Не мора индекс. Нас пошто нѝ ги земаа, мене ми извадија потврда за редовен студент и со таа ќе отидам. Баш сеа ќе одам, ако ме вратат пошто не носам индекс ќе се убијам.
Што се случува со ЈСП? Денес дојдов во Скопје и во 3 буса што бев, 3 возеа по друга рута. 7 и 24 не застанаа Рекорд, туку кај Рамстор мол. Ќе останат вака засекогаш или нешто привремено е??
Здраво и на мене исто ми е од пред 4 години картичката помината, сакав да те прашам само случајно да не отиде веќе, и дали е можно да се извади пак студентска со потврда од факс, бидејќи имаат поминато 4 години ? Зашто ми кажаа дека мора да имаш барем 3 предмети (Јас имам само 1 ) запишано во зимски семестар за да извадиш пак како студент. Фала ти
Од денеска на поголемиот дел од автобуските линии се вклучени поголем број возила во однос на изминатиов период, поточно дел од линиите во јавниот превоз почнаа да сообраќаат по летен, делничен возен ред, соопшти ЈСП. Станува збор за линиите 2, 2А, 5, 24, 41, 42, 43, 50, 53, 55А, 57, 63, 63А, 65, 65Б, 67, 163, 165, 167, 180. Линиите 9, 19, 20 и 23 часот, како и во изминатиов период, продолжуваат да сообраќаат по редуциран делничен возен ред. Останатите линии имаат саботен режим на сообраќање. Линиите, 25, 25А, 25Б, 28 и туристичката линија „Сити тур“ и натаму се времено укинати.Прегледот на возниот ред е достапен на веб-страницата на ЈСП Скопје www.jsp.com.m
Одат ли до рекорд некои автобуси од кај веро шо проаѓаат или скроз е затворено се натака? Ми кажаа 50ка и 57ца не оделе веќе баш до кај државна натака, туку вртеле некаде дека е затворен патот? Не сум била преку 2 недели, затоа и прашувам некој ако бил за сигурно?
Здраво дали некој знае дали сега треба да се продлжат студентските билети? ѕвонам на бројчето ама никој не крева.
Студентските билети се продолжуваат секоја година во периодот пред/после Нова година. Истата ти важи до 31.12. Земи си потврда за редовен студент и отиди во некое од претпријатијата да си ја продолжиш во периодот една до максимум две недели пред Нова Година или ако повеќе ти одговара, направи го тоа после Нова година.
Пред некој ден имаа објавено од ЈСП дека веќе може да се продолжат студентските слободни за наредната година. Не мораш да чекаш до Нова година, извади си потврда и уште сега можеш да ја продолжиш.
Еве бидејќи јас многу дрнднам и сум нереална. Еве ајде да поразговараме како да не се дешава ова never ever again. Нели бесплатниот превоз беше намерно укинат за некои категории за да не дојде до ова. Еве зошто ЈСП да не пушти повеќе линии. Ајде еве да почнеме да им ѕвониме по телефоните ако не сите од форумов да им досаѓаме да се договорат со град Скопје и да ги вратат назад линиите. Субвенции за ел. тротинети имаше, кој доби се посреќи Друго што да напраиме? Би средила вака: - ќе ги вратам сите редовни линии ама не пуштам повеќе души од тоа што има за седење евентуално уште 5-6 души да стојат. Пошто и онака секаде во автобусите пишува забрането стоење. Општо сеа, во ситуацијава значи шоферот НЕ СМЕЕ да си дозволи до толку да му се накрца автобусот.Ја не би тргнала на пример. Значи мора луѓе некој ред да се стави дај бидете реални.На таа слика се гледа дека нема ни 50цм растојание меѓу луѓето. Ви реков, во таква ситуација ни Господ не помага. Лично сум се возела пред пандемијава во такви гужви и сум се гушела едноставно, сум се борела за воздух верувајте вие или не. И прозор да се отвори џабе. Не е нормално пример во 6 квадрата 20души да има. Прво кислород нема.Сите истото ке го дишат. Ајде решенија да чујам???
Прво ова за ѕвонењево. Они вака не дигаат слушалка а не па кога ќе видат 10 различни телефони да ѕвонат у размер од 2 секунди. Друго. Имаше дешавка каде што автобусов застанува на сред возење и им вика да се симнат неколку. Ова во 18,19,20ка. Незнам не сум сигурна. И во нормални услови ја да сум шофер нема да тргнувам. Пред мои очи имам видено каде што автобусов е препун и уште 10 души се бутаат да се качат.Вратава едвај се затвара. Еднашка ранец ми затвори од што луѓево не сакаа да се мрднат а стоеа 15 души. Врескам како ненормална по шоферов никој не реагира. И тоа пази, се возев у автобус пун Македонци. Никој не мрдна со прст. А кога се најголемите гужви. Некој да ми души мене у врат. Станувам нервозна и се туркам и јас,се карам се расправам. Внатре мириса на немиени заби,на мишки,на манџи, на нозе кисели. Ти отвараш прозор таа од позади се дрзнува ти затвара. Ти пак отвараш. Па таа од позади почнува да вреска мислиш нож си и вперил. Немаме ние основна култура. Немаме разбирање човек со човек. Не сме човечни.