ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.603
    Петок денес. Ви кажува нешто тоа?
    Пензионеришчана душата ми ја извадија. Не може ни да стои човек бре. Ми вика денес едно бапче, чедо помести се јас тука да се фатам :^)
    Друго, на минус десет надвор, во автобус е минус дваесет. Шиба од сите страни, те кине во поим. Мислиш мразулци ти никнат. Вратата не се затвора. Ама тоа дека е зима. Да беше лето, ќе немаше ни ѕирка ни проѕирка.
    Ете така. Да си се искажам јас за мојот најголем мачител. ЈСП Скопје :devil:
     
    На TutiFuti и stefigirl им се допаѓа ова.
  2. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.993
    Оф леле,да си ми здрава и жива.Петок попознат у рајата како гага пензионерски ден,за нас обичните работници-пекол.
    Абе како викаат петак дан за метак.Нека ги,нека прошетаат по роднини,золви,јатрви,на комшиките братучетки оти галиба за 30 ден се работи,живот или смрт,ами како. :^)
    Еве еден денешен дијалог помеѓу мене и една госпоѓа.
    Таа:Девојче,помина бе 2-ка?
    Јас:Госпоѓо,јас чекам пет минути не поминал.
    Таа:Ааааа времево попушти денеска,јас накај Карпош 4 ќе одам,да ја видам Лила,братучетки сме.
    Јас:Аааа па еве иде 22-ка и јас се качувам во него,ајде и тој иде до Карпош.
    Таа:Ааааа не,ние пензионерите ќе си чекаме државен,денеска е без пари знаеш ли?Оди ти,оди,ајде пријатно!

    Оооооооо Боже семоќен,стара жена бе мрзне на ладново,се тресе и подлизнува на мразот ама храбро издржува додека да дојде државен автобус.За ситуацијата во државните автобуси у петок нели муабет не се прави,како само тој ден да се пуштени у вожња.Е така нема потреба веќе да се оди у пензионерски домови,да се пие чај и да се дружат.Една обиколка на Скопје во петок,со градски и ќе се склопи некое пријателство гарант.

    И после Николче не чинел,тек само ако се свести да им даде еднаш неделно гага кафе на Кеј 8)
    Едит:Нема муабет за автобусите,кај дува,кај врати не се затвараат,кај те буткаат...ама факт е дека секој ден такси за многумина е луксуз,барем за мене е.
     
    На mizerija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.467
    Каква тема! :bow:
    :D
    Јас сериозно сум најголем обожавател на ЈСП автобусчињата. :nod:
    Или како што милуваме да ги нарекуваме со другарка ми - Крвотокот на нашиот град.

    Крвотокот додуша не променил крв доста долго време, но не е важно.
    Важно е што да речеме во бусче постаро од 50 години, целото расклатено и скапано, има Wi-Fi интернет!
    Драги луѓе, ви се молам не барајте преку леб - погача.

    Имам сигурно напишано, ќе си кажам пак - мојот најголем кошмар е дека некогаш возејќи се во хармоника автобусчињата, во средниот дел кој ротира и се врти за 180 степени, на некоја кривина ќе се прецвика на пола, па ќе ми изгравираат надгробна плоча - замина со 5ка!
    :^)

    Искрено и од срце ја препорачувам веб страницата на Крвотокот и секцијата - прашања, одговори и поплаки = циркус.
    Кога ви е досадно или сте тажни, само отворете ја, ЈСП ќе ве насмее :D
    http://www.jsp.com.mk/

    Преку лето не се дише, а во зима, си фура, дува од сите страни, потенцијален извор за туберколоза. :x

    Вечно нечисти, вечно доцнат и вечно фолк радио - да живее ЈСП на град Скопје. :rock:

    (Тука ги издвојувам 3ка и 35ка, ако ништо друго многу се брзи, бесно го лапаат асфалтот во нашата метро-пола). :punch:

    Не би сакала да започнам за сагата наречена - петочно возење во ЈСП :x
    Молк.
     
    На Foreveryoungiwannabe, karak, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.762
    Што би рекол Тони Зен - риспекат за ЈСП, а богами и за темава!

