Дечки,кога ја продолживте студентската картица,дали одма ви покажа дека важи до 31.12.2019 или од 1 Јануари така ќе покажува ?
Дали знае некој работно време на центрите за персонализација ? Мислам на Автокоманда, Аеродром, Железничка итн.
Луѓе прашав на студентски потврда да ми дадат за продолжување на картичката, ме гледаа ко недоветни. Ништо ми вика не ти треба, грешка си, таа картица важи цела година уживај.. И сеа?
Ти треба куцана потврда за редовен студент и индекс за да ти ја продолжат картицата.Без тоа,нема да може.
Не сакаше да ми даде, грешка си ми вели не ти треба ништо. Ќе видам пак ќе побарам коа ќе се вратам на предавања, ама пак истото ќе биди.
Тие се грешка,сто посто ти треба тоа што ти пишав.Еве,јас ја продолжив пред 2 дена,жената во инфо центарот ми рече дај куцана потврда и индекс,`и дадов и ми ја продолжи.Еден дечко пред мене прашуваше,таа му рече дека сигурно за продолжување се потребни куцана потврда за редовен студент и индекс.
Епа јас прва сум, можеби затоа таа реакција. Ама човекот се понашаше ко никој досега да не побарал потврда за продолжување, ко кило месо да барам на шалтер.
Ако картицата ти е земена годинава пред Декември, мора да ја продолжиш. Штом си прва,за најточна информација... Јави се на бројов 31/ 74-264,локал 120,објасни ја твојата ситуација,прашај и ќе ти кажат дали ќе треба да ја продолжиш.
Вербални злостувања, навреди и закани утрово упатиле контролори на ЈСП кон патниците во автубус со број 22. Случката е актуелна на твитер денес, а доаѓа по информацијата од пред две седмици кога контролори претепеа момче во автобус. Жена ми се врати испотресена, мораше да пие хелекс да се смири. Влегла у рендом 22 (приватен, 11:30 тргнал од железничка). Влегле 6 контролори сите жбитаци и им се силеле на патниците и шоферот, раскажува твитерџијата. Еден од нив кон возачот упатил закана со зборовите: денес ќе одам во џамија, инаку гркланот ќе ти го извадев.Сите патници во автобусот имале уредни билети, контролирите три пати направиле проверка и не утврдиле нерегуларност. Ваквото однесување беше причина за голем број коментар на твитер. Дел од нив апелираат дека случајот треба да се пријави во полиција, а дел алудираат на тоа дека контролирите се насилни и имаат несоодеветно однесување. --------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Очекувам дека во иднина ке има убиство на контролор,ова е надвор од секоја граница,и од секоја нормала.
Дали како Апсловент со статус редовен студент, ќе можам да ја продолжам слободната, имам запишано зимски семестар. Лани ми ја продолжија, бев иста ситуација. Имам уште неколку предмети и обврски и треба да идам на факс. И до кога е рокот, пошто никаде неможев да најдам инфо.
Mozes, ama rokot za prodolzuvanje bese do 31.12 sega mislam nova ke treba da izvadis isto ti treba potvrda za redoven student indeks I 200 den za nova karticka.