Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

ЈСП (Јавно Сообраќајно Претпријатие) Скопје

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од RainBow, 17 декември 2010.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.254
    Пол:
    Женски
    Нови автобуси, стара (не)култура. Двокатни автобуси. Добро звучи, ама не за наша територија. Прво, додека да влезеш ќе попиеш лакти, ќе те испогазат, а ако имаш среќа и ќе се качиш. Ако плаќаш карта си го наебал богами. Сајнс фикшн е да се пробиеш до кај шоферот да извадиш карта. Ај може преку неколку тела ќе успееш да земеш карта, ама патот назад додека ја искуцаш :swear: Да, да со колнење и пцуење, што од шоферот, што од другите патници. Доле во гужва нема место кај да застанеш. Влез, излез, се исто му доаѓа, а го слушаш босот само се дере: Излез на задна, излез на задна!! Ако си храбар оди па пробиј се до задна. Едино да земеш преку седишта да рипаш. Нејсе.

    Горе нема стоење. Такво е правилото. Ама за луѓе, не за нашиве животни. И го разбирам од друга страна шоферот што се дере ко ненормален. Дечишта горе не да стојат, туку се бркаат натаму-наваму. Па имале ли бре тие деца родители основна култура да ги научат? Ко од кафез пуштени мајке ми. И после се дере, е па ќе се дере. Се чудам како не стане и за уши надвор да ги исфрли. Ја би.
    Со челични нерви само во автобусиве, инаку подобро пешот.
     
    На ana-banana, MoDeRnA, thinkerbell и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. sarah.key

    sarah.key Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2010
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    23
    Може ли некој да ми каже кој автобус поминува кај ФОН и оди негде блиску до кај Зебра? :$ Не можам да се знајдам на ЈСП, како да ги нема таму сите линиии ????

    Ми треба за утре, така да ако може да ми кажете би била многу благодарна :D тнх
     
  3. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    23ка мислам, ама тој е приватен.
    3ка знам иде до зебра ама незнам накај Фон дали иде :^) има и 3а и 3б види си на страната ;)
     
  4. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Растеретено демек ќе беше со новиве автобуси(не дека не е),ама пак се примаат милион луѓе внатре и се ствара гужва..пак ти висат луѓе над врат и сл..не знам што се дешава у последно време кога и да влезам у државен немаат карти па морам на станица да купувам..веќе неколку пати ми се погоди по ред па се изнервирав и пешки идам сеа секаде! :lol:
     
  5. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Новите автобуси милина ми се, омилено седиште ми е она, кај вратата, јас си го викам во ќош, затоа што гледа во сосем различна насока, нит право, нит во спротива, туку на лево. Јас како левак, си го присвоив.
    Инаку клима, топ. Кога нема гужва океј е.
    А инаку не се баш практични, многу малку седишта има за седење.
     
  6. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    OВА МИСЛЕЊЕ ГО ПОСВЕТУВАМ НА ЈСП, НАДЛЕЖНИТЕ ВО ЈСП НА ЧЕЛО СО ДОТИЧНИОТ ДИРЕКТОР, И ЛУЃЕТО (ЧИТАЈ: ДИВЉАЦИТЕ) КОИ НЕ СЕ ЗА СОЖИВОТ СО ОСТАНАТИТЕ ЦИВИЛИЗИРАНИ ЛИЦА !!!!!

    Пред да го изјаснам мојот гнев овде, отворив да видам какво обраќање има дотичниот Г-дин Директор на ЈСП на неговиот мочан веб-сајт, па еве најдов:
    ОБРАЌАЊЕ НА ГЕНЕРАЛНИОТ ДИРЕКТОР

    ЈСП СКОПЈЕ - Скопје продолжува да одговара на сите предизвици со цел градот Скопје да добие јавен превоз кој што ќе ги исполни очекувањата на граѓаните, а притоа задоволувајќи ги и европските стандарди (еколошки, животни и безбедносни).
    Нема сомнение дека јавниот градски превоз има најголем потенцијал да помогне и во решавањето на сообраќајните проблеми во градот.

    Затоа посебно внимание посветуваме на организацијата на сообраќајот и прилагодувањето на возниот ред кон динамиката, урбанизацијата и експанзијата на Скопје и на подобрувањето на квалитетот на услугите, преку максимално искористување на расположливиот капацитет и потенцијал и негово насочување кон исполнување на очекувањата и потребите на граѓаните, подобрување на квалитетот на живеењето и достигнување на рангот на високо развиените светски метрополи.

