Па, добри ти се предлозите и сите би се сложиле со нив. Ама во град Скопје гратски превоз е есенцијален за многу граѓани. Со воведување поголем број автобуси би имало подобра вентилација на воздухот. А, и гратски превоз е добар за намалување на загадениот воздух. Подобро ЈСП отколку сите со коли. Лично, би препорачала и подобра хигиена да има во тоа автобусите оти се гнаса. И народот е гнаса, ама и одговорните не водат сметка баш.
Прво хигиената да. Се слагам и со двете. Ај што нема вентилација па и смрди корне. Аушвиц на македонски начин. Ем загушливо ем смрди корне ем ако отвориш прозор како фамилија да си им убил.. Мора повеќе автобуси да стават дефинитивно. И стварно да е ограничен бројот на патници. Пр. повеќе од 109 укупно да нема цел автобус.Хмм ама да како ќе се брои? Мора и за тоа да се најде решение, дали сензор на вратите што ќе брои не знам било што. И после 100от НЕМА влагање. И јас малечка сум гледала исто така ранци фаќале. Ехе една си се имаше потпрено на мене еднаш, има такви и со рацете на струк ко да е нејзин автобусот, со торбиштата од по пазарите. Абе хаос.
Одамна не сум се возела со ЈСП, па не сум многу во тек. Може ли да се извади единечен билет и може ли да се купи директно во автобус? Или останува опцијата само со апликацијата на телефон да се плаќа?
Здраво девојки. Веќе неколку пати пробувам да платам карта во бус со телефон ама ми дава вака секој пат, не знам дали е до мојот телефон проблемот или дп нивните апаратчиња..
Покажи им ја сликава во некој од главните пунктови на Скопска и види што ќе ти одговорат. Или обиди се прво прашај го шоферот следен пат кога ќе се возиш во бус. Јас немам навика да плаќам со телефон така што немам баш искуство да ти помогнам.
Мислам дека нема проблем со апаратчињата, татко ми некогаш плаќа преку телефон и океј е. Изгледа има проблем некој до телефонот твој или нешто, обрати се во јсп...
Да се јавиш на операторот да видиш дали ти е активирано mobipay, јас пример сум на Т- моbile, и ме советуваа да се јавам на бројот 141114 за да активирам плаќање со телефон. Ма, да, сега имам годишен билет ама ова го памтам. За на Вип не знам како е, ако некој друг знае нека пише.
Здраво дали знаете дали студентска картичка може да се продолжи после 31.01.2020 бидејќи индексите сеуште не ни се вратени од факс?