Билетите се купуваат во автобус 30 денари, а во билетара 25 се до Козле се оди со 57ца и да ќе треба да смениш автобус, 57ца можеш да фатиш на битпазар, во гтц или на рекорд , а до таму можеш да идеш пеш ( ако си по пешачењето) или пак на железничка да фатиш 5ка, 3ка, 15ка, 23ка било кој сите ќе те однесат на рекорд и на истата автобуска кај што ќе се симнеш ќе си чекаш 57ца
Слушнав дека наскоро за панезионерите ќе ги дале бесплатно деновите сабота и недела, наместо вторник и петок. Незнам колку е точно, но се надевам дека е
ако е тоа така тогаш е подобро. Процентот на луѓе кој излагаат за викенд е многу помал од тие што излагаат секој ден. Така да би било реално решение за овој проблем како би рекол народот и волкот сит и овците на број (доколку не се побунат старите земајки го фактот дека ниедна институција не работи за викенд )
aaaaaaaaaaa не се возам више со 58ца што Иде до Свети Петка Мајке му попрво ќе извршем самубиство абе 5 6 пати ќе се судревме пу пу ништо лошо не бидна А утре да да DOOMSDAY!!!a 5тката леле Страмота Возачите лелеее тоа како компири да возат............
И јас најискрено се надевам или нека направат промена или ќе викам УАААА за Грујо . Значи за да го гласаат може и цела недела да им ја даде бесплатно да се возат ама јас нема да го гласам кога ми текне што претрпувам вторник и петок последниве 2 недели кога морам да патувам со ЈСП, а богами и останативе кои се принудени да се возат со ЈСП не верувам дека ќе го гласаат. Spoiler Или гајле ми е нека си го гласаат ама да не кукаат
се надевам дека после избориве ќе напраат да биде еден ден слободен за возење како порано а не како што и вторник им го стаија, или бар се надевам дека ќе ги сменат деновите. Стварно стариве се ептен безобразни значи ке ти обеси до тебе или над тебе ќе ти го затворат прозорчето па ти ако сакаш угуши се, мене еднаш ми се случи една баба ми ги тутна кесите у скут додека седев а не беа лесни, а и трујат на лук и на што уште не, сеа кога се стопли времето леле мори мајко ке биде особено во новите автобуси, и сакав да ви раскажам и една случка татко ми е возач во ЈСП и кога застанал на станица се качила некоја баба и му се нафрлила: па кај си бе мајсторе зашто толку касниш от кога те чекам па неможам да стојам, а он така се изнервирал и одговорил: па каснам поради вас (старите) додека да ве чекам да се качите поминува пола саат и уште прашувате зашто каснам и ако неможете да стоите никој не ве тера да излегувате надвор. Женава само го погнеднала и ништо не рекла, а он морал да биде безобразен зашто му е преку глава цел ден да се расправа со секакви луѓе.
Леле мори мајко. Трагикомедии во боја се. Јас бев брутално истретирана вчера, кога враќајќи се од школо, една баба ми се плесна у фаца и и паднаа бананите, кои ги платила ДУРИ 3 ДЕНАРИ ПОЕФТИНО! Аух! И така, пред да се симнам на Битпазар, пошо смрдеше -труеше автобусот, добив една воспитна по грб со кесата со краставици. Е не, ќе се зафркаваме. Удри бабо, државно е! Аха, еден ден на клиника ќе те оставам да гниеш.
Абе што им се замарате, јас не ги рецкам, ни им станувам ни се расправам, ниту пак кесите им ги држам, нека патат коа сакаат да се возат у автобус демек јас од мерак се возам
Е ако убаво нека ни ги поскапат автобусите. Сите Скопјанки ќе имаме јаки нозе, кога ќе се заакам од Карпош до Автокоманда како Стиди Гонзалес. Бре блесав народ сме жими се. Не знаеш по кого да пцуеш повеќе по Грујо или по пензионерине.
Ја слушнавте најновата информација за пензионерите? Освен во автобус, во вторник и петок бесплатно ќе се возат и на жичарница.
Ааа па има време додека да се возат на жичарница До Водно со автобус нека им обезбедат, па после на жичарата
Жичарата ќе поаѓа од Средно Водно, и возењето до крстот ќе трае неверојатни 6 минути Иначе за старциве не верувам дека ќе се возат на жичара зашто за да стигнат до неа треба да плаќаат такси, а тоа не им е во прилог. Они сакаат све гратис Едит: Жачарата официјално се пушта во петок, јас во сабота се цртам на Водно
Во петок ќе биде пуштена, и веќе од вторник ќе можат да се возат. А и од ЈСП ќе бидат воведени линии за до средно Водно .
Да, транспортен центар од кај што тргнуваат автобусите на железничка. Инаку ehrgeizig123, пред неколку дена пишуваше во Вест дека ќе може наскоро само со автобуси на ЈСП да се иде до средно Водно, а тие што ќе сакаат со кола ќе требало да плаќаат некаква еколошка такса.
да и јас така слушнав но која ќе биде цената. Да не биде на качување ако е така мене не ме гледате на Водно. Ете на пример не се бунам да се плаќа во ред е ајде загадување и дрн дрн тие работи. На пример и Црна Гора го имаат истото Кога поминуваш граница и влагаш во црнагора плаќаш екотакса 10 евра за цела година е тоа во ред не е скапо. Ако се воведе до таа сума за цела година во ред, а ако се стави нешто како 100 денари од ден или некоја шубе сума нема да бидат фер и плус сега и паркинзи ќе наплаќаат и за да одам до водно ќе ми треба 1000 не фала има 1000 поубави места низ скопјево во природа отколку водно
Незнам колку ќе чини, ако ја стават многу скапа еко таксата сите ќе одат со автобусите (или пешки). Инаку карта за жичарницата ќе чини 100 денари