Зошто не можам да платам карта преку телефон? Вртам на 185, доближувам телефон, но ништо. Дали му се има случено на уште некој? Девојката после мене плати, а веке два пати ми се случува. Претходно имам плаќано, не знам што е работата сега. На кој друг начин можам да купам карта за едно возење?
Провери си дали ти е активирано За да можете да купувате билети, потребно е претходно да ја активирате услугата. За активација пратете SMS со текст „START" на бројот 14 11 14, активацијата е бесплатна. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешна активација на услугата. Чекори за купување билет со мобилен: Завртете на бројот 185 и приближете го телефонот до апаратот (валидаторот) во автобусот. Апаратот ќе ве регистрира – при успешно купување ќе добиете звучна и светлосна сигнализација од валидаторот. Ќе добиете SMS-порака како потврда за успешно купување на билетот. Чувајте ја SMS-пораката до крајот на возењето.
купи си неперсонализирана скопска, поефтино ќе ти се фати ако користиш почесто бус.. 150ден е, со 2 возења ми се чини.. после си дополнуваш. по 35 е едно возење, со телефон е 40 Членката веќе има плаќано со телефон, не и требаат тие чекори
25ден. испаѓа ако стави 10 возења т.е. 250ден, што и важат 2 недели. А, тие од 35 ден. ќе може кога сака да ги искористи.
250 ден се 10 возења и во право е црешка, 2 недели се користат. Инаку пропаѓаат...и ова од искуство.. Еднаш и реков на таа 250 да ми дополни затоа што јас откако се иселив од СК, активирам само дневна карта од 120ден а таа ми надополнила 10 возења ... и нормално ни јас дневна карта ни возењата се искористија..
Мислам дека можеш и пет вожњи да надополниш од 25 ден. Ај кога ке ја надополнувам мојата картичка ќе прашам повторно...а за тие од 35 ден. знам дека важат неограничено.
Со зимскиот редуциран возен ред (што е додека трае зимскиот распуст) имам буквално само еден автобус што ми одговара за на работа. Вчера од кај го чекав автобусот цели 8 минути (а на екранот пишуваше 2, па се по 3 минути зголеми на 3, па се смали на 1, па се зголеми на 2), од таму шоферот не отвори врата на автобусот за да не се качуваат луѓе затоа што беше полн. Епа не е ова меѓуградски автобус, па да си резервирам седиште и да се возам само ако има кај да седнам. И после зошто возеле автомобили луѓето? Со ваков нефункционален јавен превоз ќе намалуваат загадување? Се смрзнав додека чекав, барем да знаев да си викнев такси одма, а не да дремам на автобуска за џабе и сеедно на крај да задоцнам на работа.
Билет од 10 возења чини 200 ден,рок на важност 15 дена од прва валидација. Тоа ставање од 35 ден што го викате е дел од т.н.електронски паричник. Се става мин 100 денари и едно куцање,еден билет во случајов чини 35 денари. Овој т.н.паричник нема ограничен рок на искористување. @oblace1 јави се кај моб.оператор,очигледно е проблемот до нив,а не до ЈСП односно валидаторот,со оглед на тоа дека друга патничка уредно платила со мобилен.
Фала на сите за оправијата, само уште ме интересира каде се купуваат и надополнуваат картички? На автобуска? Не сум од Скопје и до сега освен од шофер од друго место немам купено картичка, а разбрав дека веке не се купуваат кај него...
Се купуваат/надополнуваат од билетарите на ЈСП и уште речиси 100 локации(маркети,трафики). Може да се купат и кај возач,неперсонализирана. Секоја неперсонализирана (150 ден) има и две гратис возења. Од петок сигурно ќе можеш на сите овие места,изминативе неколку дена тешко се наоѓаа. @cresa-jagoda во право си,ненамерен пропуст од моја страна.
Сакам да надополнам картичка ,но дали има можност да не ми биде временски определено користењето на пари? Знам од 250ден пропаѓаат за 15дена..
Можеш да надополниш возења од 35 денари. Ама мора минимум 100 денари да надополниш. Јас ретко се возам со автобус и секогаш надополнувам по 4 возења (140 денари).
Каква е постапката доколку загубиш слободна карта? Треба ли да пријавам некаде или да одам и да си извадам нова одново?