    Оттаму и неминливоста да се модернизира и организира јавниот градски превоз, да се инвестира и вложува во него. Помогнати од градот Скопје и Владата на Република Македонија.

    Читајќи го текстов, секој нормален човек кој воедно не се возел со автобусите на ЈСП, ќе рече: „Ејјј паметен човек, какви мудрости кажал, којзнае колку е добро да се возиш во автобусите скопски ?!?„
    ТОА САМО МОЖЕ ДА ГО ПОМИСЛИ ЧОВЕК ШТО НЕ СЕ ВОЗЕЛ ВО АВТОБУСИТЕ НА ЈСП! ВЕРУВАЈТЕ, ДЕКА ЌЕ СЕ ЈАВАМ КАЈ Г-ДИНОТ ДИРЕКТОР И ЌЕ ГО ЗАМОЛАМ ДА СЕ ПОВОЗИ НЕКОЈ ОБИЧЕН ДЕН ВО ШПИЦОТ КОГА МАЛИТЕ ЃАВОЛИ (ЧИТАЈ: ИНДИЈАНЦИТЕ-ОСНОВЦИ) ЗАВРШУВААТ СО ЧАСОВИ, КОГА ПЕНЗИОНЕРИТЕ СО 20ТЕ ПАКЕТИ ОД ПАЗАР СИ ОДАТ НАКАЈ ДОМА, КОГА ПРОСТАТА МАСА СЕ БУТКА И ВИКА „ОДЕТЕ НАТАКА“ А НЕМА МЕСТО ИГЛА ДА ФРЛИШ. САМО ПОВОЗИ СЕ ГОСПОДИНЕ ВО ОВОЈ МОЧАН ПРЕВОЗ НА КОЈ СИ ДИРЕКТОР.
    Прво, возниот ред ви е ТИЊА, јас ќе ви кажам. Демек има автобуси на секои 15 минути да да, BULSHIT ете тоа имам да кажам. Ќе се натрупаат едно по друго до областа во која се наоѓа мојот дом, па после чекај ти 45 минути за да дојде наредниот.
    Второ, треба да пишува „ЗАБРАНЕТ ВЛЕЗ ЗА ПРИМИТИВЦИ„ !!!!!
    Кај не плаќаат карта, кај се бесат ко мајмуни на гранка, дури на сета таа гужва се буткаат/тепаат, немаат основна култура, ниту начин на изразување, ИНДИЈАНЦИ Е ПОИМ ЗА ВАС БРЕ !!!! Се изживуваат на ментално заостаната личност, ја тераат да вика КОНТРОЛА, и притоа и се кикокат кога девојчето ќе го каже истиот збор, а и таа ќе се кикоти со нив!

    Верувајте дека не би стапнала во градскиот превоз доколку имам пари одвишок секој ден да се возам од факс/дома и обратно. Верувајте! Приморана сум да ги трпам сите овие срања од луѓето кои замислете се нарекуваат СКОПЈАНИ! ВИЕ НЕ СТЕ СКОПЈАНИ! ВИЕ ГО БРУКАТЕ ПОИМОТ СКОПЈЕ! ПРОВИНЦИЈАЛЦИТЕ КОИ ГИ НАРЕКУВАТЕ ТАКА, СЕ 86138971 ПАТИ ПОЦИВИЛИЗИРАНИ И ПОПАМЕТНИ ОД ВАС!
    АПЕЛ ДО НАДЛЕЖНИТЕ ДА СЕ ДОНЕСЕ ЗАКОН ЗА НАРЕКУВАЊЕ НА ЗБОРОТ „СКОПЈАНИН“!
     
