Ок земав неперсонализирана картичка и одма ја дополнив. Сеа гледам ми стои на белешкава неактивирана. Можам ли да ја користам или треба некако да се активира?
Тобаката кај што можеше едно време да се надополнува функционираат уште? До колку обично работат? До 22:00? И стават ли 10 за 250, или тоа само директно во ЈСП? Ве молам за брз одговор.
Има некој информација каде можам да пишам поплака, мејл нешто? Изреволтирана сум од патник, едни исти секое сабајле се возиме по истата рута, но една цело време касни, се јавува на колешките нејзини шоферот да ја чека, мене секоја минута ми е важна и неможам да си дозволам ради неа јас да каснам на работа. Не го кривам шоферот, но треба да си го почитува времето на тргање и цела траса, а не да исполнува нечиви желби секое сабајле.
Пробај на овој линк: http://jsp.com.mk/prasanja.aspx Овде пишуваат прашања и поплаки, ќе ти вратат на пораката ама не знам колку реално ќе преземат нешто во врска со тоа.
Дали важат студентските слободни за време на вонреднава состојба? На почетокот кажаа дека нема да важат, но можеше да се валидизира
Јас си се возам. Може да се валидира и кај контролата покажува дека ни важи. Не ми прават проблеми. Иако ЈСП кажаа дека не важат.
Дали прекинот во периодот од 09-13 часот се однесува и на приватните линии како на пример бр 23? Или воопшто нема автобуси тогаш?
Ја баш пред некој ден читав за приватните автобуси ама пошто не се возам во 23ка не обрнав внимание.Ќе побарам сеа ако најдам ќе пратам https://www.facebook.com/151089495021582/posts/1979892572141256/?d=n
Сакам да прашам дали има билет од три вожњи, колку кошта и колку денови трае? Се си мислам дека имаше таков само не сум баш сигурна А не ми треба таков за 10 вожњи :/
Три возења не ми текнува дека имало. Можеш да ја надополнуваш картичката колку сакаш. Е сега минимум не знам колку е.
Ќе си ставиш 105 ден. на картичката, тоа ти се 3 возења и може да ги користиш кога сакаш, немаат рок. А Може и со мобилен да си платиш ако не се возиш често.
Последно поаѓање на 53: @Feminka22 Отвори го распоредот на страната,на скринов ти е последното поаѓање во двата правци.