    Искрено, се немам качено во автобус, не памтам. Пред некое време ја терав другарка ми да се клацкаме со автобус, ме направи луда. Свиткав опашот и се укрцав во такси.

    Сепак еднаш, еден ден ќе се качам во некој автобус и ќе се исклацкам од Ѓорче до Драчево, или од Козле до Радишани, од пусти мерак и носталгија. Има цел град да го поминам! И ќе трчам по автобусот, и ќе се дерам „Мајсторе задња“ и кога ќе се качам ќе викнам „Ало мајсторе, компирите по колку ги зема?“
    Ми недостигаат тие фрази. Копирајт - ЈСП.
    Можеби онака во ист стил ќе убацам некоја нова, како на пример - „Мајстореее не иде интернетот“!

    Уште да можат пак да ги вратат кондуктерите кои седеа на крајот од автобусот и собираа жетончиња, имагинарниот пат до минатото кој го планирам би бил совршен! :)
     
    На Lolo5, Foreveryoungiwannabe, Ariel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    903
    Кај нас јавниот превоз е за никаде, сега во последно време има по некој нов авотобус треба целосна промена на возниот парк инаку подобро е пешки да отидам до некаде отколку да севозам во автобус и да се загушувам во петок со пензионерите.
     
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.268
    Моја тема! :lol:
    Цел живот мислам дека во автобуси го поминав. Во средно по 2 автобуси менував до Орце дур да стигнам. Сега за на работа 50че.
    Абе дува промаја растура, прозорците не се затвараат |(
    Завчера на снегот незнам како не се сторив ледена фигура. 45 минути немаше автобус. Па во Сибир се почести на снег автобусите.

    Денес ставам картичка со 10 вожњи да откуцам ми се заглави. Влечам неќе. Тој шоферот вика абе повлечи малце. Повлекувам малку повеќе се кине таа (среќа тој дел ми беше баш до 5то возење). И ми вика епа што тегнеш толку :devil:

    Многу е добро во Хрватска. Јавниот превоз е бесплатен за пензионери. Подобро така.
    Ова сите пензионери плата зимаат во петок, на пазар во петок, на преглед во петок, во парк нема слободна клупа во петок. Па дури жими сфе и во вегера бурекот го прават по крш во петок, зашто им се троши ептен во петок. Оди друг ден пун пун тоа пица бурекот. Во петок и тие прават пензионерски бурек.

    Баш ги чекам овие лондонскиве автобусчиња да видам што ќе бидне со нив.
    Али на прсти ќе се бројат тие на втор кат што се качуваат. Баба со бастум ако нема место она има шанса да оди, таа се ќе стори за празно место.

    Затоа гледам да се возам во новиве приватни. Супер се. Иако се користени во Германија, ама цивилизиран народ ги користел, зачувани се. И плус се куцнуваш со картичка електронска. А не да ти се кине книжноно картиче во расипаните автомати. |(
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.797
    Допаѓања:
    2.081
    Петок ми е смрт! Уште на автобуска кога ќе ги видам пензионерите ми текнува дека е ПЕТОК.А тие па, ем неможат да стојат, ем сите запнале у петок да идат негде, немој многу ќе се потрошат ако идат друг ден! Секогаш се молам да ми наиде некој приватен автобус, зашто во петок се полупразни за разлика од државните.
    А најмногу мразам кога ќе си седнам и некој ќе ме стане :devil:

    Еднаш беше многу јако, една баба влага у автобус, сите места зафатени, оваа си вади столче на расклапање, и си седнува сред автобус... :x

    Си понела жената за секој случај, знае дека у петок е гужва :lol:
     
    На Lolo5, Foreveryoungiwannabe, B.Waldorf и 5 други им се допаѓа ова.
  8. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.333
    Допаѓања:
    2.956
    Пол:
    Женски
    Мене истото ми се деси вчера па уште шоферот ми вика Камо да не ве качев .....што се занигде автобусите за нигде се ама шоферите се уште по-безобразни :@
     
