Застанува со тоа што треба да пројдеш само улица до таму. Само 42ка и 13ка само директно таму ти застануваат.
После завршувањето на студии во Скопје ми завршува нели и слободната картичка за студенти. Каква картичка треба да извадам за од 1 јануари наредна година и која е цената?
http://skopska.mk/soopstenie1.html Персонализирана картичка, еве види го тарифникот за: месечен, 3 месеци и повеќе..
Здраво сум 2 година сега на факс и дали треба картичката сега нешто да се продолжи или завери нешто слушнав или при крај на декември како што пишува кога ке се куцне 31.12.2019
Казна во колку дена максимално може да се плати? На другар ми му дале само еден лист од контрола, и кога отишол да плати му рекле дека му фали уште еден лист, и за да ја поништи казната да пробал да извади скопска ( бидејќи немал). Некој со слично искуство?
Здраво.Сакам да прашам дали некој се нашол во ситуација да му се скрши слободната и дали инспекцијата го запишала за казна?Имам студентска и ми трае до крај декември,за да извадам за само еден месец ми бараат 250 ден,не ми се исплаќа за еден месец,од јануари не сум повеќе студент па ќе си вадам месечна.
Како не ти се исплаќа? Кога и вака и така мораш да имаш персонализирана која чини 200 денари. До крај на декември ќе си ја користиш како студентска, а веќе од јануари истата ќе си ја надополнуваш со одредена сума, како месечна.
Средношколка сум и мене ми беше лани или преклани не памтам кога скршена слободната и не функционираше.И дома не кажував и си се шетав без слободна, се шлепав де. Кога ќе влезеше контрола ќе им речев дека старата ми е скршена и дека вадам нова. Извади си најобична месечна или едноставно плаќај со телефон. Мада месечна е поедноставно него да висиш со телефонот на апратот. А иначе пишуваат казни, имам видено како вадат луѓе од автобус и им пишуваат казна.Зависи кои ќе ти се погодат, мене среќа истите ми се погаѓаат секогаш па дури и ме одминуваат. Оваа слободна ми е 3та што ја имам извадено и сега од инат ја куцам дур ја имам хахајај
Со 19ка се симнуваш на Циглана спроти Мида Моторс и преку раскрсницата ти е одма. *hint:На Google Maps се прикажани сите постојки во Скопје.Кога не можете да се снајдете некогаш а нема кого да прашате, укуцајте го местото каде што треба да одите->на мапата барајте ја НАЈБЛИСКАТА автобуска до местото и после кликнете на нејзе.Ќе ви покаже како се вика автобуската и кој бус поминува од таму.
Со кој автобус би можела да стасам до Министерство за економија,ако чекам бус Олимписки Базен? На која постојка треба да се сибнам? Тенкс
Дали ложе да се извади дневен билет? На страната на Јсп стои дека 120 ден е за градски линии со електронска картичка или грешам? Како оди плаќањето, што точно треба да се направи за да се купи билет и дали постои такво нешто како дневен билет? Фала однапред