Не сум од Скопје, па сакам да прашам, од Веро Џамбо која бројка оди до Соборен Храм? Однапред благодарам
Здраво. Дали знаете дали има автобус до матка ? Знам дека 60ката одеше, но пред два дена имаше соопштение дека оди само до војската. Дали има некој информации? Итно ми е. Фала
Здрааво . Дечки некаде во близина кај соборна тука по тобака каде има да се надополни картичка за ЈСП , освен на билетарница . Но сега не работат после 18 h , а ми треба да надополнам за вечерва
Како можам да стасам со автобус од Веро Џамбо автобуска до Салон за убавина Реина - Васил Ѓоргов 34 капиштец? КОј оди натаму?
23,33,27 со овие од Џамбо до последна нивна т.е Дом на печат.Каде поточно е салонов не знам,можеш да им се јавиш да им кажеш дека си кај Дом на печат па да ти објаснат Кој бус минува кај СЦ Борис Трајковски ?
Во трафиката позади постојката спроти Соборна можеш да надополниш. Од кога не работат после 18h? Во понеделникот, кај Градежен на билетарата во 19:17 гледам сум надополнила. До 19:30h работат колку што знам.
Колку постојки имат од центар до пред стара рампа? Не сум од Скопје и затоа ве прашувам. Благодарам однапред
Во Кисела вода ли? Ако да - стриктно пред стара рампа нема постојка. Едната пред неа е кај Даре Џамбаз 4, 41А, а другата после Даре Џамбаз е на Чешма само што ќе треба да се вратиш назад. Е пиши ја локацијата на апликацијата Карти и ќе ти даде каде да се качиш и симнеш.
Има разлика и од каде во центар? Пример од зелено пазарче ти е само една станица па подобро е да одиш пешки, но на пример од Буњаковец е веќе далеку за пешки.