно да кажаа. Само кажаа за терминот дека 24 ќе е, а финалето на 25. Тоа мислам беше се. Не ме држи за збор.
Јас прв пат гледам затоа и прашувам. Само еден фаворит ми остана. Како ќе биде со песните? Нешто слушнав дека по неколку ќе се пееле. И како ќе им се рачунаат гласовите?
Ама тоа за финалето ... Полуфиналето исто ќе си е. Во финалето се пеат повеќе песни затоа што после секоја испеена песна испаѓаат по неколку (пример 3) п аостанатите 9 пак ќе пеат, па испаѓаат пак три па останатите 6 пак ќе пеат и така дур останат тројца и се гласа (гледачите гласаме) и после се прогласува победник. Не се сеќавам дали од старт може да се гласа или само тие 3 кога ќе останат.
Јас прв пат почнав годинава да гледам ради Цеца и сега нормално ќе се појави и некој фаворит. Ајде ако ми остане во финале може и ќе гласам да видиме
Да утре е, снимено е веќе полуфиналето уште минатата недела. Ќе има 13 пара и нормално со 6 гласови директно, 3 4 5 во бараж. По 2 песни регуларно ќе си пеат утре. Мислам во финале 16 треба да поминат. Е таму пеат повеќе песни и имаат поголема минутажа за песни. Е сега некој ќе испее 5 6 песни, а некој само 1. И мислам дека снимале вчера настапите за првиот круг на гласање. Дека не им е баш се во живо.
Не можам да ги слушам веќе со песниве од пред 50 години. Гледам заради Александар и сличните со асален репертоар. Иначе Александра не требаше да испадне, ама зависи од гласањето, то е.
Мелиха можеби. Некако фаворизирана е од почеток. Многу народњаци некако. Андријана требаше да оди понатака. Феноменална беше.