Би се сложил со вас, некако ја губат таа своја вредност која ја имаа стекнато со текот на годините. Порано беа некако подобри, а сега спрема тогаш се е сосем различно. Јелена Карлеуша, Аца Лукас, Шабан Шаулиќ, Зорица Брунцлик беа моите да речам на еден начин најдобри за жири, а сега кога се сменаа и остана само Бекута, Босанац и Снежана го нема тој сјај.
Нека се јави некој што успеа да ги сфати правилата оваа година. Ми мириса дека ќе биде најглупата сезона. Едноставно нема никаква логика да враќаат кандидати кои имаат учествувано дури и во финалиња.. Додека жирито некако почнува да станува монотоно, дополнитело и тоа со коментирањето од 30 сек први да биде уште подосадно.
Андријана со тоа знамето го отупе, на тој начин пробува да придобија гласови бидејќи вокално е послаба од другите. Бугаринот треба да победи, добро ќе биде за маркетинг за Гранд.
дај не зезај Андријана растури оваа година.Заедно со Мики и Шејла се најдобри годинава. Очекувам Мики да победи реално најдобар беше.
ако останат двајца македонци и босанец мислам дека тешко дека некој наш да победи, луди се босанциве со гласање.
За прв пат следам и гледам годинава пошто лично го познавам Мики и многу ми е жал што талент како него заврши на овакво шоу. Му имам и на свирка отидено, дечкото има вокалиште. Ушиве ми крварат од турбофолков и завивањето на кандидативе, а и овој Саша Поповиќ ми е уберсељачиште. Девојкава од Прилеп ми е турбофолк тетка, а Андријана има најголем потенцијал да стане позната тезгарошица низ мкд и да настапува на нашите манифестации како компиријади, ајваријади или Културно Лето во Македонска Каменица заедно со Ламбе и Некстајм после фустанот со вергината. Ќе лапне и тезга низ Австралија, а може и Бојана Скендеровски да ја земе во проектот ,,Македонијо во срце те носиме" и да ѝ даде да препее некој кавер на Јонче Христовски. Тоа е максимумот за неа.