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    1.809
    Пол:
    Женски
    Еве една како за мене тема.
    Јас мислам дека мојот цел живот ќе го поминам во автобус! Секакви фаци насекаде, студенти кои седнале да учат, баби и дедовци кои молат за слободно место да се сместат, секопјдневна глетка. (арно ама никој со лап-топ не сум видела)
    А тоа чекање автобус ме побудалува. Незнам дали имам кажано, а мислам дека и немам кажано, од досада на автобуска, така сама, некогаш си потпевнувам.
    Некој ако ме гледа од страна ќе помисли дека сум за во Бардовци,но ај и тој да чека автобус ЦЕЛИ 30 минути, што ќе прави? :devil:
    А мојот автобус, седмицата , е ден и ноќ full во неа! Кога чекам на една страна, поминуваат два од другата страна,и обратно. :|
    Петок, цел старечки дом во ЈСП. Па не само јсп, цел град е преполн со старци. Еднаш на рекорд кога бев, и чекав 57, влегувам внатре, мислам дека не видов човек помлад од 50 години! А башка што беше гужва до вратата.. :!:
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Леле ми се вришти кога ќе се спомне ЈСП. Па луѓе дајте ви се молам, каква европска унија, со ваков јавен превоз??? Па сега зиме??? Вчера накај работа се расипа преполн автобус и не симнаа сите како стока, да чекаме пола саат на студот. Па кога дојде другиот, ќе се испотепаа кој прв да се качи, нема место за сите. Ужас луѓе што да ви кажвам. А за редовноста на линиите немам коментар :x
     
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.015
    Леле ама ме изнасмеа Маја со бабичката :D
    За изгледот и ентериерот на автобусите нема да коментирам... стварно нема потреба :puke:
    Мене она што највеќе ме иритира во автобусите се луѓе кои праат муабети со шоферот и буквално му седат на глава. Да, најчето тоа се случува со линијата која ја користам секојдневно 16ка, покрај нероедовноста и катастрофалната и намоменти опасната вожња што ни ја приредуваат шоферите секојдневно има и такви луѓе кои им седат на самата шофершајбна разврзуваат муабети му го одземаат внинанието на возачот тој е деконцентрирам, се спушта од високо по кривини а не внимава на патот, абе со страв се возам... ама потреба е што да праиш!
    Уште потрагично е што на шоферите не им смета тоа, баш убаво, друштво муабети абе лудила! Тоа придонесува и одолговлекување на времето на возната релација, наместо за 7 минути до центар секогаш му требаат 15 :^)
    Неколкупати го имам пријавено тоа, ама нема преземено никакви мерки. :x
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    18.647
    Допаѓања:
    43.603
    Ама најјака финта знаете која им е?
    Два во еден :rofl: 22ка и 21. До крај на Партизанска се заедно, а тие што се од 21 се симнуваат на крај на Партизанкса, а 22ка продолжува накај Ѓорче.
    Му вика една баба на шоферот- Синко ова 22 или 21 е? И овој и вика- Бабо качувај се ако се качуваш, кај возам таму ќе одиш.
    Е тогаш пробај качи се. Па што знам, до сега не сум седела во скут кај шоферот, може и интересно да биде :rofl:
     
  13. violinistka

    violinistka Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    148
    Катастрофа се.Ко што вика еден човек,да земеш да фатиш да одиш пешки побрзо ќе стигнеш отколку со автобус.Ем спори се,ем од секаде ладно фура,и да си здрав-ќе се испоразболиш.

