Да, со електорнска картичка. Ако немаш ќе извадиш од продажните места, мислам 200 ден. Е само картичката плус доплатата за дневен билет. Имаш опција да плаќаш и преку телефон да не се мачиш да вадиш картичка.
Ако мислиш на овој Жито маркетт застанува на улицата од лево. Ставив две стрелки во зависнот од која страна ќе дојдеш и ти ги означив станиците.
Ако надополниш за 250 денари, 10 возења, после 2 недели истекуваат. Другите би требало да се без рок.
Важноста на „Скопска“ е 4 години од моментот на издавање, а на билетите, зависи од видот билетот. Пакетот билети за 10 возења од 250 ден, има рок на важност од 15 дена од моментот на прва валидација. Доколку плаќаш со т.н. паричник/кредит, сум која ја уплаќаш на картичката, тие средства немаат ограничување до кога треба да се потрошат. Во овој случај, билет ти е 35 денари.
Здраво, ако некој има искуство со казни ве молам пишете ми во приватна порака имам една необична ситуација па ме интересира мислење. Ви благодарам. Не мора казна да добил некој, само да ми каже дали кога ти даваат казна мора да потпишеш нешто или може да ти пише врз база на лични податоци само? И дали може да ти пише казна а да не ти ја даде и да не знаеш дека имаш казна, многу ми е страв да не ми дојдат извршители после некоја година.
Се случува да ти пишат без да те известат. Распрашај се и плати си, другарка на суд ја повикаа а не ни знаеше дека е казнета.
Не може да ти пише казна, а да не ти даде ливче како потврда. И да не потпишеш ќе ти пише врз база на податоци и ќе напише наместо потпис " Одбива да потпише"', ама ливче како потврда мора да ти даде. Ако ти пише ќе треба во рок од 7 дена мислам да ја платиш и да си ја чуваш сметката зошто знаат и после тоа иако е платена да ти ја пуштат на суд и после неколку години да ти дојде пријава од извршител кој може сметката да ти ја блокира. Инаку еден совет, освен полиција они немаат право да ти бараат и да ти земаат лични податоци посебно не матичен број, кога ќе те симне од бус можеш комотно да си отидеш, бидеќи нема право посебно ако си надвор од бус да ти зема лична карта. Ако те задржува и не те пушта да си одиш можеш да го пријавиш за бесправно задржување.
Ама прават така.. види ми го мислењето погоре. И роднина моја ја имаат казнено (за возење ја застанале) демек проверка вака така, побарале возачка и оп другарка нејзина вработена во полиција и ср јавува после 2 дена дека и имаат пишано казна.
Извини не те разбрав, другарката ја фатиле во бус или ја застанала полиција за брзо возење. Ако ја застанала полиција она е должна да даде документ на униформирано лице кое ќе покаже значка и ќе се престави као полиција. Јас зборам за контролориве кој се прават шерифи дека они немаат право да бараат лична карта без присуство на полиција и да ти запишува лични податоци.
Имам слободна картичка за возење како студент, и пишуваше дека важи до 31.12, а денеска кога ја куцнав пишуваше неважечки билет. Дали некој има иста ситуација?
Хахаха недоразбирање. Другарката во автобус (немала слободна, покажала индекс), а роднина при возење (не за брзо, казната е конкретно за каиш иако имала ставено) а не и било ни кажано ниту пак и било дадено нешто за потпишување.
Не знаев за ова, сигурно е до тоа, за вадење нова треба со потврда за редовен студент и индекс да отидам ?