Првпат ќе вадам студентска скопска. Од факс имам електронска потврда за редовен студент без печат и потпис, нема ни дата кога е издадена. Ќе може така да помине со индексот во прилог или да одам прво на факултетот да ми удрат печат?
Освен индекс, потврда за редовен студент, пари за изработка на картичката и слики, има ли други работи што требс да се однесат во ЈСП за издавање на студентски билет?
Потврда откуцана со потпис печат од факсот, индекс, лична карта и коа ке отидеш во ЈСП ти даваат едно барање да попуниш и те сликаат на лице место и плаќаш 200 ден
Колку сакаш можеш да дополниш, цената на еден билет е 35 денари, ако се возиш само со градски линии најисплатливо ти е 10 за 250.
Минимално е 100 денари, но најдобро е да ставиш 105 денари за да имаш 3 возења (по цена од 35 денари). Ако ставиш 250 денари за 10 возења, тогаш од првото куцнување на апаратчето во автобус ќе мора да ги искористиш во рок од две недели.
Чекај, можно е да одам во Јсп кај железничка шо е за да извадам слободна? Тие малечките станици што се поставени?
Точно така. Овие информации заборавив да и ги кажам на членката.Одамна не сум надополнувала картичка.
https://www.google.com/maps/d/viewe...mbed&ie=UTF8&mid=1NJUAq7npbaVTPgGqK5Qhgr2m1eQ На црвените кога кликаш ти пишува точна локација каде можеш да извадиш.
Знам дека од приватните средни не следуваше бесплатен превоз ама за факултети не знам така да прашај си за сигурно
Можеш кога сакаш да ја продолжиш, нема рок. Ако не ја продолжиш после 31 декември нема да ти важи. Јас веќе ја продолжив, така да може и сега да си ја продолжите, дур нема гужва.