    Многу ме насмеа пред некој ден еден дедо.Се качува во автобус и шоферот му бара карта,а он вика па денес петок е бесплатно имаме (а тоа беше четврток) |(
    Демек човекот заборавил или пак си помислил што ќе се бутам во петок како другите,дај во четврток ќе се качам. :lol:
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.095
    Допаѓања:
    4.834
    јсп оф на каква мака сме ние страдалниците кој се возиме во овие т.н. гратски автобуси :sweat: една дупка и мислам дека ќе се најде автобусов без тркала. денес враќајки се накај дома во автобус на некој му се скршила тегла со она жива сецкана туршија и теглата така си шеткаше и се смрдеше на туршија. еден момент помислив ех каде ми е ракиичето :lol: :lol: . бидејќи секој ден сум во автобус да не почнам да редам приказни и случки. кој се вози во 5 ка ајде да му пратиме еден поздрав на љубе лигавиот и чичкото со хармониката. ех кога ќе ги начекам ми се :puke:. а за денот наречен лејди гага(петок ) ех посебен роман можам да напишам. зар не се гледаат тие баби и дедовци кој едвај одат се тресат од старост ама пусто петок е! а тие таквите имаат повеќе пари од сите нас тука ама кад је гага и киселина е блага не за џабе е речено. а особено ме иритира кога се качуваат од средна и мислат сите ги гледаат нив и ќе искоментираат онака цинично ех денес петок е ние си се возиме бесплатно а јас само што сум си извадила месечна и срце ме боли за 1500 денари да се возиш во крш и да молиш на време жив и здрав да стигнеш. ох доста е за мојава сага за јсп :hai: ;)
     
    На viki44e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.359
    Ајде гоу тука ке се префрлиме.
    И јас за момент кога читав си мислев во иста 57ца сме се возеле :D
    Не се со сите ама стварно.
    Една 5ка скапана 45 минути ја чекам и после ги гледам две една по друга.Абе уфффф.
    Притисокот ми се крена до макс зашто каснев а мразам да каснам.Страшно мразам.
    Со скапаната 57ца леле стварно може не била иста 57ца ама бил ист шофер. Трт мрт тој само пари брои. па цигара пушеше. Алоооооо !!! па после слушалки го гледам на ушите има. Си викам леле. А јас од последна до последна. Пустата. Младоста си ја поминав чекајќи и возејќи се со автобуси :D
    Имаа пишувано кај хармониката кога се возат. Е хахаха тоа е хорор филм. Се возиш и не дај Боже да се потпреш. Црнила ке бидеш цел.А па најпозади ако застанеш -паѓаат железа. Скока автобусот.Кочи. Леташ. И оп кај некој у скут. :D Ај може некој убав дечко ке се погоди :lol:
    Абе што да се коментира,.
    Еднаш имам кажано.

    Сите ни љубоморат. Никој нема ваков превоз. Нит во лето можеш прозор да отвориш.Нит во зима да го затвориш.Фучи све. Наопаку се. никаков ред. Некултурни шофери. Како и контролори. И тако то.

    Ама чекајте јас да станам претседател ке ја средам државава. не губете надеж. 8) 8) 8) :D
     
    На Lolo5 и Foreveryoungiwannabe им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.015
    Некој ден пред Нова Година се возам во 15 за накај факс и се качува една жена со кеса во која што имаше кисела зелка, лелеее одвратно беше, каква реа се рашири низ автобус незнаете, едвај се задржав да не повратам.
    Значи стварно треба некој добар кодекс на однесување да се направи за во ЈСП, неможе така да се качуваат бе!
     
  17. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.370
    Допаѓања:
    7.435
    Пол:
    Женски
    Јас па еднашка си одам со автобус и доаѓа еден дедо со внуците си хамбургери во раце. Седнаа и по 5 мин. девојчето му вика на дедово да му даде хамбургерот да јаде.И даде дедово и ова девојчево коа почна да цапа да шмљаца па лето тоа патлиџаните па и мајонез одозгора коа му испаднаа па кога се напраи ЛОМ.Па почна да плаче дедово брише абе чувај боже.Ко што бев гладна тогаш ми се згади :puke:

