Ја па мислев дека ќе бидат две полуфиналиња. Баш сега се зачудив дека пак беа во дуел Славица и Белорусинката.
Ја мислам дека Белорусинката ќе подбеди реално стварно е ѕверка како што вели Марија. Само што нема кој да гласа за неа. Славица некако многу непопуларни песни избрала, ама бидејќи е единствената од Македонија очекувам понатаму да помине.
Мене од досегашниве Белорусинката и овој Нејаз најдобри ми беа. Нашава со песниве не воодушеви, гласот секако одличен. Сезонава не ја пратев воопшто, така да кажувам само од вечерва она што видов и слушнав досега.
ептен е скромна ама реално не е и некое пеачиште, исто како овој босанецов што нема никаква харизма ниту го паметам ниту можам да се сетам на него.. Славица реално дотука стигна бидејќи е единствената од Македонија. Инаку стандардно на крајот останува еден Македонец и Босанец..