Здраво! Сакам да прашам, дали во автобусите на ЈСП, може да се плаќа со припејд телефон (со кредит фактички), или само со постпејд? Јас сум плаќала, но постпејд имам, и не знам дали може со припејд.
Сигурно ли? Бидејќи членката под вас вика дека не можело... А и да прашам, дали можат да се купуваат карти кај шоферот, бидејќи сум видела дека купувале, ама не знам дали сеуште важи тоа...
Ако си на операторот А1 не може при-пејд. Освен ако не смениле нешто. А од Телеком мислам дека може со при-пејд.
Дали во автобусите можам да платам за повеќе лица преку еден телефон, или секое лице мора посебно од различни телефони?
Бидејќи не сум од Скопје, сакам да прашам дали термините кога доаѓа бус се updated на страната од ЈСП бидејќи планирам да одам до негде со приградсла линија а сум приметила дека ги има поретко кога идам у Скопје заради коронава.
https://play.google.com/store/apps/details?id=com.margento.jsp Дали на апликацијава може да ја имаме картичката надополнета но да не ја носиме со нас туку на апликацијава да ни е??
Здраво девојки, дали на некоја во скоро време имаат пишано казна во јсп? Вчера се качив пробав да платам со телефон ама не сакаше, па си седнав влезе контрола кога ја видов пробав пак и се плати али ми се ставија демек кога сум ги видела сум плаќала што е донекаде и така, иако и кажав дека првиот пат не сакаше да се плати и платив сега пак ми пишаа казна. Дали вреди да појдам до јсп во автокоманда? Дали ќе ми ка поништат казната или тешко?
Пробај, покажи им од телефон ако чуваш дека имаш направено и пред тоа повик. Мислам дека пишува време во колку часот ти ја имаат пишано казната, а и пишува во колку бил повикот. Само провери кога да одиш во ЈСП затоа што ако не се лажам имаат одредено време за работа со странки.
Здраво, да не знај некој кој автобус сега оди до кањонот Матка? Се разбира не директно , но колку толку да го намали растојанието за пешачење .(прочитав 60 бил укинат )
Колку што знам си вози автобусот. Последна станица му е баш на паркингот пред браната до реката. Е сеа во саботи и недели, ако има премногу гужва од коли и скроз застане сообраќајот, тогаш најчесто си застанува автобусот во Глумово и си врти назад. 12ка вози до Шишево, ама после има доста пешки
Може ли сега да се плаќа од Телекабел во ЈСП? И дали може кај шоферот да се плати карта? Знам дека планираа да воведат за 50 денари.