Не смее така ако е пишана казна безразлика дали она прифатила да ја потпише или не мора да има потврда. Инаку еве од каде би знаела дека е пишана, ако запамтила име и презиме на полицискиот службеник кој ја пишал казната без потврда може да се пожали.
Девојки јас сум средно, ја изгубив слободната и сега кога ќе земам потврда од школо, каде треба да се обратам за нова слободна? И колку се плаќа?
200ден мислам се плаќаше. Таму кај што се вади слободна, пример кај Транспортен центар тоа жолтиот преправен бус што е. Не сум сигурна дали уште некоја процедура имаше (да ја завериш на нотар потврдата ама може и грешам...), другар ми знам вадеше ама 2г пројдоа и заборавив веќе. Најдобро во ЈСП да идеш да прашаш.
Не треба да одиш до ЈСП,туку до некој од 8-те инфо центри. Неопходна е изјава од родител за загубен билет заверена на нотар,во прилог и потврда од училиште,и 200 денари за нова Скопска картица. Во инфо центар ќе прашаш дали треба уште нешто. Ова е напишано милион пати на нивниот вебсајт,а и понекогаш одговараат на ФБ.
Дали знаете колку дена траат оние 10 возења за 250 денари? Знам дека беа временски ограничени ама никако да ми текне колку, ниту па има информација на нивната официјална страна.
Денес ми пишаа казна од ЈСП затоа што не се куцнав а картичката ја имав, годишна е и трае до 31.12. Ниедно од наведените не е точно тој заокружи "не поседува билет" значи имав му ја покажав само имаше премногу гужва и не успеав да се куцнам. Што ако не ја платам, посекако ми истекува рокот за две недели? Дали на другите контролори при проверка електронски на апаратчето ќе им излезе дека имам не платена казна?
Ќе мора да си платиш казна, штом ти пишале. Ако не платиш ќе си ја искомплицираш само работата, ем ќе ти порасне казната, ем може и до УЈП да стигне за присилна наплата.
Ама не бев крива, да ја немав картата ајде, ја имав му ја покажав прво ми ја зеде и после ми ја врати
Штом не си ја куцнала исто ти се фаќа дали ја носиш или не. Задолжително е куцањето на слободните (важи и за средношколци и за студенти, па дури и за вработени кои имаат платено месечен билет).
Дали на тие што ја продолживте студентската кога ќе се куцнетe ви пишува дека ви важи до 31.12.2020 или уште ви е 31.12.2019?
Ако има некој од Правен, знаете ли дали со запишан Е2 ќе ми ја продолжат слободната, фактички уште имам статус на апсолвент така.