  7. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Ок, знам зошто си изреволтирана од ЈСП, ама не ми е јасно што имаат врска Скопјаниве со "провинцијалците" у случајов. Сељаци има сегде. И јас не сум од Скопје и мене многу ме нервира кога го употребуваат зборот ПРОВИНЦИЈАЛЕЦ кога не ни излегле од Скопје да видат колку убави градчиња има во Македонија и колку топли луѓе има низ земјава кои се прошетани, начитани и културни,а тоа што немале срека Тито да им остави некој стан на бегање не значи дека се дивутија. Многу ме напнуваат таквите ама едноставно ги игнорирам. Јас мислам дека вистинските Скопјани се културни, секогаш средени и образовани и таквиот никогаш нема да те навреди и да те нарече провинцијалец, пошто знае дека и тој или пак дедо му се симнал од некоја планина. Јас сакам Скопје да биде град на успешни луѓе, културни, образовани и секој што е таков може да се нарече Скопјанин.
    Ама друго ми беше зборот. Сакав за овие ЈСП да кажам. Абе хаос жив се. Нема спас. Ја не знам зошто немаат одреден број на места и толку да пуштаат. Ама лакоми за пари, лоповишта. Да го пуштиме Грујо со пензионерите да се вози некој ден, ќе сака да ја залепи лентата што ја исекол. :envy:
    Друго ми беше зборот.Ја мислам
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ЈСП :rock:
    секој ден нова приказна со автобусиве,кој сака да ги чека ама кога се мора :x
    вторник и петок не ги коментирам ..упс..утре е петок,уште сабајле си користат старциве,ама тоа е јбг
     
  9. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81

    Драга смири си ги малку нервите!!!
    Тоа што господинот директор на ЈСП се обратил е во ред и баш па нема потреба да се пцуе по него. Бидејќи тој воопшто не е виновен. Ако треба да се пцуе по некој тоа се граѓаните и нивната општа култура. И јас се возам секој ден и мене ми сметаат основците и нивното невоспитание, а богами тука ќе ги ставам и пензионерите, ама ете тоа е. Ако нешто не ти се допаѓа бре, пријави имаш и телефонски број од ЈСП и воедно и сајт. А сигурна сум дека се преземаат мерки за недоличното однесување на вработените. Автобуси има и работаат по возен ред, ама незнам дали некогаш тебе ти текнало дека Скопје има лош сообракај, се поправаат улици во попладневни часови , да не зборам кога има сообраќајни несреќи и во такви случаеви цел сообракај се блокира. Епа тогаш драга каснат автобусите. Не ми е за цел да бранам нечија страна, туку да ги земам во обзир сите фактори кои сто придонесуваат за превоз на кој тебе ти личи на ТИЊА.
     
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Види, јас не го пишав овој пост за да ти или некој трет мене ме цитира.
    Ова е форум, и имам право да кажам што ми смета, и имам право да го искажам моето мислење за некоја тема. Не ми е потребно мене некој друг да ми каже како стојат работите. Се што ми е напишано во погорниот пост сум во право. И како што велиш, не се возам само јас, и ти се возиш. Ако за тебе е сјајно и одлично тоа што се прави со градскиот превоз за мене е.
    Сведок за бројни неправилности со возниот ред, затоа и го кажав тоа. Возачот го мрзи да чека патници на почетната станица па ќе тргне 10 минути порано, па се прави хаос.
    И за пожалувањето, исто така се имам пожалено, така да не вреди.

    Друг пат не ме критикувај ти мене, затоа што имам осетено на моја кожа се што е погоре напишано од моја страна.

    И ако директорот не е крив, зошто толку се фали дека се е совршено во доменот на кој тој е ДИРЕКТОР, и ги набројува сите „предности“ на јавниот градски превоз, кои ретко ги гледаме.

    Не ми е битно дали зазимаш некоја страна или не, јас гледам за себе, и за тоа што јас го користам, а тоа се автобусите на ЈСП.

    Поздрав.
     
    На BeLLaDona23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81

    :) Да форум е, со слободни размислувања на кој што секој може секого да реплицира.
    Жал ми е што погрешно ме сфати дека те критикувам и дека за мене е сјаен јавниот превоз.
    Не е! Но ме иритира тоа што тврдоглаво велиш дека си во право. Сите сме во право. Како што ти си бесна има уште 8574646353 патници што се бесни. Ако сметаш дека за тебе 10 минути е многу чекање, тогаш јас ќе речам дека чекав 2 часа и тоа на денот пред пробите за празникот 8-ми Септември. Па никому ништо. Е тоа што немаме подлабок џеб да се возиме со такси ќе се возиме со јавен превоз. И затоа за да нештата се сменат, предложи и биди упорна или пак пожали се, затоа тие постојат.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Дечки,што одма дигате паника? Прочитајте прво. Таа не ги напаѓа провинцијалците,вели дека се сто пати поцивилизирани од скопјаните.. Какви сме ние тоа од провинција,само не прочитаме некаде провинција,одма се фаќаме ко слепи за стап да се расправаме.

