Леле, новиве автобуси ај што се претесни, нема место ни да стоиш а камоли да седиш, туку а надвор врне и внатре врне Денеска се возев, надвор си врне внатре си капе ли си капе, од сите страни, и сите коментираа за квалитетот на новите авотобуси. А за овие старите што си се возат наваму натаму, без потреба, не се поднесуваат. Како што некаде пишав и претходно еден дедо вика "еее еве бе бев да си купам СИЈАЛИЦА од оние економските" ( мислејќи на економични дедето) Тргнал од Ѓорче да иде на битпазар по сијалица што во секоја маалска продавница ја има, без осет се луѓево
Леле пред некој ден, влегува една девојка кога и се расписка на една баба, пи*ка ти матер, кај си тргнала ако не можеш да одиш!!! Бабава црвена пиперка, па срамота, па вака, па така
Во автобус пред некој ден наслушнав муабети дека од 16ти, автобуска карта ќе била 50 денари во еден правец. Ако е ова вистина, не се нормални. А утре вторник. Од вечерва психички се подготвувам.
Хаха Rainbow истото се случи пред некое време, една баба едвај одеше и една жена и вика кај си тргнала кога не можеш да одиш, а таа и вика " ааа па да си се прошетам" ( а едвај едвај одеше и едвај чекаше да седне) женава и вика па што не прошеташ во околината кај што живееш, и она и викаа АААА ДЕНЕС ПЕТОК Е чуден народ сме
50ден? леле нема шанси да ги качат толку, премногу е бре Е тек тогаш вадам точак, па саат два, ќе си возам, изгледа ќе нема друго.
И јас шокирана останав. И кажувам на мајка ми вика а слободните кој знае колку ќе ги репнат ако е вистина. Пола плата за слободни фрц прц. Место на студенти да е бесплатно и на ученици тие на пензионери. Одиме кон европска унија. Јеее
А приватните 45 ќе бидат? Леле слободните кај беа 1450 ќе бидат близу 2000 Нема да се исплати да работиш негде подалеку, срамота бре до што ќе дотуркаме
Се надевам дека жените што зборуваа беа во грешка. Ама и во такси се возев и муабет ау за поскапувањето и ми вика, ај чекајте млади уште една недела и автобусите по 50 денари. Се молам да е лага
50 денари ќе давам само ако сите кантави автобуси ги заменат со двокатни,скроз нови,и чисти, ПАРФЕМИРАНИ,а не со оние шкуљавине во кои се тресам од страв дали тркало ќе му излезе,или ќе му се одвои цела десна/лева страна. Да не спомнувам што не се испрани од пеесдруга.
Јас ги обожавам ЈСП Скопје пошто татко ми работи таму,ама највеке ги мразам коге ке ми избега автобусот
Мене вчера таксист ми кажа дека сигурно ќе поскапел и автобусот (демек, „џабе се бунат луѓето за цените на таксито, ќе видиш кога ќе поскапи автобусот“) и друго (ако е утеха) се зборувало дека нема да поскапи до изборите, за да не збесне народов, ама вика од 6-ти јуни чекајте нови цени
Да ќе поскапат, и јас слушнав таква информација, ќе била 50 ден карта...ама нормално, после изборите... Нека се укотват уште за 4 години, не 50, 100 ќе биде...ке не сништи пингвинов, на мапа ќе не снема... .
