Дали некој знае дали можам да извадам студентска слободна таа од 1050 денари? Последен семестар ми е зимски меѓутоа сеуште не сум дипломирана поради ситуацијава со вирусот. И доколку можам, кои документи ми требаат? Ви благодарам.
Здраво. Ај ве молам за помош. Многу ретко идам Скопје и никогаш се немам возено со јавните превози па сакам да прашам ако некој знае да ми каже Во која бројка автобус треба да се качам за од Карпош 4 до Центарот на градот и плус колку се наплаќа? И во колку часот има автобус на таа релација? Ви благодарам однапред.
Можеш со 2ка на партизанска, 15ка и 19ка тргнуваат од сити мол. Има и други, но овие ти се најчести. Во зависност од периодот на денот ги има на 10-15 минути. Цената е 40 ден од мобилен ако платиш. Има упатство кога ќе влезеш во автобус.
@Damata so marama , само да додадам дека доколку чекаш на Партизанска, можеш и со 21,22. 22 ја има често.
Автобусите отсега ќе може да пренесуваат патници со 75 отсто од капацитетот, наместо досегашните 50, одлучи Владата на седница. „На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50 проценти, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75 отсто од вкупниот капацитет на возилата“, информираат од Владата.
Јсп да си превземат нешто се возев во број 56 од соборна со влае, имаше 30 луѓе внатре 25 беа без маски... Не знам каде може да се пријави тоа...
Во пригратските 62, 52, 41, 70, 58, 55, 66, 80 во сите е така што кажав погоре не 50%, не 75% туку 150% се полни. Ама во последно време гледам дека полиција често знае да се качи ненадејно или по пријава не знам во автобус и казни пишуваат за неносење маска.
Вчера во автобус контрола ми напиша казна од 1000 денари буквално затоа што ги оставав кесите( бев пренатоварена) и додека ја извадам картичката да куцнам, ми вика тој не не, не може сега. Тоа немаше ни 5 секунди време! Почна вербално да ме напаѓа и преарогантно се однесуваше со мене. Каде да отидам да се пожалам и поразговарам со некој поглавен? Некој ми спомна за пунктот на железничка што е, ама не знам дали е сигурно таму. Да немав карта воопшто, немаше да се бунам секако, ама вака стварно за ништо 1000 денари не се малку. Има ли шанси да ми ја поништат казната? Имате ли искуства?
Оди на железничка ама мислам во автокоманда дека им се главните канцеларии. Ама реално се сомневам дека ќе постигнеш нешто. На мајка ми истово пробаа да и го направат, ист случај само ги спушти кесите зошто имавме мн работи купено и не можеше да ја извади картичката и од гомно подоле ги направив, двајца набилдани празноглавци.