Јас сум моментално 5та година бидејќи имам уште 2 испити. Значи не можам да земам потврда и да ја обновам?
На колега не му ја продолжија картичката за возење од ЈСП, немал најмалку три запишани предмети по прв пат(повеќето му биле презапишани и затоа не му следувало)..
Па зависи каков ќе ти се погоди кога сакаш да продолжиш, на повеќето им ги продолжуваат, а и чим си уште редовен студент секако имаш право на бесплатен билет во јсп.
Тоа му кажав и јас, ако не ти ја продолжат на Железничка, оди во Карпош, или во Автокоманда, не е ова универзално правило па да важи за сите, туку како им дојде.
Да да скроз е вака. Не мислеше на тоа дека ако студираш 5г нема да ти дадат картичка. Туку треба па да се сликаш, по 4г не се продолжува картата стара, нова се вади, зошто трајноста на било која картичка им е 4 години. Прашај си таму, на шалтер секако се ќе ти кажат, дали ти е истечена и треба нова итн, они секако се поупатени од нас.
Дали има некој како мене што уште не ја продолжил стентската слободна? Дали може може сега после нова година да се продолжи?
Што требаше за продолжување на слободната да се има, индекс, потврда од факултет за редовен студент, 200 денари и лична карта, толку?
Само индекс и потврда за редовен студент и нормално ЈСП картичката. Штом нема да се сликаш, туку само ја продолжуваш слободната не ти треба 200 денари. И лична карта не треба.
Дали како студент може кога сакам да ја продолжам слободната, пример ако ми текне во април да ја продолжам тогаш или мора сега на почеток на годинава?