Да се надоврзам, дали кога ќе ја продоложуваме студентската, треба повторно да не сликаат (да ни дадат нова картичка), или само ни ја надополнуваат?
Како мислиш дали до моментот на продолжување нема да можам или цел јануари и да дали само продолжуваш со потврда и индекс или треба да се сликаме од ново?
Нема повторно сликање. На истата картичка само го продолжуваат за една година рокот на користење. Се продолжува само со индекс и потврда за редовен студент. Нема повторно сликање. Инаку од 1.1.2021 сè до моментот на продолжување нема да можеш да се возиш. Ама бидејќи ти прашуваше за продолжување после 31.01.2021 затоа ти реков дека цел јануари нема да можеш да се возиш. Ако сакаш да се возиш, ќе си одиш во билетара ќе си ставиш пари. Минимално е 100 денари. Ама ќе си ставиш на пример: 105 денари за да имаш за 3 возења. Или ако планираш секој ден да се возиш, поисплатливо ти е 250 денари за 10 возења. Ама овие возења ти траат само 2 недели од првпто куцнување на апаратчето. Ако сакаш да имаш 10 возења со неограничен рок тогаш ќе си ставиш 350 денари.
УСС-УКИМ на фб има објава од пред 15тина минути: Информации за студентски автобуски картички - Скопска од 2020 ќе важи до крај на февруари. УСС е во директна комуникација со Град Скопје и ЈСП во однос на важењето на скопските картички за бесплатен автобуски превоз за студенти. Од ЈСП побаравме важењето на скопските автобуски картички да биде продолжено уште два месеци, како не би се создале гужви при продолжувањето на важењето на картичките. Од ЈСП добивме усмена потврда дека СКОПСКИТЕ КАРТИЧКИ ЗА СТУДЕНТИ АВТОМАТСКИ ЌЕ СЕ ПРОДОЛЖАТ ЗА УШТЕ 2 МЕСЕЦИ. Ова значи дека студентите нема да мора веднаш да ги продолжуваат картичките, односно нема да можат да се изложат на непотребен ризик при процесот на обновување. Во меѓувреме ЈСП не информираше дека ќе работи на софтвер кој ќе овозможи електронско обновување на картичките. Продолжувањето на картичките технички ќе биде разрешено од страна на ЈСП во следните неколку денови. Благодариме на ЈСП за разбирањето во однос на ова прашање и се надеваме на понатамошна успешна соработка при изработка на софтверот, како би одговара на потребите на студентите.
Фала ти многу иначе грешка мислев 31.12.2020 верувам дека на многумина им излезе на пресрет со одговорот фала уште еднаш
Здраво, дали некој може сигурно да ми каже дали се продолжени студентските до фебруари месец, доколку проверил денес?
Влегов во автобус и пробав да ја куцнам слободната ми пишуваше:надополнете ја картичката Па си платив со телефон и веднаш однесов потврда во јсп.Ако чекам од другите тешко мене.
Јас денеска бев и прашав, ми рекоа дека за студентите важат до крај на фебруари, нема да има проблем со контрола, нема потреба ни да се куцаме додека не направат автоматски да пишува дека важат до крајот на фебруари, а како ќе знае некој дека сме студенти , на лепе очи ваљда, вози се северна македонијо
Дали ќе може како скоро вонреден студент да си ја продолжам картичката или не бидејќи сум станала вонредно?
Демек продолжена ќе беше важноста до крај на февруари за студентскиве ама оди разбери се со контролори. Очигледно тоа што им се кажува од едно уво влегува а од друго излегува. Денес се качи контрола и објаснив дека картичката уште не ми е продолжена за да добијам одговор дека требало да носам потврда со мене. Па да сум ја имала потврдата немаше да чекам туку веднаш ќе ја продолжев картичката. Ама оди објасни се. Она што најмногу ме нервира во ситуацијата е што уредно се јавив во Јсп откако ја добив информацијата дека ќе биде продолжено важењето и ги прашав дали ќе биде потребен некој документ и им назначив дека сакам да избегнам непријатна ситуација со контрола затоа што ги знам што говеда се. А очигледно сум имала среќа денес затоа што се изначитав студенти кои добиле казни во истата ситуација.
Не ми се верува еј Удри по џебот на студентите, така е најлесно. Па уште и ти кажуваат кога да земеш потврда Убаво што сподели овде, ќе ја зачувам денешната објава на УСС па ќе видиме дали ќе прават проблеми при контрола
Дали некој знае како стојат гужвите за продолжување на картичка деновиве? Сакам задутре да појдам, а нема да имам многу време за чекање па да не одам за џабе бидејќи не ми е блиску. Исто така, бидејќи една членка погоре рече дека не можела да ја куцне студентската картичка, како да им се докаже на контролата дека си студент, бидејќи гледам правеле проблеми?
Читав некои ја покажувале официјалната објава на ЈСП што е, па добиле казни. Па морале да одат дури во ЈСП Автокоманда за да им ги скинат казните.
Страв ми е да се возам искрено. Многу глупава ситуација испаѓа, те прават подоле од гомно буквално. Гледав денес да си земам барем за 250 денари 10 возења ако ништо друго,