Картичката за 4та година средношколци важи до 20 јуни како за сите или бидејќи после 20ти мај не идеме во школо, од тогаш веќе не важат?
На страната на ЈСП стои дека работното време на продажните места на билетарниците е од 06.00 до 19.30.
41 сигурно, има уште два-три приградски, ама не ги знам броевите Треба да пишува до Транспортен центар, тогаш сигурно застанува пред Олимписки
Прашање за студентите со ЈСП картичка што им е доделена бесплатно нели Како иден бруцош кога тек ќе имам јас картичка пак? Тек после 1 октомври или веднаш штом се запишеме крај на август може да добиеме картичка?
Штом ќе имаш добиено индекс со запишан семестар и извадено потврда за редовен студент ќе можеш да одиш во ЈСП и да извадиш.
Дечки дали некој има идеја од каде да купам неперсонализирана картичка, на железничка нема и исто така беа доволно љубезни што веројатно им беше многу тешко да ми кажат каде на друго место да побарам.
Да провериш и во другите билетари на ЈСП. -Спроти Хотел Карпош -Порта Влае (кај кружниот тек) -Кај Градежен факултет
Види кај тц Бисер во трафиката или од спроти (од страната на Капитол) по скалички доле. Јас од таму ја земав. На едно од тие места сигурно има.