Дали старите сини картички треба да се заменат со нови до март? Кажуваше колешка на факултет, а јас немам никаде прочитано.
Денес надополнив картичка месечна, 1400 денари, ама колешка ми вика била за до први после не важела. Дали фрлив 1400ден. за 15 дена само или врска нема?
Добро ти кажала колешката. Месечниот билет важи од први до први, а не во наредни месец дена од денот на надополнуавње/купување на билетот.
Јас обично се возам со билет за десет возења, но бидејќи немам многу време да барам во темава, постои ли начин да си купам билет во автобус (за едно возење)? Не зборувам за плаќање со телефон, позната ми е таа опција
Да, пуштени се во продажба 50 денари е еден. Е сега не знам дали ги има во секој автобус или само во билетара.
@Leviosa2503, одлично ако ги има во автобус. Принципот со билетите досега беше многу комплициран Што им фалеше на хартиените билети за едно возење, уште не можам да разберам.
Ако имаш скопска стави си само пари на неа и ќе си имаш поединечни возења што ќе ти траат додека не ги потрошиш парите. По 35 ден. едно. Или немаш скопска, не сфатив Си кажав јас за секој случај.
Имам Скопска. Мислев ако не ја носам со мене, да си влезам во бус и да си купам карта Како порано што беше...
Само не ми е јасно како функционира пластичен билет за една употреба... Колку пластика ќе се фрла така..
@Leviosa2503 @Stache Еве убаво појаснето, не можев да го копирам линкот... Не станува збор за пластичен билет, ниту нешто поскапува. Само се воведува нова услуга. ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НЕ ПОСКАПУВА, БИЛЕТОТ ЗА ЕДНО ВОЗЕЊЕ Е НОВА УСЛУГА Во врска со донесената одлуката на Советот на Град Скопје за изменување и дополнување на Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје (билет за едно возење), сакаме да појасниме дека во случајов јавниот превоз не поскапува! Не поскапува ниту една услуга на ЈСП Скопје! И натаму, пакетот билети за 10 возења чини 250 денари, валидирањето со електронски паричник чини 35 денари, валидација со мобилен телефон е 40 денари и слично. Билетот за едно возење е нова услуга, нов продукт кој треба од 1 ноември да биде имплементиран во постоечкиот систем за електронска наплата. Билетот ќе чини 50 денари, ќе биде наменет само за еднократна употреба, хартиен со вграден безконтактен чип, изработен со највисоки безбедносни стандарди, компактибилен со постоечката опрема, односно ќе се валидира безконтактно на постоечките валидатори. Билетот ќе може да се купи во автобусите (кај возачот, и во возилата на ЈСП и кај приватните превозници), како и во билетарниците на ЈСП Скопје и секундарната продажна мрежа (маркети, трафики, тобака и слично). Убедени сме дека со воведувањето на билетот за едно возење значително ќе се олесни користењето на јавниот превоз за граѓаните кои ретко го користат јавниот превоз или се од градовите од внатрешноста, олеснителна околност ќе биде за странци, воопшто, за сите оние кои не се во можност или не сакаат да ги користат опциите за користење јавен превоз ( „Скопска“, мобилен телефон).
Јас ставам возења за 35 денари. Ретко користам автобус. И дали се нормални? Билет за едно возење 50 денари? А за шоферите што да се каже? Уште не научија дека возат луѓе.
Ако се возите два пати на ден, пет пати во неделата, и не менувате автобус, 10 возења за 250 е најисплатлива опција, во спротивно месечна е поисплатлива опција, за разлика од трчање нон-стоп за куцање, за 1300 ден. (ова ако работите 6 дена во неделата).
Ајде помош од некој од Скопје. Наредниве месец, два ќе ми треба градски превоз од автобуската до министерство за економија. Ако знае некој да ми каже кој автобус треба да го фаќам и отприлика за колку време се стигнува, и како оди со плаќање, кај може да се купи карта..?
Зависи дали ќе патуваш секој ден или преку ден, два три... Имаш билет од 10 возења (250 ден), важи 15 дена од прва валидација. Ова ти е најдобра и најевтина варијанта ако ќе ти треба превоз за секој ден. Во спротивно, ќе си ставиш кредит (ел.паричник) на одреден износ/сума. Во тој случај, билет е 35 ден, но немаш временското ограничување на важноста. И во двата случаја, неопходната ти е "Скопска" (ел.картичка). Најдобро да купиш неперсонализирана (без слика). Чини 150 ден и на неа имаш 2 гратис возења. Ја има по билетари, во трафики, тобака кои соработуваат со ЈСП. Од меѓ.автобуска до Мин.за економија најмногу ти одговара 5, ти проаѓа на Транспортен центар (Железничка станица), се симнуваш после Треска, на нецели 100м од министерството.