Па автобусите треба да плаќаат огромна еко такса тогаш, а не автомобилите. Старите автобуси се најгадното и најсмрдливото нешто во СК, змрдат на нафта и на незнам што
Значи нема крај со ова ЈСП Сабалје еден дедо целиот во кал со зимна јакна седна до мене (читај врз мене), ај што ме стисна во ќош, јас си зборев на мобилен и почна да ме гази (осеќа гарант дека гази врз нешто и упорно пак ме гази) , завршив со повик и неможев да издржам и му викнав ептен некултурно (ама неможев веќе) АЛОООООО МЕ ГАЗИШ... И за се да заврши како што „треба“ ми викна „се извинувам“ и мене тука ме удри дамлата од кромид и лук. ГИ МРАЗАМ и ЈСП веќе, и Грујо а од старциве во вторник и петок ми се
Секое возење во автобус во вторник и петок ми е кошмар! А и во другите денови е катастрофа, каква некултура тоа е чудо! Станува неподносливо. За среќа, во последно време не ми е неопходно да се возам во автобус, па избегнувам колку што можам.
Кога пишав дека е 100 денари така прочитав во весник, но... Денес пишува дека за возрасни е 50, а за деца и пензионери бесплатно
Избегнувам да се возам со автобуси, ептен кога морам... Ама é ми остане во сеќавање еден ужасен ден и 5ка... Нема каде да застанеш... те туркаат само... ,,Девојче може да поминам, на следната станица слегувам,, една ми ги извади ребрата, на друга кај зелено пазарче и се скина кесата со јаболка, одеднас осеќам нешто ладно морничаво ме допира по нога, се вртам смрзнати копани.... цел автобус смрдеше, пеколко искуство во секој случај... Мкило ми е што не сум врзана за автобусите, можам и без нив... е сега кога се мора... ќе се трпи... ЕДИТ: (извинете за офтопик) ама како што тргнало темата ќе треба да се преименува во пензионери...
Епа и јас така слушнав на радио, затоа и пренесов. Супер ако е 50, мислев дека ќе биде поскапа. А за пензионери секој ден бесплатно? Нели само вторник и петок?
Ваууу, ајде една пофалба до крвотокот. Денеска сме се акнале со мајка ми во нова 35-ка, со климатизација ви се молам, абре фучеше по асфалтот, за некои 13 минути сме стигнале. Бравос ЈСП, 35-ките ви се супер, а тоа што ги користам два пати во годината, тоа си е мој проблем, не ваш.
Ајде сега да ви објаснам убаво... Значи пред недела дена пишуваше едно во весник, сега друго Ќе чини карта 50 ден како што пишав погоре, а за пензионери и деца бесплатно - секој ден (иако прво се зборуваше дека само вторник и петок). Инаку ќе биде пуштен автобус кој ке оди од железничка, југо дрво, градска, рекорд и т.н. се до средно Водно. На автобусот ќе има ознака Милениумски крст, или така некако беше... И картата ќе чини колку обична карта за градски автобус. Во три термини само ќе оди автобусот, а распоредот деновиве ќе бил објавен на страната на ЈСП. Благодарам на вниманието
Дедо ми е ONE OF THEM. Сабајле уште во 8 тропа ли тропа некој надвор. Јас сонита едвај успеав клучот да го најдам. Отклучувам и што да видам.. дедо ми пред врата, оцерен. Влезе, ставив кафе да пиеме и го прашувам што му текнало волку рано? А он на тоа: ААА па петок е, бесплатно ми е. Поседовме, си отиде накај 11, кај пријател на партија шах брзал, во Радишани.
Не ми се верува колку се нездрави и да, безобразни пензионериве. Се возам прееска во 57 и беше пуничка. Влегува една постара жена, потенцирам не беше баба или да изгледаше нешто изнемоштено или да носеше ќеси и буквално му се издра на едно дете Ајде дечко станувај јас да седнам! Детево ја погледна бледо и си стана, а јас сакав да и ја влепам една. Океј, има постари луѓе на кои треба да им се отстапи место иако јас се водам по паролата Ако можеш да се качиш во автобус, можеш и да стоиш!, ама сепак никој не не прашува нас. Од каде знаат дали може тебе во моментот ти се лоши или не ти е добро.
Се возел некој на жичарата? И што се случува со неците на билетите, сегде пишува различно, и како иде тоа, во еден правец цена, во два? нигде ништо не пишува.
Овој период и мислам наредните 3 недели цената е 50 денари за возрасни качување-спуштање а за мали деца е бесплатно. После овој промотивен период цената ќе била 100 денари за возрасен и 50 денари за дете исто цел круг.
ЈСП хахахаха влегувам денес во 7-ца и слушам „...пустите ме да га видим, да га видим на трен само...“ и си умрев од смеа, бреј што песна ќе беше Spoiler ќе мора да идам сега во барам песна мора да дознаам кој ја пее па и да си ја научам хахахаха и од утре ќе си ја потпевнувам а може и да се опијанам удара во срце
Да не знае некој дали викенд линијата 22 дали е само од транспортен центар до лепенец или има таква и од лепенец до транспортен?
Како се погоди баш денес да морам да се возам во автобус, и како за беља петок се погоди. Катастрофа! Толку беше топло и загушливо, ниеден прозорец не се отвараше, незнам како издржав да не се онесвестам. Прво имаше толкава гужва, што неможе да се опише! После неколку станици, автобусот малку се испразни. Влегува една теткица, до мене уште две празни места, а таа ми вика девојче ајде стани! Кошмар!