Автобусиве ми се смрт. Немам многу често прилика да се возам со новите автобуси, а во стариве знаеме какви се условите. Кога врне подалеку од прозор, зошто ќе се наквасиш како да те прскале со црево, промаја шиба од сите страни и после се чудиш од каде те боли кичмата и од каде ти е фатен вратот. Катастрофа. Не сум имала некој случај кога сум се карала со некој исфрустриран пензионер со единствена желба да си го смести дупето на некое од столчињата затоа што не сакам цел автобус да ми фаќа сеир, а и не знам колку би успеала да се разберам. Сум имала случаеви кога дошле до мене и почнувале да прават разни мајмунски гримаси, да прават разни пози, дури и да ми дуваат во фаца со здивот што им копа на кромид и лук, ама сум издржала и не сум станала, од инат. Ми се случувало да слушнам најразни муабети, еднаш дури едната и раскажуваше на другата за тоа каков бил сексот помеѓу син и` и снаата, раскажуваше колку врискала таа. Се запрепастив, ама веднаш од како излегов ме пукна една таква ненормална смеа, не можев да се соземам. Способни се цел живот да си го раскажат во 10 минути. За возачите немам коментар, има еден вози четрсќец како луди Милојко, страв ме фаќа дали ќе преживеам до школо. Сите можни станици ги пребројувам, а кога ќе слезам кај што треба, му се заблагодарувам на Господ што сум жива. Не е со сите, дефинитивно. Потоа, возачите на дваестројка ми се исто смрт, освен еден дедо, кој што го боли Стојко дали си влегол со слободна или без. Сигурна сум дека едвај ја чека пензијата. Сите други ми се тотално арогантни и влегувам само кога ептен сум во брзање. И не се жалам веќе на лошово време, ако ништо друго барем не мириса на компир манџа помешана со кисела зелка во автобусите.
До пред да поскапе таксито се правев ку*нас и шибав со такси до дома кога бевме прва смена. Е сега веќе не го гледам тој филм, не ми се даваат 90 денари за 10 минути пат со автобус. Во прва година се направив паметна и не поднесов барање за слободна, па после кога застуде ми текна што сум глупава. Татко ми поднесе барање, и од второ полугодие имав, но до тогаш се возев со такво како потврда, па еден контролор ми се изнадра тие веќе на важеле. Во земја ќе пропаднев. Не сум видела некого да казнат, бев сведок на една ситуација кога инвалид избркаа затоа што немал платено, и во уште една ситуација кога на еден сосед му се дереа што не платил билет. Му велат казна е 300 денари, а тој вели: немам толку, јас да имав нешто пари во мене и билет ќе си купев. Сум била сведок и на журка во автобус, лумпување до даска. Во петка преку зима имаше едно старче што свиреше на хармоника и пееше цело време Бамбина бамбина, придружен од тропот со нога. Официјално вторник и петок ми се смрт, а ако на вести покажат дека некое девојче загинало во автобус прегазено од пензионери, таа сум! Врне, а тој се пикнал под стреа на автобуска опкружен со ќесите што бил на пазарче. Па мајка му стара фати ги во рака, ќесите за уште 3 души зафаќаат место. А најјако ми е кога внатре пак во петка ќе ти застане пред тебе, чека да станеш, тебе уво не те боли и врти глава. Малку ќе те искара и ќе прокака, па ќе ги лупне истите ќеси на земја и човек да се размине не може. Ако згазнеш нешто ќе те понижи пред сите, а воедно и те пцуе што ти имаш толкав ранец. Јас се извинувам на сите вас кои имате баби/дедовци кое се возат во автобус, и се жалат од тие што не стануваме, ама не им станувам! Десет пати сум поуморна од нив, а ако им се седи, ете им такси или нека трчаат по првото слободно место. Ме вадат од такт несмасни возачи и кога не ми застануваат на станица, па не стојам кај врата пошто ми се допаѓа шипката море! Колега на мајка ми, или неговиот син/ќерка не паметам врата од автобус го има фатено па се уште не може да се оправи со неколку операции. За крај: си пружам рака сама на себе што издржувам да се возам во автобус, затоа што од мало девојче кога баба ми ме влечкаше натака-навака имам нагони на повраќање.
Извинете девојки, имам едно прашање , незнам дали во оваа тема би го сместила ако сум офф топик преместете го.Од Битола сум а треба да доагам во ск во германска амбасада, можете да ми кажете кој автобус оди до козле и дали на железничка поминува или ке треба да сменувам автобуси,и уште едно прашање, од каде се купуваат билети ?Фала многуууу