    Еднаш па се враќам со 23 си седнувам и еден човек пред мене 40-50 год. И цело време нешто буља у телефонот а кога ќе поминуваат луѓе го крие телефонот.И ја љубопитна да видам што гледа кога имав што да видам.Си пуштил батето по*ничи и си гледа ли си гледа. |( Де,бре не можеш дома па по автобуси ли или жената се плашиш да не те фати :wasntme:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.467
    Пред некој месец уште не беше толку ладно, се качувам јас во 5ка накај дома после работа и до мене една бабичка.
    И почна да ми муабети, јас од култура си се насмевнувам, зашто кога ми зборуваат баби и дедовци си помислувам на моите и си викам - греотка, немаат никој да ги слуша, нека си дрнда, јас ќе си молчам.
    Арно ама бабичкава сакаше дијалог.
    Јас носев едно црвено мантилче, многу си го сакам и она ни две ни три ми се врти :
    Оф леле, и тебе не ти е лесно, метеш по улиците ден и ноќ?
    :^) :^)

    Бабичката ме помеша со оние метларите по улица.
    Ок, не и противречам.
    Тешко е викам, сега и студи, којзнае како ќе издржиме.

    Поќута така и по некое време таинствено ми се внесе целата во фацка и ми шепка - почнав да сонувам некакви дијаграми, симболи и една видна личност од телевизија. Дали мислиш дека полудувам или станувам видовита? Имаш искуство со овие работи?

    Луѓе, сериозно, не знаев дали да плачам дали да се смеам. Сакав да речам, заради мантилов ти личам сега и на видовита, ама се симнав на наредната станица.
    Наредната 15ка во која се качив, се расипа после две станици возење.
    :D
    Што да кажам, ЈСП ми враќа најубави спомени од животов.

    Не знам дали уште 3ка застанува пред ЈБТ, ама во средно тамам да се симнам последна и ми затвори врата. Ранчето ми се заглави меѓу вратите, буквално висев со едната нога во воздух, мавтав и тропав на автобусот, се дерев да отвори, за да се одглавам. :D
     
    На Lolo5, Buttterfly, Foreveryoungiwannabe и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.762
    Ве читам, ве читам, се смеам ли смеам, и се повеќе ми доаѓа желба да се исклацкам поштено со едно (авто)бувче! Бреј! Најсериозно!

    Е сега не е ЈСП, приватен е, ама кој не се качил, чисто заради „адреналин у крви“ и доживувања еден куп кои ќе се прераскажуваат уште долго, нека проба да се качи во 20ка! Ако постои сеуште :?: И Дом за бесење и Црна мачка, бел мачор, и Џипси меџик во едно!
    Многу одамна, уште во средно, после школо се враќавме со другарка дома, т.е. ја носев на гости кај мене и ми текна дека и 20ка е опција па и викам, ајде со мене да доживееш интересни работи. Кај стоеше на секој чекор, поготово на Битпазар, кај секој втор кој се качуваше му пцуеше на шоферот се по список затоа што не застанал на половина чекор, кај па уште влегоа внатре 3ца трубачи (до ден денес се чудам типот со тубата како се набута внатре) и почнаа да ни ја свират Ѓурѓевдан...туку ни две ни три - една Ромка ни ги потегна дланките и почна да ни ја претскажува иднината. Сакале ние или нејќеле :tmi:
    Јас веќе со насмевка, другарка ми стаписана мислиш магаре и стапнало на нога, излезе со Онур очи од автобус и кога се созема ми свика „Човече, сакам пак! Овој пат до Шутка!“ :D
    Најсериозно, 20ка му е мајката!
     
    На buba4e89, Foreveryoungiwannabe, Sephora и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    678
    јас не сум од скопје но често одам таму,а кога доаѓам во скопје редовно користам гратски превоз.еднаш кога се возев во 24 која оди до кисела вода,таман пред слегување влегува контрола за проверка на билетите а јас пред тоа си ја фрлив картата која ми се наоѓаше пред нозе.и сега човеков проверува јас го фиксирам погледот на картата што се наоѓа на подот,и се доближува до мене и јас ја земам од земја и се бранам и му велам,"жими мајка моја е јас ја фрлив"а он ми вели"добро не ти реков ништо".мислев дека ќе ми пише казна ако не поверува.најлошо е кога брзаш за на воз или автобус а ти уште чекаш 58 да дојде,сум приствувала и на тепачка во автобус заради тоа што некои не сакаа да платат карта.многу случки има кои ќе ми останат спомен од скопје. :*