Вака, до август лани требаше да ја обновам, картичката, персонализирана. Бидејќи, моментално не живеам во Скопје, дали некој знае колку пари треба да се плати за нова и колку вожњи ќе има?
Ако мислиш на персонализирана картичка со која ќе можеш да се возиш цел месец бесплатно се плаќа првпат 1.600 и после секој месец по 1.400 денари.
Ти благодарам. Да, на таа мислев. Но, мене не ми е прва картичка. Значи, таа ми истече лани во август.
Со 57, на автобуската на бит пазар треба да се симнеш. Со 50 исто можеш, исто застанува на бит пазар, ама таа станица е малку подалеку од факултетот.
Ќе се симнеш на рекорд. И ќе одиш од кај домот на мајка Тереза све право да искочиш кај музеј на град Скопје, го гледаш музејот и вртиш десно, пак малку право и тука си кај Рамстор.
Секогаш надополнувам возења, вчера не бев во можност и не знаев дека повеќе не постои билет од 50 ден во автобус. Му давам пари на шоферот вика што сакаш, викам карта. Па ти ми вика незнаеш дека карти нема два месеца?2 месеца се немаш качено во автобус? Викам незнам обично со кола идам вика да бреее наудрени се правите зар не слушате на телевизија ама така се подразвика што цел автобус ечеше.Викам на што личи понашање о па уште се дереш па кажи со арно нема нема а не така да се истура на мене. Страмота а човек во години...Има ли некаде објавено тоа дека нема карти? Навистина немам ни слушнато ни прочитано
И јас прв пат слушам, не пратам вести редовно, ама ако го укинале ќе ми се појавеше на некој портал за да прочитам
Луѓе јас одамна се немам возено со јсп (од кога студирав) и сега појма немам како да си платам карта? Од мобилен читав нешто можи, ама јас сум на телекабел да не има проблем, оти паркинг не можев да пратам порака од телекабел мораше а1. И пошто кај нас се е можно, дали некој има сега брзо плаќано со мобилен и дали е прифатено?
Треба да си на постпејд мислам, вртиш 185 и тоа е тоа. Види да не треба да активираш плаќање претходно со порака. Има во автобусите плакати на кои е се убаво објаснето.
Имаа објавено на нивната фб страна, сега има само дневен билет што можеш да го купиш во бус 120 ден е и важи за целиот тој ден колку сакаш да се возиш
Луѓе, денеска не бев во можност да ја надополнам картичката кога идев накај работа и планирав на враќање да ја надополнам. Ама како за беља во Маџари се качија 3-ца контролори им ја објаснив ситуацијата. Но секако тоа не им е гајле на нив. Што баксуз сум станала. Ми побараа лична карта и ми пишаа казна од 1000 денари. Каде може да ја платам казната?
Леле исто и на мене сабајлево ми пишаа записник од 1000 денари и две уплатници ми дадоа затоа што сум користела "неисправен билет", иначе во комерцијална пишува на уплатницата дека треба да се плати. Ти што направи плати ли? И дали некаде ја однесе уплатницата?
Зошто си давате лична карта на некој си контролор ? Контролор нема право да ве идентификува тоа право го има само полиција. Исто така контролата во автобус нема право да ве симнува од автобус бидејќи со тоа ви го нарушува правото на слободно движење. Исто не смее да ве задржи во автобус или на постојка без ваша согласнот со таквото постапување контролот врши кривично дело противправно лишување од слобода. Значи ако ви побара контролор лична карта треба да кажете дека тој не е овластен да ве идентификува тоа право го има само службено лице на МВР па ако сака нека повика полиција што во 99% од случаите не го прават. Дури и да ве идентификува полиција ваше законско право е пред вие да се легитимирате тоа да го направи УПС или било кој друг полициски службеник, доколку УПС ( Униформираниот полициски службеник ) одбие да се легитимира имате право и вие да го направите истото се до моментот дури тој не се легитимира.