Искрено еве 4та година по ред ако активно секој ден се возам во Јсп автобуси и можам да кажам дека ќе се изнагледате децата.Па дури и луѓе со пиштол од нигде никаде.Жално но вистинито.
Дали има промени поради укинување на полицискиов час. Како ќе возат од утре, по саботен возен ред или нормално?
Уште возат саботно. "АВТОБУСИТЕ ОД УТРЕ ЌЕ СООБРАЌААТ БЕЗ ВРЕМЕНСКО ОГРАНИЧУВАЊЕ, ПО САБОТЕН ВОЗЕН РЕД ❗Почитувани корисници на јавниот превоз, Ве информираме дека од утре, среда (27.05.2020 год) јавниот превоз ќе функционира вообичаено, односно без временско ограничување (од 5 до 24 часот, во зависност од линијата). ❗Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред."
Како што се сеќавам до летен семестар тогаш ми рекоа дека ми трае, кога ќе го запишам пак да отидам за да ми ја продолжат
Можам ли да дополнам пример 5 возења ама да немаат ограничена важност од 2 недели? Бидејќи купувам обично 10 за 250 ама важат 15 дена и ќе ми пропаднат
Можеш, ама ќе ги платиш по регуларна цена од 35 денари, значи 175. Исто и ако сакаш 10 без ограничување ќе ги платиш 350, тие што се 250 затоа се толку пошо истекуваат за 15 дена. Значи надополнуваш сума а не возења