Хахаха сериозно овој Ферари ,мислев на шала е некоја до тука стигнат ..човеков појма нема ,ама како што рече Марија ,најдобриот нека не победи..јас мислам босанец некој ќе победи ко и секоја година
Мајка ми гледа редовно и ми кажа дека Саша Поповиќ од кај него го купил ферарито и он го викнал да дојде во ЗГ, затоа бев сигурна дека ќе стигне до топ 3.
Фала богу, да беше лани реално исто Мики ќе победеше. Му посакувам кариера а не да го снема ко таа струмичанката.
Браво за Никола. Убаво се претстави и тој цела година а и земјата. Немаше јака конкуренција во финалево.
Мики лани не победи бидејќи беа заедно со Андријана во финале и нормално гласовите од Македонија се поделија.
најслабо финале. Од овие ни пола не би поминале ниту 3/4 круг во претходниве сезони. Од наредната година очекувам да почне да пропадне шоуто. Ова е почетокот на крајот. После Саша веќе ништо не е исто. Нема некој лик што би во водел шоуто на тоа ниво. А најмалку Војо е таков. Никола беше единствен Македонец и логично беше да победи. Но и солидно пее. Сега прочитав дека всушност он е Србин. Мајка му и татко му побегнале од војната на Косово и така тој се родил тука. Но пее и се чувствува како Македонец. Браво.( за разлика од браќата кои плукаат по државата која ги израснала..)
Направи ли некој од нашиве победници кариера? Хит некој? Концерт? Ликовиве се забораваат за месец-два. Што се деси со онаа несреќна Славица? Само ние и сиротите Босанци уште го сфаќаме шоуво како некаква регионална верзија на Греми награди. Младиве (Ген Z) растат со autotune, TikTok трендови, Spotify, trap, drill, IDJVideos (од српско), Вики и Светле у фајт не им се инспиративни, а бумерите како најбројна публика на шоуво, не одат по дискотеки и клубови, ваљда затоа победниците имаат рок на траење до следната сезона и појавата на ,,новата македонска гордост".
Не знам дали е според некои критериуми кариера ама скоро наши сите што биле во ЗГ и стигнале до финале се и до 10 пати поуспешни од претходно. Сите пеат низ МК и имаат фул свирки: Мики, Андријана, Огнен, Ален, Александар нон стоп е низ Европа и Америка и неколку други не ми текнува на имињата, пее и настапува и еден дечко од Куманово. За Славица беше очекувано, поп пејачка е не е тезгарошка, мада чудно беше и што воопшто победи, не беше најдобра. Многу зависи и од нив самите, некои имаат невиден талент како Мите Стоилков кој победил и во Пинкови звезди и стигна до финале на ЗГ и пак го снема. Без секој се може, сите се заменливи. Се зависи од тоа како ќе ја направат аудицијата, дали ќе изберат јаки кандидати, т.е.квалитет а не квантитет. Колку што ми кажа мајка ми она ептен ги прати, нема да одат на Пинк туку на Ртс така да ќе бидат уште погледани.
Значи кариерата им се сведува на тезгарошење со кавери. Никаде хит, албум, за концерт да не зборам. Одиш таму за после шоуто да ти рипне хонорарот во меана Буренце или евентуално да бидеш загревање на Наташа Беквалац на Кратовски златни денови.
повеќето што одат на зг одат за да пеат по кафичи, клубови, дискотеки, свадби. Скоро сите бендови за да кажам традиционални свадби се од таму излезени пејачите. И се да доста попознати од претходно, имаат повеќе свирки и ангажмани надвор од Мк. Сега дали да некој му се свиѓа или не тој стил, они си тераат така. И прават многу повеќе пари незамисливо споредбено со претходно. Зошто им е баш примарна професија и од тоа живеат.
Добар глас има, бидејќи беше послаба сезона можеби е за победник инаку во претходни сезони тешко би победил, не ми се допаѓа тоа шо го тупи отпоќе со нагласување на патриотизмот преку песните. Не бе познати и прават пари, не им се признава никаков успех се додека не настапуваат на шарени паради облечени како кловнови, само доколку би запеале на таква циркусијада тогаш ќе можеме да кажеме дека успеале во животот.
Не мора да бидат геј икони срцка за да им признаеме успех, а и не можат искрено. На нашата шарена парада доминира повеќе поп, електронска и алтернативна музика, гранд ѕвезди тешко, они се повеќе за компиријади. А и не знам каква врска има настап на парада со статус на ѕвезда, Владо Јаневски ете не настапува на паради па е ѕвезда и има хитови/публика. Лозано исто.