3ка те носи баш до хотел Русија. Но бидејќи е ретка можеш со 5, 3А, 15, 23 да се симнеш кај мајчин дом и од таму имаш помалку од 10 мин пешки, само одиш право по улицата што ја сече главната.
Здраво, сакам да прашам дали кога дојде контрола дали со куцање на картичките се покажува името и презимето на нив. На пример дали може мајка ми да ја користи мојата картичка,јас сум студент
Каква картичка имаш, персонализирана (со слика, со твои лични податоци) или неперсонализирана? Доколку ти е персонализирана, таа исклучиво само ти смееш да ја користиш! Неперсонализирана е пренослива, може било кој да се валидира со таа.
Казниво е,се плаќа 1000 денари. Персонализираната само ти смееш да ја користиш. Неперсонализираната чини 150 денари да се купи,таа може секој да ја користи.
Мајкати ни под разно не смее да ја користи, исклучиво ти! Другарките ти имале дебела среќа, во спротивно, 1000 ден од старт не им бега. 35 ден му доаѓа едно возење ако користиш од надополнување од т.н. електронски паричник. 25 ден, ако е од билет за 10 возења. 40 ден ти е ако платиш со мобилен.
Имав уште 5 возења на картица, од тие 250ден за 10 возења, првпат купив таква и ја надополнив околу 9-10јули. Денеска ми вика немаш ниедно возење... Дали имаат рок на траење или да одам да се бунам кај ми се 5те возења?
Не е глупост... Во случајов билетот чини 25 денари. Доколку не користиш често бус, надополни си колку сакаш (мин 100 ден), во тој случај нема рок на траење, а едно возење ќе те чини 35 ден.