    Што се однесува до ЈСП,немам многу што да кажам. Не го користам често,до факултет и понекогаш 2 до Карпош или 50 до Центар и тоа е. Ги користам во периоди од денот кога нема гужва и такви ствари. Не сум ни презадоволна,нити незадоволна. Овие новиве двоспратни повеќе ми се свиѓаат за рационално искористување на просторот. Не во ширина и должина,туку во висина. И изгледаат подобро. Тоа е тоа. Друг коментар немам. Ретко се возам,како што кажав,така да излишно е да зборувам кога не сум соодветна личност за тоа. Има многу други што поминуваат низ све и свашта во градски превоз,и тоа многу полошо. :)
     
  13. Crucio

    Crucio Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    30
    Мислев дека преска во 41 кје се посерев :worried: јас или кје си чекам од новите автобуси или двокатен не идам со старовремскине...Преска шоферот абе 200 на саат идеше.Дури се јавив на Другарка да се опростам .Пу пу
     
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Очигледно сме оделе со ист автобус :D
    Дупли (народњачки: хармоника автобус) накај 2 саатот накај Драчево идеше? :) :D Не многу полн, да, и возеше 200 на сааат? :D
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.130
    Допаѓања:
    67.254
    Пол:
    Женски
    Патник истепа возач на автобус на ЈСП

    Патник истепал возач на автобус на ЈСП откако неговата жена паднала од автобусот кога тргнал од станицата.

    Вчера, околу 17 часот во Скопје на улица “11 Октомври“, поточно во автобус на ЈСП со број 5, Б.В. (30) од Скопје го нападнал возачот Г.С. удирајќи му тупаници во пределот на лицето.

    Од нападот, возачот се здобил со видливи повреди во вид на црвенило во пределот на носот и очите.

    Како што информира МВР, причина за физичкиот напад е тоа што при тргнување на автобусот сопругата на Б.В. паднала, за што Б.В. го обвинил возачот на автобусот.

    Во врска со тоа од страна на полицијата против Б.В. ќе биде поднесен сооодветен поднесок.

    Извор: http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp? ... tegorija=4

    Се изнервирал човекот. Па и не знам дали не е во право, само тупаниците не се решение. Колку пати така, ќе тргне, а не видел дали сите се симнале, па ќе падне некоја бабичка уште што се симнува. Еднаш така за малку ќе прегазеше еден една женичка :x Има страшно неодговорни возачи. А не пишува дали се превземале санкции против возачот.
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски

    Да да! :!: навистина не пазат, мене еднаш ранецот намерно ми го фати со вратата зашто сум влегла од задна врата, морало од предна да влезам |( :@ и ме држеше за ранец до следната станица, луѓево почнаа да му викаат он на Тошо се прави. А што има да се качувам од предна, сега цела редица ќе чекаме 3243232432 луѓе од кои повеќе од пола СРЕДНОШКОЛЦИ СО СЛОБОДНА и пола саат да се качуваме... |( таквите треба да се пријават, не заслужуваат возачка дозвола! :!:
    Еднаш пак на еден другар ногата му ја фати додека се симнуваше |(
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    да да има многу неодговорни шофери |( па колку пати се случило некој/а да закасни трча трча мафта со раката да го запре автобусот, абе 2 секунди работа е тоа, одма кај вратата е што се вика, си возат бе ко ништо да не е, господе боже, тоа ти е исто како да работиш во некоја фирма, ти дојде некој клиент, и да не му обрнеш внимание т.е да не го услужиш
    Mислам срамота е, на што личи тоа, треба малце и за ова мерки да се превземат
    Cум налетала на секаков вид на шофери, дури и такви што тепаат деца во автобус оти се прегласни :worried: :rofl: болна работа
    Kатастрофи да ви кажам право
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    40.642
    Пол:
    Женски
    Треба да постои култура најпрво !!!!! Патниците да ги поЧитуваат правилата а исто така и´шоферите .. :!: :?:
     
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбе точно е дека има секакви патници,за ова не велам не, ама ипак на шоферите тоа им е работа, треба да застане да ги собере сите патници, и кога ќе отвори да се симнат да почека сите до еден да се симнат, а не некој заборавил, некој паднал ко компир и такви некои работи :)
     
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.891
    Допаѓања:
    40.642
    Пол:
    Женски
    Да нормално на шоферите тоа им е работа превоз на патници нели ...
    И треба нормално да си ја извршуваат својата работа, ако денеска не му е денот не му се криви патниците ...
    Исто така и патниците кои го користат Јавниот превоз треба да се придрзуваат кон некои правила , да Чекаат на тоЧно одредено место ... не кај му текне дугни рака. итн