Јави се, не примаат странки секој ден во ЈСП во Автокоманда. Не знам кои денови беше за жал. И кај денови па и час одредиле за странки. Не се нормални. Или треба да одиш да ги направиш лом сите таму...
200 денари+цената на слободната и да одиш да те сликаат. А ако си студент тогаш само 200 денари, индекс и потврда за редовен студент и одиш да те сликаат.
Кога сме кај картички од јсп, дали е задолжително да се сменат? Јас уште имам од старите, ама сега ми текна дека точно пред 4 години ја извадив (септември 2016), до скоро ја користев и надополнував без проблем, ама слушав некаде дека од новите скопски треба да се извади.
Ако ти е персонализирана мора да ја смениш бидејќи ќе ти истече и нема да можеш да ја користиш. Ако ти е неперсонализирана, важноста е 10 години.
Дечки итно сакам да пријавам еден кретен што вршеше ‘’контрола’’. Беше околу 55г.Во 5ка. Освен што се изживуваше со патниците кои немаат билет, кога си ја заврши работата и се развика на стара госпога да стане за да седнел он бидејки се изморил. Кога останатите патници се побунивме почна да пцуе. Полна со гнев поради вакви гниди! И П.С скришум го сликав
Прати тука слика да видиме кој е говедото идиотско! Да видиме вака у друга држава дали е?! Ако не си расположен нешто седи дома! А не на народ да му се истураш!
Можеш да се јавиш на внатрешна контрола, они знаат точно во кој автобус кој контролор бил. Само кажи им го времето.
Дали уште функционира плаќање преку моб и дали нешто трњба да направам ако го користам моб прв пат(начинот на плаќање)освен вртење на 185?
Какви се гужвите во 41 и овие што одат за накај Аеродром 5, 15,23,27? И секако за 13ка,дали постои воопшто ?